ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 4 стр. 34-46
  • Кој е Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е Бог?
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БОГ НАВИСТИНА ПОСТОИ
  • ДАЛИ БОГ Е ВИСТИНСКА ЛИЧНОСТ?
  • КАКВА ЛИЧНОСТ Е БОГ?
  • ДАЛИ ИСУС Е БОГ ИЛИ БОГ Е ТРОЈСТВО?
  • БОЖЈЕТО ИМЕ
  • БОЖЈАТА НАМЕРА
  • КАКО ДА СЕ ОБОЖАВА ЈЕХОВА
  • Кој е Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Кој е вистинскиот Бог?
    Спознание кое води до вечен живот
  • Кое е Божјето име?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 4 стр. 34-46

4. поглавје

Кој е Бог?

1. (а) Какви богови обожаваат луѓето? б) Каква разлика прави Библијата помеѓу ”богови“ и ”БОГ“?

ШИРУМ светот се обожаваат многу богови. Во шинтоизмот, будизмот, во хиндуизмот и во племенските религии постојат милиони божества. Во времето на Исусовите апостоли луѓето ги обожавале боговите Зевс и Хермес (Дела на апостолите 14:11, 12). Затоа Библијата се согласува со фактот дека ”има многу ’богови‘“. Но, таа исто така вели дека ’за нас всушност има еден Бог, Таткото, од кого е сѐ‘ (1. Коринтјаните 8:5, 6, NW). Што ќе одговориш ако некој те праша: ”Кој е тој Бог?“

2. Какви различни гледишта за Бог имаат луѓето?

2 Многумина одговараат: ”Господ“. Или велат: ”Тој е дух на небото.“ Еден речник го нарекува Бог ”највисоко битие“. На прашањето: ”Како се вика Бог?“, некои одговараат: ”Исус“. Други не го замислуваат Бог како личност, туку како моќна сила којашто е присутна насекаде. А некои дури се сомневаат во постоењето на Бог. Можеме ли да бидеме сигурни дека тој постои?

БОГ НАВИСТИНА ПОСТОИ

3. Како настанува една куќа?

3 Дали некогаш кога си здогледал некоја прекрасна градба, си се прашал кој ја изградил? Дали би поверувал ако некој ти каже дека таа градба нема градител и дека настанала сама од себе? Се разбира не! Како што рекол еден библиски писател: ”Секоја куќа некој ја изградил“. Секој го знае тоа. Тогаш, зарем не можеме да го прифатиме логичниот заклучок на тој запишувач на Библијата: ”Оној кој изградил сѐ, е Бог“ (Евреите 3:4, NW).

4. Како настанале милијардите ѕвезди?

4 Помисли само на вселената со милијардите ѕвезди. Сепак, сите се движат според законите кои ги оддржуваат заедно во совршен однос. ”Кој го создал тоа?“, прашал некој пред многу време. Смисловниот одговор гласи: ”Тоа е Оној кој ја изведува нивната војска на број и ги вика сите дури по име“ (Исаија 40:26, NW). Секако би било лудо да се верува дека милијардите ѕвезди настанале сами од себе и дека без надворешно дејствување формирале големи ѕвездени системи коишто се движат во вселената во таков прекрасен ред (Псалми 14:1, NW).

5. (а) Колкава е веројатноста сами од себе да се состават поединечните делови од машината за мелење месо? (б) Што тој пример говори за нашата вселена?

5 Таа високо организирана вселена не можела да настане сама од себеси. За тоа е потребен интелигентен Творец со голема моќ (Псалми 19:1, 2). На прашањето зошто верува во Бог, еден деловен човек објаснил дека на една работничка во неговата фабрика ѝ требаат два дена да научи како да состави 17 делови од машина за мелење месо. ”Јас сум само обичен фабрикант за производство на ножеви“, рекол тој, ”но едно знам: тие 17 делови од машината за мелење месо можеш да ги мешаш во една каца 17 милијарди години и никогаш нема да настане машина за мелење месо.“ Вселената и разновидните животни форми на Земјата се многу покомплицирани отколку една машина за мелење месо. Ако таквата машина бара вешт производител, можеме да бидеме сигурни дека за создавање на сите овие работи бил потребен семоќен Бог. Зарем тогаш не треба да му оддадеме чест за сето она што го направил? (Откровение 4:11; Дела на апостолите 14:15–17; 17:24–26).

ДАЛИ БОГ Е ВИСТИНСКА ЛИЧНОСТ?

6. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Бог е вистинска личност?

6 Повеќето луѓе велат дека веруваат во Бог, но многумина не го замислуваат како вистинска личност. Но, дали е така? Јасно е дека таму кадешто постои интелигенција, постои и разум, а каде има разум, постои и мозок во тело со одредена форма. Според тоа, и големата интелигенција која е одговорна за сите дела на создавањето, ѝ припаѓа на голема Личност, на Семоќниот Бог. Додуша, тој нема материјално тело, туку духовно. Зарем духовна личност има тело? Библијата вели: ”Ако постои физичко тело, тогаш постои и духовно тело“ (1. Коринтјаните 15:44, NW; Јован 4:24).

7. (а) Како знаеме дека Бог има место кадешто живее? (б) Што покажува дека тој има тело?

7 Бидејќи Бог е личност со духовно тело, мора некаде да живее. Од Библијата дознаваме дека небесата се Божје ”утврдено место на живеење“ (1. Царевите 8:43, NW). Исто така пишува дека Христос ”влегол во самото небо за да се појави за нас пред Божјата личност“ (Евреите 9:24, NW). Некои луѓе ќе бидат наградени со живот на небото кај Бог, така што ќе добијат духовни тела. Како што вели Библијата, тогаш ќе го видат Бог и ќе му бидат слични (1. Јованово 3:2). Исто така, ова покажува дека Бог е личност и дека има тело.

8, 9. а) Како можеме со примерот на електричната централа да ја објасниме далекусежноста на Божјата моќ? (б) Што е Божјиот свет дух и што може тој да направи?

8 Но, некој може да праша: ”Ако Бог е вистинска личност која живее на одредено место на небото, како може тогаш да види сѐ што се случува насекаде?“. И како може неговата моќ да се почувствува во целата вселена? (2. Дневници 16:9). Фактот дека Бог е личност не ја ограничува неговата моќ и величина. Ниту пак треба со тоа да се намали нашето почитување спрема Него (1. Дневници 29:11–13). За да подобро го разбереме ова, да го разгледаме далекусежното дејство на една електрична централа.

9 Електричната централа се наоѓа на одредено место во градот или во неговата близина. Но, го снабдува со електрична енергија целото подрачје. Слично е и со Бог. Тој живее на небото (Исаија 57:15; Псалми 123:1). Сепак, неговиот свет дух, неговата невидлива делотворна сила, може да се почувствува насекаде, во целата вселена. Преку светиот дух Бог ги создал небото, Земјата и сите живи суштества (Псалми 33:6; 1. Мојсеева 1:2; Псалми 104:30). При тоа не било потребно лично да биде присутен во тело. Кога Бог сака некаде да направи нешто, може да го испрати својот дух, својата делотворна сила, каде и да било, иако самиот е многу оддалечен. Колку прекрасен Бог! (Еремија 10:12; Даниел 4:35).

КАКВА ЛИЧНОСТ Е БОГ?

10. Кој е еден од начините на кои можеме да го запознаеме Бог?

10 Дали Бог е личност која повеќе би ја љубеле, ако подобро би ја познавале? ”Можеби“, ќе речеш, ”но како можеме да го запознаеме Бог, кога не го гледаме?“ (Јован 1:18). Библијата укажува на една можност со следните зборови: ”Неговите невидливи особини јасно се гледаат од создавањето на светот па наваму, бидејќи се забележуваат по она што е создадено, и неговата вечна моќ и божественост“ (Римјаните 1:20, NW). Значи, ако го испитаме и размислуваме за Божјето творештво, може да ни помогне да разбереме каква личност е тој.

11. Што можеме да научиме за Бог од неговите дела на создавање?

11 Како што видовме, погледот во ѕвезденото небо сигурно ни открива нешто за Божјата величина и огромната моќ (Псалми 8:3, 4; Исаија 40:26). Размисли за Земјата. Бог ја поставил на такво место на небото што го добива точното количество на топлина и светлина од Сонцето. Размисли и за кружниот тек на водата. Дождот паѓа и ја напојува Земјата, водата истекува во реките, а тие пак се влеваат во морињата. Сонцето ја зема водата од морето како водена пареа, која повторно како дожд ја напојува Земјата (Проповедник 1:7). Бог ставил во движење толку многу прекрасни кружни текови за да човекот и животните ги снабди со храна, засолниште и со се́ што е потребно за живот! И како сето тоа ни ја открива Божјата личност? Тоа сведочи за неговата голема мудрост, дарежливост и за неговата грижа за своите суштества (Изреките 3:19, 20; Псалми 104:13–15, 24, 25).

12. Што те учи твоето тело за Бог?

12 Размисли за своето тело. Очигледно тоа ти овозможува повеќе отколку да живееш. Тоа е толку прекрасно создадено што навистина можеш да уживаш во животот (Псалми 139:14). Со очите не гледаме само црно–бело, туку во боја, а светот е полн со бои на кои им се радуваме. Исто така имаме сетило за мирис и вкус. Затоа, јадењето не е само неопходна функција; туку можеме и да уживаме. Таквите сетила не се апсолутно неопходни за живот, туку се дарови од еден љубезен, великодушен и обѕирен Бог (1. Мојсеева 2:9; 1. Јованово 4:8).

13. Што сознаваш за Бог кога набљудуваш како постапува со луѓето?

13 И Божјиот начин на постапување со луѓето ни открива каков е тој. Тој има силно чувство за правда, затоа не им дава предност на одредени раси или народи (Дела на апостолите 10:34, 35). Милосрден е и доброљубив. За неговиот начин на постапување со Израелците, кои ги ослободил од египетското ропство, во Библијата читаме: ”Тој беше милосрден (...) се сеќаваше дека се тело.“ Но, Израелците често биле непослушни и тоа го жалостело Бог. Библијата вели: ”Секогаш наново го повредуваа (...), и му нанесуваа болка на Светецот Израелов“ (Псалми 78:38–41; 103:8, 13, 14). Но, кога неговите слуги ги слушаат неговите закони, тој се радува (Изреките 27:11). Што чувствува Бог, кога неговите непријатели ги прогонуваат неговите слуги, самиот опишува со следните зборови: ”Кој вас ве гиба, ја гиба зеницата на моето око“ (Захарија 2:8, NW). Зарем не сме поттикнати да го љубиме Бог кој негува таква склоност кон малите, беззначајни луѓе од сите раси и народи? (Исаија 40:22; Јован 3:16).

ДАЛИ ИСУС Е БОГ ИЛИ БОГ Е ТРОЈСТВО?

14. Што тврди науката за тројството?

14 Кој е тој прекрасен Бог? Некои велат дека неговото име е Исус, други велат дека е Тројство, иако тој зборот ”тројство“ не се појавува никаде во Библијата. Според науката за Тројството, во  е д е н  Бог се наоѓаат три личности, имено: ”Отецот, Синот и светиот дух.“ Така учат многу религиозни организации, иако самите признаваат дека тоа е ”тајна“. Дали се исправни таквите гледишта за Бог?

15. Како Библијата покажува дека Бог и Исус се две различни личности, а не еднакви?

15 Дали Исус некогаш рекол дека е Бог? Не, напротив, Библијата го нарекува ”син Божји“. Тој рекол: ”Таткото е поголем од мене“ (Јован 10:34–36, ДК; 14:28). Исус објаснил дека постојат работи коишто не ги знае ни тој, ни ангелите, туку само Бог (Марко 13:32). Освен тоа, Исус еднаш го молел Бог: ”Не моја волја, туку твоја нека биде“ (Лука 22:42, ДК). Кога Исус би бил семоќен Бог, сигурно не би се молел на самиот себе. Всушност, по смртта на Исус, апостол Петар рекол: ”Овој Исус го воскресна Бог“ (Дела 2:32, ДК). Јасно е дека семоќниот Бог и Исус се две различни личности. Дури ни после смртта и вознесувањето на небото Исус не станал еднаков на својот Татко (1. Коринтјаните 11:3; 15:28).

16. Како знаеме дека Исус не е семоќен Бог иако е означен со ”бог“?

16 Некој би можел да праша: ”Но, зарем Библијата не го нарекува Исус ’Бог‘?“ Тоа е точно. Но, и Сатана е наречен бог (2. Коринтјаните 4:4). Во Јован 1:1, кадешто Исус е наречен ”Реч“, во некои преводи на Библијата пишува: ”Во почетокот беше Речта, и Речта беше кај Бог и Речта беше Бог.“ Но, забележи дека 2. стих вели дека Речта ”во почетокот беше кај Бог“. И додека луѓето го виделе Исус, во 18. стих читаме: ”Бог никој никогаш не го видел“ (Ст). Ќе откриеме дека некои преводи ја посредуваат точната мисла на изворниот јазик кога 1. стих го преведуваат вака: ”Речта беше со Бог и Речта беше божествена“, или била ”еден бог“, а тоа значи дека Речта била уверливо слична на Бог (An American Translation). Очигледно дека Исус не е семоќен Бог. Всушност, Исус говорел за својот Татко како ’мој Бог‘ и ”единствен вистинит Бог“ (Јован 20:17; 17:3, ДК).

17. Како излевањето на светиот дух на Исусовите следбеници покажува дека светиот дух не е личност?

17 Што се однесува до ”светиот дух“, таканаречената трета личност од тројството, веќе видовме дека тоа не е личност, туку Божја делотворна сила. Јован Крстител рекол дека Исус ќе крштева со свет дух, како што тој самиот крштевал со вода. Како што водата не е личност, така ниту светиот дух не е личност (Матеј 3:11). Она што Јован го прорекол се исполнило кога после Исусовата смрт и воскресение бил излеан светиот дух на неговите следбеници кои се собрале во Ерусалим. Во Библијата читаме: ”И се наполнија сите со светиот Дух“ (Дела на апостолите 2:4, ДК). Дали биле ’наполнети‘ со некоја личност? Не, биле наполнети со Божјата активна сила. Фактите јасно покажуваат дека тројството не е библиска наука. И навистина, многу одамна пред Исусовиот живот на Земјата, во Египет и Вавилон се обожавале групи од три божества, или тријади.

БОЖЈЕТО ИМЕ

18. (а) Дали изразот ”Бог“ е личното име на Семоќниот? (б) Како гласи Божјето лично име?

18 Несомнено, секој што го познаваш има свое име. Бог исто така има лично име, кое го разликува од сите други. ”Зар неговото име не е ’Бог‘?“ би можеле некои да прашаат. Не, ”Бог“ е само титула, како ”претседател“, ”крал“ и ”судија“. Божјето име го запознаваме преку Библијата, кадешто се појавува околу 7000 пати. На пример, во Псалми 83:18 (NW) читаме: ”Нека спознаат дека ти, чие име е ЈЕХОВА, си единствен и Највисок над целата Земја“. Божјето име го наоѓаме во скоро сите преводи на Библијата во Откровение 19:1–6, како составен дел на изразот ”Алелуја“ или ”Халелујах“. Тоа значи ”славете го Јах“, скратена форма од Јехова.

19. (а) Зошто многумина се изненадени кога ќе го најдат Божјето име во некој превод на Библијата? (б) По што можеме во Лутеровата Библија и во преводот Кинг Џејмс да препознаеме каде Божјето име стои во хебрејскиот јазик?

19 Многумина се изненадени кога во некои преводи на Библијата ќе го најдат Божјето име. Имено, во повеќето популарни преводи на Библијата тоа име се јавува многу ретко, или воопшто го нема. На пример, The King James Version го користи името ”Јехова“ само во 2. Мојсеева 6:3; Псалми 83:18 и Исаија 12:2 и 26:4. Така и нашиот превод од д-р Лујо Бакотиќ дава напомена под цртата кај стихот 1. Мојсеева 2:5. Сепак, кога во тие Библии Божјето име се преведува со титулата ”Господ“ или ”Бог“, секогаш се пишува со големи букви ”ГОСПОД“, за да се разликува од вообичаените зборови ”Господ“ и ”Бог“. Тоа можеш да го забележиш во Псалми 110:1 (The King James Version).

20. (а) Зошто Божјето име често не се употребувало? (б) Дали треба да се употребува?

20 А зошто Божјето име не се наоѓа на секое место кадешто го има во оригиналниот текст? Зошто во многу преводи на Библијата е заменето со титулите ГОСПОД или БОГ? Во предговорот на англискиот превод American Standard Version е објаснето зошто го користи Божјето име Јехова и зошто тоа долго време не било употребувано: ”После грижливо испитување американските ревизори дојдоа до едногласен заклучок дека еврејското суеверие, по кое Божјето име се сметало за премногу свето за да се изговара, не треба повеќе да важи за англискиот или другите преводи (...) Тоа лично име, кое е поврзано со многу свети работи, сега повторно е вратено на местото во светиот текст кое неоспорно му припаѓа.“ Да, преведувачите на оваа Библија сметале дека не постојат оправдани причини за испуштање на Божјето име. Затоа повторно го воведуваат во Библијата, секаде кадешто треба да стои.

21. Што стои во предговорот на ревидираниот германски превод Елберфелд?

21 Некои тврдат дека не треба да се користи зборот ”Јехова“, зашто тоа навистина не е Божјето име. На пример, во Ревидираниот Елберфелдер превод од 1975 (Revidierte Elberfelder Übersetzung) пишува: ”Израелците никогаш не говореле ’Јехова‘ туку првобитното ’Јахве‘. Подоцна не се осмелувале повеќе да го изговораат Божјето свето име. (...) Од тоа доследно произлегува дека ”Јехова“ не е име и затоа не треба така да го пишуваме, ниту изговараме на наш јазик.“

22. (а) Како на хебрејски е претставено Божјето име? (б) Зошто не знаеме точно како првобитно се изговарало Божјето име?

22 Како што се признава во овој превод, Израелците првобитно го употребувале Божјето име. Тоа се јавува и во хебрејскиот текст на Библијата. (Првите 39 книги од Библијата напишани се на хебрејски.) Името било претставено со четирите хебрејски букви ЈХВХ. Во старо време хебрејскиот јазик се пишувал без самогласки, значи без букви како што се а, е, и, о, у, кои ни помагаат правилно да ги изговараме зборовите. Значи, проблемот е во тоа што ние не знаеме точно кои самогласки ги употребувале Евреите во врска со согласките ЈХВХ.

23. Како скратеницата ”ТЛФН“, за телефон, ни помага да го разбереме проблемот околу изговарањето на Божјето име?

23 Да се обидеме да го сфатиме тој проблем со помош на зборот ”телефон“. Да претпоставиме дека тој збор отсекогаш се пишувал со ”тлфн“, но со текот на времето престанал да се изговара. Како би го изговарал некој ”тлфн“ по 1000 години, ако би го видел напишан? Бидејќи никогаш не слушнал како се изговара тој збор, ниту ги познавал самогласките кои недостасуваат, не би можел точно да знае. Слично е и со Божјето име. Точниот изговор е непознат, иако некои научници сметаат дека формата ”Јахве“ е исправна. Меѓутоа, формата ”Јехова“ веќе со векови е во употреба и е најпозната.

24. (а) Зошто е на место да го употребуваме Божјето име ако сакаме да бидеме доследни? (б) Зошто е важно да се употребува Божјето име, според Дела на апостолите 15:14?

24 Но, дали треба да го употребуваме Божјето име иако не го изговараме онака како што првобитно се изговарало? Ние ги употребуваме и имињата на други личности од Библијата, иако не ги изговараме онака како што гласеле на изворниот хебрејски јазик. На пример, името ”Исус“ на хебрејски се изговара ”Јешуа“. Исто така на место е да се употребува Божјето име, кое е откриено во Библијата, без оглед дали го изговараме ”Јахве“, ”Јехова“ или на друг начин кој е вообичаен на нашиот јазик. Погрешно е ако не го употребуваме тоа име. Зошто? Затоа што тогаш не можеме да припаѓаме на оние кои Бог ги избира како ”народ за свое име“ (Дела 15:14). Не треба само да се знае Божјето име, туку треба и да го славиме пред другите, како што правел Исус додека бил на Земјата (Матеј 6:9; Јован 17:6, 26).

БОЖЈАТА НАМЕРА

25. (а) Кои работи за Бог можеби ни е тешко да ги разбереме? (б) Што го навело Јехова да почне да создава?

25 Иако можеби ни е тешко да разбереме, Јехова е без почеток и без завршеток. Тој е ”Цар на вечноста“ (Псалми 90:2; 1. Тимотеј 1:17, NW). Пред да почне да создава, бил сосема сам во вселената. Тоа не значи дека бил осамен, зашто тој е потполн во себеси и ништо не му недостасувало. Од љубов почнал да создава, давајќи им на другите живот. Првите Божји суштества биле духовни личности, како него. Уште пред да почне да ја подготвува Земјата за луѓето, Бог поседувал голема организација од небесни синови. Според неговата намера тие требало да му се радуваат на животот и на службата која им ја доверил (Јов 38:4, 7).

26. Зошто можеме да бидеме уверени дека Бог ќе ја оствари својата намера со Земјата?

26 Откако ја подготвил Земјата, Јехова ги сместил првите луѓе Адам и Ева во едно земско подрачје, кое веќе го претворил во рај. Според неговата намера тие требало да раѓаат деца кои ќе го слушаат и обожаваат и кои ќе го прошират рајот по целата Земја (1. Мојсеева 1:27, 28). Но, како што научивме, таа величествена намера била спречена. Адам и Ева избрале да бидат непослушни и неговата намера не се исполнила. Меѓутоа, Јеховината намера ќе се оствари, инаку би претрпел пораз. А тоа не може да се случи никогаш! ”Се́ што ми се допаѓа, ќе направам“, изјавил тој. ”Реков; и ќе направам“ (Исаија 46:10, 11, NW).

27. (а) Зошто сме одговорни пред Бог? (б) За кое прашање би требало сериозно да размислиме?

27 Дали го препознаваш своето место во Божјата намера? Тоа не се состои во тоа едноставно да правиш што тебе ти се допаѓа, не земајќи ја во обѕир Божјата волја. Тоа го сториле Сатана, Адам и Ева. Тие ја знаеле Божјата волја, но не ја вршеле. Затоа Бог ги повикал на одговорност. Дали и ние имаме одговорност пред Бог? Да, затоа што Бог е Извор на нашиот живот; од него зависи нашиот живот (Псалми 36:9; Матеј 5:45). Колку нашиот живот е во склад со Божјата намера? Потребно е сериозно да размислуваме за тоа, зашто од тоа зависи нашата можност да добиеме вечен живот.

КАКО ДА СЕ ОБОЖАВА ЈЕХОВА

28. Кои помошни средства ги користеле некои при обожавањето на Бог?

28 Важно е како го обожаваме Јехова. Треба да го обожаваме како што тој сака, иако тоа би било поинаку од она што сме го научиле. На пример, кај некои постои обичај да употребуваат слики при обожавањето. Можеби велат дека не ја обожаваат сликата, туку гледањето и допирањето на сликата само им помага да го обожаваат Бог. Но, дали Бог сака да го обожаваме со помош на слики?

29. Како покажува Библијата дека е погрешно да се употребуваат слики при обожавањето?

29 Не, тој не го сака тоа. И токму од таа важна причина Мојсеј им рекол на Израелците дека Бог никогаш не им се појавил на видлив начин (5. Мојсеева 4:15–19). Една од десетте заповеди гласи: ”Не прави си ниту лик ниту какво и да е обличје (...) Не клањај им се ниту им служи“ (2. Мојсеева 20:4, 5, Ст). Треба да се обожава само Јехова. Библијата секогаш одново покажува колку е неисправно да направиме слика, да ѝ се поклонуваме и да обожаваме некој друг или нешто друго освен Јехова (Исаија 44:14–20; 46:6, 7; Псалми 115:4–8).

30. (а) Кои изјави на Исус и неговите апостоли покажуваат дека е погрешно да се употребуваат слики? б) Што би требало да се направи со сликите според 5. Мојсеева 7:25?

30 Како што би се очекувало, Исус никогаш не употребувал слики при обожавањето. ”Бог е дух“, објаснил тој, ”и оние кои го обожаваат, мораат да го обожаваат со дух и вистина“ (Јован 4:24, NW). Согласно со тоа, ниеден од Исусовите први следбеници не употребувал слики како помош при обожавањето. Апостол Павле напишал: ”Одиме по вера, а не по гледање“ (2. Коринтјаните 5:7, NW). А апостол Јован предупредил: ”Вардете се од идоли“ (1. Јованово 5:21, NW). Фрли поглед по својот стан и прашај се дали го следиш тој совет! (5. Мојсеева 7:25).

31. (а) Што ќе нѐ наведе да го послушаме Божјиот закон, дури и ако не ја разбираме причината за тоа? (б) Што треба да се потрудиме да правиме и кој повик треба да го прифатиме?

31 Ако го обожаваме Творецот Јехова како тој вели, сигурно ќе ни донесе вистинска среќа (Еремија 14:22). Библијата покажува дека неговите заповеди се за наше добро и служат за нашата вечна добробит. Поради нашето ограничено знаење и искуство секогаш не разбираме во потполност зошто некој закон кој го дал Бог е толку важен, или дека служи за наше добро. Сепак, цврстата доверба дека Бог знае многу повеќе од нас, треба да нѐ наведе спремно да го слушаме (Псалми 19:7–11). Да се потрудиме што подобро да го запознаеме Јехова. Да го прифатиме повикот: ”Дојдете, да го обожаваме и да се поклониме; да клекнеме пред Јехова, нашиот Творец. Зашто тој е наш Бог и ние сме народ на неговото пасиште и овци на неговата рака“ (Псалми 95:6, 7, NW).

[Рамка на страница 42]

Три места кадешто се појавува Божјето име во македонскиот превод на Светото писмо издаден од Британското библиско друштво (1990):

2. Мојсеева 17:15

15. Тогаш Мојсеј подигна жртвеник, и го нарече Јехова Ниси, односно Господ прибежиште мое.

Судиите 6:24

24. И Гедеон Му изгради таму жртвеник на Господа и го нарече: Јехова Шалом. Тој стои и до денес во Ефрат Авиезеров.

Осија 12:5

5. А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово.

[Слики на страници 34 и 35]

Ако куќата има градител, ... тогаш мора да има ”Градител“ и далеку покомплицираната вселена

[Слика на страница 39]

Бидејќи Исус го молел Бог да се врши Божјата волја, а не неговата, тогаш тие двајцата не можат да бидат една иста личност

[Слика на страници 40 и 41]

Како можело светиот дух да биде личност, ако со него истовремено биле наполнети околу 120 ученици?

[Слика на страница 45]

Дали е исправно да се употребуваат слики при обожавањето?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели