ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Порака на надеж за потиштените заробеници
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
    • „Заповедник на народите“

      13. Како Исус бил „сведок на племињата“ и во текот на својата служба и по своето вознесение?

      13 Што ќе стори овој иден цар? Јехова вели: „Еве, те направив сведок на племињата, кнез [водач, NW] и заповедник на народите“ (Исаија 55:4). Кога пораснал, Исус бил Јеховин претставник на Земјата, Божји сведок на нациите. Додека живеел како човек, службата ја насочил кон „загубените овци од Израеловиот дом“. Меѓутоа, кратко пред своето вознесение на небото, на своите ученици им рекол: „Затоа одете и правете ученици од луѓето од сите нации . . . Гледај, јас сум со вас во сите денови сѐ до завршетокот на системот на работи“ (Матеј 10:5, 6; 15:24; 28:19, 20). Така, со текот на времето, пораката за Царството била однесена до не-Евреите, и некои од нив учествувале во исполнувањето на сојузот склопен со Давид (Дела 13:46). На овој начин, дури и по својата смрт, воскресение и вознесение на небото, Исус останал Јеховин „сведок на племињата“.

      14, 15. а) Како Исус се покажал како ‚водач и заповедник‘? б) Какви изгледи ги очекувале Исусовите следбеници во првиот век?

      14 Исус ќе биде, исто така, ‚водач и заповедник‘. Доследно на овој пророчки опис, додека бил на Земјата, Исус потполно ги прифатил одговорностите на своето поглаварство и го презел водството во секој аспект. Привлекол огромни мноштва, ги поучувал за вистината и им ги покажал користите што ќе ги имаат оние што го следат неговото водство (Матеј 4:24; 7:28, 29; 11:5). Делотворно ги обучувал своите ученици, подготвувајќи ги да ја преземат проповедничката кампања што претстоела (Лука 10:1—12; Дела 1:8; Колошаните 1:23). За само три и пол години, Исус го положил темелот на едно обединето, меѓународно собрание со илјадници членови, кои потекнуваат од многу раси! Само вистинскиот ‚водач и заповедник‘ можел да изврши ваква монументална задача.b

      15 Оние што биле собрани во христијанското собрание од првиот век, биле помазани со Божјиот свет дух и имале изглед да станат совладетели со Исус во неговото небесно Царство (Откровение 14:1). Меѓутоа, пророштвото на Исаија гледа подалеку од деновите на раното христијанство. Доказите покажуваат дека Исус Христос не започнал да владее како цар на Божјето Царство сѐ до 1914. Набрзо потоа, меѓу помазаните христијани на Земјата настанала ситуација која имала многу паралели со онаа на изгнаните Евреи во шестиот век пр.н.е. Всушност, она што им се случило на тие христијани претставува поголемо исполнување на пророштвото на Исаија.

      Современо заробеништво и ослободување

      16. Каква неволја следела по Исусовото устоличување во 1914?

      16 Исусовото устоличување како цар во 1914 било одбележано со дотогаш невидени неволји во светот. Зошто? Поради тоа што Исус, откако станал Цар, ги исфрлил од небото Сатана и другите зли духовни суштества. Откако бил ограничен на Земјата, Сатана повел војна против преостанатите свети, остатокот од помазани христијани (Откровение 12:7—12, 17). Кулминацијата настапила во 1918 кога јавното дело на проповедање скоро запрело и некои одговорни службеници на Watch Tower Society биле затворени поради лажни обвиненија за побуна. На овој начин, Јеховините современи слуги отишле во духовно заробеништво, што потсетува на дословното заробеништво на древните Евреи. Голем срам надвиснал над нив.

      17. Како се променила состојбата на помазаниците во 1919, и како биле зацврстени?

      17 Меѓутоа, Божјите помазани следбеници не биле долго заробени. На 26 март 1919, затворените службеници биле ослободени, и подоцна сите обвиненија против нив биле повлечени. Јехова излеал свет дух врз својот ослободен народ, освежувајќи го за делото што стоело пред него. Неговите припадници радосно се одѕвале на повикот да ‚земат бесплатно од водата на животот‘ (Откровение 22:17). Купиле „вино и млеко, без сребреници и без плаќање“ и биле духовно зацврстени за чудесното проширување што се задало на хоризонтот, проширување кое помазаниот остаток не го предвидел.

      Едно големо мноштво трча кон Божјиот помазаник

      18. Кои две групи се наоѓаат меѓу учениците на Исус Христос, и што сочинуваат тие денес?

      18 Исусовите ученици негуваат еден од двата вида надеж. Прво, собрани се сите 144.000 члена на ‚малото стадо‘ — помазани христијани и со еврејско и со нееврејско потекло, кои го сочинуваат „Израелот Божји“ и ја имаат надежта да владеат со Исус во неговото небесно Царство (Лука 12:32; Галатите 6:16; Откровение 14:1). Второ, во последните денови се појавило „едно големо мноштво“ од „други овци“. Овие ја имаат надежта да живеат засекогаш на рајска Земја. Пред да избувне големата неволја, ова мноштво — чијшто број не е предодреден — служи покрај малото стадо, и двете групи сочинуваат „едно стадо“ под „еден пастир“ (Откровение 7:9, 10; Јован 10:16).

  • Порака на надеж за потиштените заробеници
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
    • b Исус продолжува да го надгледува делото на правење ученици (Откровение 14:14—16). Денес, христијаните и христијанките го сметаат Исус за Глава на собранието (1. Коринќаните 11:3). А во Божје одредено време, Исус ќе дејствува на друг начин како ‚водач и заповедник‘, кога ќе ја предводи решавачката битка против Божјите непријатели во војната Армагедон (Откровение 19:19—21).

  • Порака на надеж за потиштените заробеници
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
    • [Слика на страница 239]

      Исус се покажал како ‚водач и заповедник‘ на народите

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели