ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Тешете го, Мојот народ“
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
    • 14. а) Како Исаија го илустрира нежниот начин на кој Јехова ќе го води својот народ? б) Кој пример илустрира како пастирите нежно се грижат за своите овци? (Види ја рамката на 405. страница.)

      14 Меѓутоа, овој силен Бог има една нежна страна. Исаија дава срдечен опис на тоа како Јехова ќе го одведе својот народ назад во неговата татковина. Јехова е како љубезен пастир кој ги собира своите јагниња и ги носи во својата „прегратка“. Зборот „прегратка“ овде изгледа се однесува на горните набори од наметката. Во нив пастирите понекогаш ги носат новородените јагниња кои не можат да држат чекор со стадото (2. Самоил 12:3). Оваа трогателна сцена од пастирскиот живот без сомнение го уверува Јеховиниот изгнан народ дека тој љубезно се грижи за нив. Сигурно на таков силен, а сепак нежен Бог може да му се верува дека ќе го исполни она што им го ветил!

  • „Тешете го, Мојот народ“
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
    • 16. На кој начин Јехова го води својот народ денес, и каков образец поставува ова?

      16 Зборовите од Исаија 40:10, 11 имаат натамошна практична вредност за нас денес. Утешно е да се забележи нежниот начин на кој Јехова го води својот народ. Исто како што еден пастир ги разбира потребите на поединечните овци — вклучувајќи ги малите јагниња кои не можат да одат во чекор со другите — така Јехова ги разбира ограничувањата на секој од своите верни слуги. Освен тоа, Јехова, како нежен Пастир, поставува образец за христијанските пастири. Старешините мораат со нежност да постапуваат со стадото, имитирајќи ја љубезната грижа што ја покажува Јехова лично. Тие мораат да бидат сосема свесни за тоа што чувствува Јехова за секој член на стадото, „кое Бог го купи со крвта на својот сопствен Син“ (Дела 20:28).

  • „Тешете го, Мојот народ“
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
    • Јехова, љубезен пастир

      Исаија го споредува Јехова со љубезен пастир кој во прегратка ги носи своите јагниња (Исаија 40:10, 11). Оваа срдечна илустрација Исаија очигледно ја заснова на пастирските обичаи од реалниот живот. Еден современ набљудувач кој ги посматрал пастирите на падините на планината Хермон, на Средниот Исток, известува: „Секој пастир внимателно го набљудуваше своето стадо за да види како се движи. Кога ќе најдеше новородено јагне, го ставаше во наборите на својата . . . голема наметка, бидејќи тоа беше премногу слабо за да ја следи мајката. Кога прегратката му беше полна, ги ставаше јагнињата на рамења, држејќи ги за нозе, или во торба или во кошара на грбот на некое магаре, сѐ додека малите не беа способни да ги следат мајките“. Зар не е утешно да се знае дека служиме на еден Бог кој има таков нежен интерес за својот народ?

      [Рамка/слика на страница 412]

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели