ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 15/6 стр. 30-31
  • Барај „мудро водство“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Барај „мудро водство“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КАДЕ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ „МУДРИ УПАТСТВА“?
  • ПРЕДВИДУВАЈ И ПЛАНИРАЈ
  • Млади — вешто насочувајте ги своите чекори
    Нашата служба за Царството 1993
  • „Вистинската мудрост гласно вика“
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Млади — нека ве води Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Стекни мудрост и прифати стега
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 15/6 стр. 30-31

Барај „мудро водство“

Животот е како пловидба. За жал, се покажало дека луѓето не можат успешно да бродат потпирајќи се само на својата мудрост. Мнозина претрпеле бродолом кога биле погодени од животните бури (Пс. 107:23, 27). Зошто оваа споредба е соодветна?

Во древни времиња, не било лесно да се плови по море. Искуството било од пресудна важност. Морнарите обично ги учеле своите вештини од долгогодишни морепловци, како што биле искусните кормилари (Дела 27:9-11). Многу уметници од старо време ја истакнувале важната улога на кормиларот со тоа што на сликите го цртале поголем од другите. За да се осмелат да запловат на отворено море, морнарите требало да знаат многу за ѕвездите, ветровите и за други работи по кои можеле да се ориентираат. Во Библијата, за некои морепловци се вели дека биле „вешти“, што на изворниот јазик може да значи и „мудри“ (Езек. 27:8).

Денес може да биде исто толку тешко да се пребродат неволјите во животот како што било тешко да се плови во старо време. Што може да ни помогне во тоа?

КАДЕ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ „МУДРИ УПАТСТВА“?

Имајќи на ум дека животот може да се спореди со пловидба, да размислиме за следнава библиска вистина: „Мудриот ќе слуша и повеќе ќе научи, и разумниот ќе прифати мудри упатства“ (Изр. 1:5, 6). Хебрејскиот израз кој е преведен со „мудри упатства“ може да се однесува на водството што го давал капетанот на еден древен брод и укажува на способноста мудро и вешто да се управува.

Иако треба да вложиме многу труд, можеме да најдеме „мудри упатства“ кои ќе ни помогнат успешно да „пловиме“ низ животот. Книгата Изреки покажува дека треба да дозволиме да нѐ водат ‚знаењето‘, ‚мудроста‘ и ‚разборитоста‘ (Изр. 1:2-6; 2:1-9). Освен тоа, мора да бараме водство од Бог, бидејќи понекогаш и злобните можат да ни дадат совет кој ни се чини добар, но на крајот ќе нѐ води до бродолом (Изр. 12:5).

Затоа, неопходно е темелно да ја проучуваме Божјата Реч. Така ќе стекнеме скапоцено знаење за Јехова, како и за Исус Христос, кој најдобро ги одразува Божјите особини (Јован 14:9). И на христијанските состаноци добиваме многу мудри совети. Можеме да учиме и од искуството на другите, вклучувајќи ги и нашите родители (Изр. 23:22).

ПРЕДВИДУВАЈ И ПЛАНИРАЈ

‚Мудрите упатства‘ се особено важни кога, во симболична смисла, ќе се најдеме на разбранувано море. Ако не сме сигурни како да постапиме во некоја тешка ситуација, тоа би можело да нѐ парализира, а последиците би можеле да бидат катастрофални (Јак. 1:5, 6).

Интересно е што изразот преведен со „мудри упатства“ или „мудро водство“ се користи и во поврзаност со војување. Библијата вели: „Со мудро водство се води војна и спасот е во мноштвото советници“ (Изр. 20:18; 24:6).

Исто како што еден војсководач ја организира битката, така и ние треба да предвидиме кои работи би можеле да го доведат во опасност нашиот однос со Јехова (Изр. 22:3). На пример, можеби треба да одлучиш дали да прифатиш некоја нова работа или унапредување на работното место. Се разбира, ќе земеш предвид колкава ќе ти биде платата, колку време ќе ти одземе патот до работното место и назад, и слично. Но, треба да мислиш на уште нешто: Дали она што ќе го работам се коси со библиските начела? Како работното време или, пак, смените ќе влијаат врз моите христијански обврски? (Лука 14:28-30).

Лорета, која е Јеховин сведок, имала добра работа во една фирма. Кога фирмата требало да биде префрлена на друга локација, на Лорета ѝ понудиле унапредување. Директорите ѝ рекле: „Не смееш да ја пропуштиш оваа шанса! Веќе дознавме дека во близина на новото место има и Сала на Царството“. Но, Лорета сакала да си го поедностави животот за да му служи на Творецот во поголема мера. Таа сфатила дека ќе има уште помалку време за христијанските активности ако го прифати новото работно место. Затоа дала отказ, и покрај тоа што директорот во доверба ѝ кажал дека од сите вработени најмногу сакаат да ја задржат неа. Лорета служи како општ пионер веќе 20 години. Уверена е дека имала многу благослови во животот токму поради тоа што ги следела ‚мудрите упатства‘, односно советите од Божјата Реч. Уште повеќе го зајакнала својот однос со Бог и имала чест да им помогне на неколку лица да ја прифатат библиската вистина.

‚Мудрото водство‘ е неопходно и во семејството. На пример, подигањето деца е долгогодишен проект, и одлуките што ги носат родителите во врска со духовните и материјалните работи можат да влијаат врз иднината на целото семејство (Изр. 22:6). Затоа, добро е христијанските родители да се прашаат: ‚Дали со нашите разговори и со нашиот пример ги поучуваме децата да станат блиски со Бог за да постапуваат мудро и кога ќе пораснат? Дали со нашиот начин на живот им помагаме да научат дека треба да бидат задоволни со основните работи и да се концентрираат на христијанската служба?‘ (1. Тим. 6:6-10, 18, 19).

На повеќето луѓе во светот им е најважно да бидат богати и да имаат углед во општеството. Но, тоа не е мерило за вистински успех. Цар Соломон го сфатил ова. Под водство на светиот дух, тој напишал: „Ќе им биде добро на оние што се бојат од вистинскиот Бог, затоа што се бојат од него“ (Проп. 8:12). Ова покажува дека навистина е важно да се бара „мудро водство“ кое се темели на Божјата Реч (2. Тим. 3:16, 17).

[Слика на страница 30]

Многу уметници ја истакнувале важната улога на кормиларот со тоа што го цртале поголем од другите

[Извор на слика]

Su concessione del Ministero per i Beni e le Attività Culturali. Забрането е да се прават какви и да било репродукции или копии на оваа слика

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели