ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • la дел 4 стр. 15-17
  • Авторот на оваа уникатна книга

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Авторот на оваа уникатна книга
  • Задоволувачки живот — како да се постигне
  • Сличен материјал
  • Нашиот универзум кој влева стравопочитување
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Творецот може да го осмисли твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Како настанал нашиот универзум? — Контроверзија
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
  • Кој може да ни каже?
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
Повеќе
Задоволувачки живот — како да се постигне
la дел 4 стр. 15-17

ДЕЛ 4

Авторот на оваа уникатна книга

ИАКО околу 96 проценти од Американците тврдат дека веруваат во Бог, овој процент е многу понизок кај Европејците и Азијците. Меѓутоа, дури и во земјите каде што повеќето луѓе изјавуваат дека не веруваат во Бог кој е личност, многумина ја прифаќаат идејата дека некоја непозната сила предизвикала да настане материјалниот универзум. Прочуениот јапонски педагог Јукичи Фукузава, чиј портрет е прикажан на банкнотата од 10.000 јени, во една прилика напишал: „Се вели дека небото не создава еден човек да е над или под друг човек“. Користејќи го зборот „небо“, Фукузава мислел на еден принцип на природата кој тој сметал дека ги создава луѓето. Многумина ја прифаќаат идејата за такво апстрактно „небо“, како што е случај и со нобеловецот Кеничи Фукуи. Тој се изјаснил дека верува во една голема структура во универзумот — еквивалент на „Бог“ во религиозната терминологија — но ја нарекол „својственост на природата“.

Јукичи Фукузава; Кеничи Фукуи

Лево: Јукичи Фукузава; Десно: Кеничи Фукуи

2 Овие интелектуалци верувале дека нешто вечно или некој вечен ставил во движење сѐ што постои во универзумот. Зошто? Па, размисли за следново: Сонцето е толку голема ѕвезда што во неа можат да се сместат милион Земји, но тоа е само една мала точка во галаксијата Млечен пат. Млечниот пат, пак, е само една од милијардите галаксии во универзумот. По сѐ изгледа, научните набљудувања покажуваат дека тие галаксии се оддалечуваат една од друга со огромна брзина. Сигурно била потребна огромна динамична енергија за универзумот да се стави во движење. Кој или што било извор на таа енергија? „Подигнете ги високо своите очи и гледајте. Кој ги создал тие работи?“ — прашува Библијата. „Тој е Оној кој дури и нивната војска ја изведува на број, кој ги повикува дури и по име. Поради изобилството на динамична енергија, зашто е силен и во моќта, не недостига ниту едно од нив“ (Исаија 40:25, 26, NW). Овој стих покажува дека имало некој кој го ставил во движење универзумот — Изворот на таа „динамична енергија“.

Галаксијата Сомбреро

Галаксијата Сомбреро

3 Размисли и за животот на Земјата. Можно ли е животот да настанал сам од себе, како што тврдат еволуционистите? Биохемичарот Мајкл Бехе наведува: „Науката постигнала огромен напредок во разбирањето на тоа како функционира хемијата на животот, но префинетоста и сложеноста на биолошките системи на молекуларно ниво го парализираа обидот на науката да го објасни нивното потекло . . . Многу научници смело тврдеа дека веќе имаат објаснувања, или дека ќе ги имаат порано или подоцна, но во стручната научна литература не може да се најде поткрепа за таквите тврдења. Што е уште поважно, постојат убедливи причини — засновани на структурата на самите [биомолекуларни] системи — да се смета дека Дарвиновото објаснување за механизмите на животот засекогаш ќе остане несфатливо“.

Делови од протеин

„Здиплувањето на еден типичен протеин . . . може да се спореди со една тродимензионална слагалка“, вели Мајкл Бехе. Сепак, човечкото тело може да содржи стотици илјади такви слагалки. Научниците се обидуваат да ги решат овие слагалки, но кој ги составил?

4 Дали навистина си задоволен со теоријата дека зад настанувањето на човечкиот живот не стои никаква интелигентна сила? Да го земеме за пример она што некои го сметаат за „најсложениот објект во универзумот“, човечкиот мозок, и да видиме до какви заклучоци можеме да дојдеме. „Перформансата дури и на најнапредните од невралномрежните компјутери“, вели д-р Ричард М. Рестак, „има отприлика еден десетилјадити дел од... капацитет[от] на една домашна мува“. Мозокот на еден човек е на далеку повисок степен од мозокот на една домашна мува. Тој е програмиран да учи јазици. Самиот се поправа, пишува нови програми и го подобрува својот капацитет. Без сомневање ќе се согласиш дека дури и еден моќен суперкомпјутер, кој има само „еден десетилјадити дел од... капацитет[от] на една домашна мува“, има интелигентен конструктор. А што е со човечкиот мозок?a

5 Пред околу 3.000 години, во време кога луѓето не ги разбирале во потполност чудата на сопствениот физички состав, еден библиски писател длабоко размислувал за градбата на човечкото тело и рекол: „Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае“. Без да знае нешто за ДНК молекулите, тој напишал: „Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сѐ беше запишано во Твојата книга“ (Псалм 139:14, 16). За кого зборувал тој? Кој создал сѐ што е во универзумот преку „изобилството на динамична енергија“?

Невралномрежен компјутер и мува

Кој има поголем капацитет, најнапредниот невралномрежен компјутер или една обична домашна мува?

6 Првиот стих од Библијата гласи: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (Битие 1:1). Тој е и Авторот на Библијата, Оној кој ја инспирирал нејзината содржина. Тој се открива себеси како личност со која можеме да имаме смисловен личен однос.

a Ќе уживаш кога ќе прочиташ натамошни детали во поглавјата 2 до 4 од книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

ШТО МИСЛИШ?

  1. 1, 2. Какво е твоето гледиште за потеклото на универзумот?

  2. 3. Според тебе, какви се шансите животот да еволуирал сам од себе?

  3. 4. Што ти кажува капацитетот на човечкиот мозок во врска со потеклото на мозокот?

  4. 5, 6. До каков заклучок доаѓаш во врска со Изворот на животот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели