-
Остани блиску до ЈеховаСтражарска кула 1991 | 15 Декември
-
-
1. Која е Јеховината волја во врска со молитвата, и какво охрабрување дал апостол Павле за молењето?
ЈЕХОВА е ‚Богот кој му дава надеж‘ на сиот свој верен народ. Како „Слушач на молитви“, Тој ги слуша нивните молби за помош за да ја добијат радосната надеж која ја поставува пред нив (Римјаните 15:13, NW; Псалми 65:2, NW). А преку својата Реч, Библијата, тој ги поттикнува сите свои слуги да дојдат кај него кога сакаат. Тој е секогаш тука, спремен да ги прими нивните најскриени грижи. Всушност, тој ги подбудува да ‚истраат во молитва‘ и да се ‚молат постојано‘a (Римјаните 12:12, NW; 1. Солунјаните 5:17). Јеховина волја е сите христијани постојано да го повикуваат во молитва, изливајќи му ги своите срца, и тоа во името на неговиот сакан Син, Исус Христос (Јован 14:6, 13, 14, NW).
-
-
Остани блиску до ЈеховаСтражарска кула 1991 | 15 Декември
-
-
3 Ученикот Јаков напишал: „Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:8). Да, Бог не е ниту надуен ниту премногу далечен за да не ги слушне нашите изрази до него, и покрај нашата несовршена човечка состојба (Дела на св. апостоли 17:27). И повеќе од тоа, тој не е рамнодушен и незаинтересиран. Псалмистот вели: „Очите Јахвини гледаат на праведните, неговите уши ги слушаат нивните молења“ (Псалми 34:16, Ст; 1. Петрово 3:12).
4. Како би можела да се опише Јеховината внимателност кон молитвата?
4 Јехова нѐ повикува на молитва. Тоа би можеле да го споредиме со еден собир кадешто неколку луѓе заедно зборуваат. Ти си таму и слушаш како другите зборуваат. Ти си во улога на набљудувач. Но потоа некој се свртува кон тебе, го повикува твоето име и ти зборува на тебе. Тоа ти го обзема вниманието на посебен начин. На сличен начин, Бог е секогаш внимателен спрема својот народ, каде и да се наоѓа (2. Дневници 16:9; Изреките 15:3). Така тој ги слуша нашите зборови и, така да се каже, нѐ набљудува заштитнички и со интерес. Меѓутоа, кога го повикуваме Божјето име во молитва, неговото внимание е привлечено, и сега тој отворено е концентриран на нас. Со својата моќ, Јехова може дури да ја открие и сфати човечката неизговорена молба принесена од скриените длабочини на срцето и умот. Бог ни гарантира дека тој ќе се приближи до сите кои искрено го повикуваат неговото име и кои бараат да останат близу до него (Псалми 145:18, NW).
-