-
„Држи се цврсто за она што го имаш“Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
12. Зошто членовите на еврејската синагога во Филаделфија најверојатно биле запрепастени кога дознале дека некои од нив ќе им „се клањаат“ на христијаните во нивното место?
12 Членовите на еврејската синагога во Филаделфија најверојатно ќе бидат запрепастени кога ќе дознаат дека некои од нив ќе им „се поклонат“ на христијаните во својот град. Со оглед на тоа што сигурно имало многу не-Евреи во христијанското собрание, тие би очекувале да се случи токму спротивното. Зошто? Затоа што Исаија прорекол: „[Нееврејски] цареви ќе бидат твои старатели [на израелскиот народ], а нивните кнегињи ќе ти бидат доилки. Ќе ти се клањаат со лицето доземи“ (Исаија 49:23; 45:14; 60:14). На сличен начин, Захарија бил инспириран да запише: „Во тие денови, десет луѓе [не-Евреи] од сите јазици што ги зборуваат народите ќе фатат за скут еден Евреин, ќе го фатат, велејќи: ‚Ќе одиме со вас зашто чувме дека Бог е со вас‘“ (Захарија 8:23). Да, не-Евреите требало да им се поклонат на Евреите, а не обратно!
-
-
„Држи се цврсто за она што го имаш“Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
14. Какво значајно исполнување имале во нашево време пророштвата запишани во Исаија 49:23 и Захарија 8:23?
14 Во нашево време, пророштвата како оние во Исаија 49:23 и Захарија 8:23 се исполнија на многу значаен начин. Како резултат на проповедањето на класата на Јован, огромен број луѓе ја искористија можноста да служат за Царството.b Повеќето од нив дојдоа од христијанскиот свет, чии религии лажно тврдат за себе дека се духовниот Израел. (Спореди Римјаните 9:6.) Тие, како едно големо мноштво, ги перат своите долги облеки и ги белат на тој начин што имаат вера во Исусовата жртвена крв (Откровение 7:9, 10, 14). Бидејќи се послушни на Христовата царска власт, се надеваат дека ќе ги наследат благословите овде на Земјата. Тие доаѓаат кај помазаните браќа на Исус и им „се клањаат“, во духовна смисла, бидејќи ‚чуле дека Бог е со нив‘. Тие им служат на овие помазаници со кои се обединети во едно меѓународно братство (Матеј 25:34-40; 1. Петрово 5:9).
-