ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/6 стр. 32
  • Каква иднина за нашата Земја?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каква иднина за нашата Земја?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/6 стр. 32

Каква иднина за нашата Земја?

„Ниту еден друг век кој е забележан, не е рамен на 20 век по нецивилизираното граѓанско насилство, по бројот на водените конфликти, по создадените маси бегалци, по милионите луѓе убиени во војните и по огромните издатоци за ‚одбрана‘“, наведува World Military and Social Expenditures 1996. Дали оваа ситуација некогаш ќе се промени?

Апостол Петар ги потсетил христијаните на едно ветување кое го дал Бог со векови порано: „Според Неговото [Божјето] ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13). Тие зборови првобитно биле дел од пророштвото на Исаија (Исаија 65:17; 66:22). Древниот Израел доживеал почетно исполнување кога нацијата била обновена во нејзината ветена земја, откако била држана заробена во Вавилон 70 години. Со тоа што го повторил ветувањето за „ново небо и нова земја“, Петар покажал дека пророштвото уште ќе се исполнува, па дури и во поголем размер — ширум светот!

Воспоставувањето праведни околности по целата Земја е Божја волја и тоа ќе биде постигнато преку неговото небесно Царство со Христос како Цар. „Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4). Таквиот комплетен мир и безбедност на Земјата е токму тоа за кое Исус ги поучил своите следбеници да го очекуваат и да се молат, во она што обично се нарекува Оче наш, односно Господова молитва, велејќи: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10).

Дали би уживал да живееш во еден свет кој е толку праведен колку и небото? Тоа е надежта која Библијата ја нуди на секого кој со цело срце трага да го запознае Бог и да живее во склад со неговите праведни патишта.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели