Се сеќаваш ли?
Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:
• Како може ‚способноста за размислување‘ да се покаже како заштита? (Пословици 1:4, NW).
Таа може да нѐ направи свесни за духовните опасности и да нѐ мотивира да испланираме исправен правец како, на пример, да избегнеме сексуални искушенија на работа. Ни помага да сфатиме дека сохристијаните се несовршени, и тоа може да нѐ поттикне да избегнуваме избрзано да реагираме кога некој ќе нѐ испровоцира. Исто така, може да ни помогне да избегнеме материјалистичките притисоци духовно да нѐ исфрлат од нашиот правец (15.8, страници 21—24).
• Како може да биде предност некој да се има како сосед?
Да се биде добар дарител и да се биде благодарен примател се два начина на кои може да се биде добар сосед. Навистина е вредно да се биде добар сосед кога ќе погодат неволји. Јеховините сведоци настојуваат да бидат добри соседи со тоа што ги предупредуваат другите за настанот што наскоро ќе се случи, Божјето дело кое ќе ѝ стави крај на злобата (1.9., страници 4—7).
• Според Библијата, кои се вистинските светци, и како ќе му помогнат на човештвото?
Сите рани христијани биле вистински светци, или свети, прогласени за такви од Бог, не од луѓе или од некои организации (Римјаните 1:7). Штом ќе бидат воскреснати за небесен живот, светите ќе учествуваат со Исус во благословувањето на верните на Земјата (Ефешаните 1:18—21; 15.9., страници 5—7).
• Од каква помош може да им биде на христијаните тоа што знаат нешто во врска со атлетските настани во древна Грција?
Записите на апостол Петар и на апостол Павле содржат илустрации кои се темелени или со кои се укажува на древните игри (1. Коринќаните 9:26; 1. Тимотеј 4:7; 2. Тимотеј 2:5; 1. Петрово 5:10). За еден древен атлетичар било важно да има добар тренер, да практикува самоконтрола и добро да ги насочува своите напори. Истото важи и во поглед на духовните напори на христијаните денес (1.10., страници 28—31).
• Кои се предизвиците и наградите од подигањето деца во странска земја?
Многу деца учат нов јазик побрзо од своите родители на кои може да им биде тешко да ги разберат размислувањето и реакциите на своите деца. Децата, пак, можеби нема лесно да ги сфатат библиските учења на јазикот на нивните родители. Сепак, семејните врски можат да се зајакнат кога родителите ги поучуваат децата за својот јазик, кои на тој начин можат да знаат два јазика и да се чувствуваат дел од две култури (15.10., страници 22—26).
• Зошто е важно да научиме да се извинуваме?
Искреното извинување честопати е патот за да се поправи некој нарушен однос. Библијата дава примери за моќта што може да ја има извинувањето (1. Самоил 25:2—35; Дела 23:1—5). Честопати, кога двајца се скарани, и двете страни, до некоја мера, се виновни. Затоа се потребни заемно попуштање и извинување (1.11., страници 4—7).
• Зошто коцкањето, дури и на мали суми, е лошо?
Коцкањето може да поттикне егоизам, натпреварувачки дух и алчност, коишто Библијата ги осудува (1. Коринќаните 6:9, 10). Многумина што се зависни од коцкањето почнале на рана возраст ставајќи ситни облози (1.11., 31. страница).
• Бидејќи многу книги од Библијата биле напишани на грчки јазик, зошто имало потреба таа да се преведе на грчки, и со каков резултат?
Современиот грчки јазик доста се разликува од грчкиот во преводот Септуагинта на Хебрејските списи и од оној во Христијанските грчки списи. Во последните векови имало бројни обиди некој дел или целата Библијата да се преведе на говорен грчки јазик. Денес има околу 30 целосни или делумни преводи на Библијата што можат да ги читаат обичните Грци, од кои еден истакнат превод е Превод Нов свет на Светото писмо, издаден во 1997 (15.11., страници 26—29).
• Зошто од христијаните не се бара давање десеток?
Под Законот што му бил даден на древниот Израел, давањето десеток било начин за да се поддржуваат Левиевото племе и оние што биле во оскудица (Левит 27:30; Второзаконие 14:28, 29). Жртвената смрт на Исус го укинала Законот и барањето за давање десеток што стоело во него (Ефешаните 2:13—15). Во раното собрание, образецот бил секој христијанин да дава според своите средства и како што ќе решел во срцето (2. Коринќаните 9:5, 7; 1.12., страници 4—6).
• Дали Откровение 20:8 значи дека во последниот испит Сатана ќе заведе огромен број луѓе?
Стихот вели дека оние што ќе бидат заведени ќе бидат „како песокот морски“. Тој израз во Библијата честопати означува непознат број, без да укажува дека е огромен. Се покажало дека, покрај Исус Христос, семето на Авраам, кое требало да биде ‚како песок на морскиот брег‘, се состои од 144.000 лица (Битие 22:17; Откровение 14:1—4; 1.12., 29. страница).