Ќе се лутам или ќе бидам здрав?
КОЈ никогаш не се лути? Секому тоа му се случува. Понекогаш, степенот до кој покажуваме лутина може да е оправдан. Но, рака на срце, не е ли вистина дека често пати нашата лутина (односно, интензитетот со кој се лутиме), не е оправдан?
Библијата ни вели: „Престани да се гневиш и остави ја јароста, не жести се толку многу — самиот да не правиш зло“ (Псалм 36:8). Колку е мудар овој совет? Може ли да влијае на твоето здравје долгорочно?
Под рубриката „Здравје“, The New York Times забележал:
„Луѓето кои често експлодираат од наплив на гнев или пак се лути и изнанервирани на секое забележено омаловажување, си прават нешто полошо отколку што се само непријатни за другите. Тие се убиваат себеси.
Истражувачите пронајдоа мноштво најнови податоци кои наведуваат дека хроничното лутење е толку штетно за телото што се сведува на исто ниво, или, уште полошо, поштетно е од пушењето, претилоста и висококалоричната прехрана како силен ризико фактор за предвремена смртност.
‚Нашите анкети покажуваат дека непријателски и недоверливо настроеното гневење е рамно на било кој здравствен ризик кој ни е познат‘ — вели д-р Редфорд Вилијамс, истражувач по бихевиорална медицина на Duke University Medical Center“.
Истражувањата покажуваат дека кај оние кои претерано реагираат на секојдневните проблеми се произведуваат повеќе стресни хормони. Со своите чести изливи на гнев можат да предизвикаат нерамнотежа помеѓу заштитните и штетните облици на холестерол, на тој начин изложувајќи се на ризик да оболат од некое кардиоваскуларно заболување.
Некои можат да приговорат: ‚Јас сум си таков‘ или ‚Таков сум роден‘. Но, тоа не значи дека не можеш да се промениш ако искрено се трудиш да го примениш Божјиот совет. Во својата Библија провери го неговиот совет за гневењето и бесот како што е запишан во Изреки 14:29, 30; 22:24, 25; Ефесјаните 4:26; Јаков 1:19, 20.
Применувајќи ја ваквата божествена мудрост, можеш да си го подобриш здравјето и продолжиш животот. Times забележал: „За луѓето кои се склони кон гневење, повеќето истражувачи рекле дека таквите би можеле да го намалат ризикот за прерана смрт ако ги променат своите нагли непријателски реакции“.