ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ,Воскликнувајте довека заради она што Јас го создавам‘
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
    • Доверба во „богот на Среќата“

      13, 14. Кои практики покажуваат дека Божјиот народ го напуштил Бог, и што ќе му се случи на народот како последица од тоа?

      13 Пророштвото на Исаија сега се враќа на оние што го напуштиле Јехова и упорно продолжуваат со идолопоклонство. Тоа вели: „Но вие сте тие што го оставаат Јехова, ја забораваат мојата света гора, поставуваат трпеза за богот на Среќата и полнат мешано вино за богот на Судбината“ (Исаија 65:11, NW). Поставувајќи трпеза со храна и пијалак пред „богот на Среќата“ и „богот на Судбината“, овие застранети Евреи се впуштиле во идолопоклоничките практики на паганските нации.b Што ќе стане со секого што наивно има доверба во овие богови?

  • ,Воскликнувајте довека заради она што Јас го создавам‘
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
    • 15. На кој начин вистинските христијани денес обрнуваат внимание на предупредувањето што се наоѓа во Исаија 65:11, 12?

      15 Денес, вистинските христијани обрнуваат внимание на предупредувањето што се наоѓа во Исаија 65:11, 12. Тие не веруваат во „Среќа“, како тоа да е некој вид натприродна сила, која може да им прави услуги. Одбивајќи да ги расфрлаат своите материјални средства во обидот да го смират „богот на Среќата“, ги избегнуваат сите облици на коцкање. Уверени се дека оние што му се посветуваат на овој бог на крајот ќе изгубат сѐ, зашто за таквите Јехова вели: ‚Ќе ве судбинам за меч‘.

  • ,Воскликнувајте довека заради она што Јас го создавам‘
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
    • b Коментирајќи за овој стих, преведувачот на Библијата Ероним (роден во четвртиот век н.е.) кажува за еден древен обичај што идолопоклонците го држеле на последниот ден од последниот месец во нивната година. Тој напишал: „Местеле маса прекриена со различни видови храна и еден пехар со мешавина од слатки вина за да осигураат дека ги следи среќа во плодноста сеедно дали во изминатата или во идната година“.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели