-
,Падна Вавилон!‘Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
5. Како Вавилон се здобива со репутација на ‚предавник‘ и ‚грабач‘?
5 Во деновите на Исаија, Вавилон сѐ уште не е доминантна светска сила, но Јехова веќе предвидува дека тој ќе ја злоупотреби својата моќ кога ќе му дојде времето. Исаија понатаму вели: „Тешка визија ми беше кажана: Предавникот постапува предавнички, а грабачот ограбува“ (Исаија 21:2а, NW). Вавилон навистина ќе ги ограби и ќе постапува предавнички со нациите што ќе ги освои, вклучувајќи ја и Јуда. Вавилонците ќе го ограбат Ерусалим, ќе го опљачкаат неговиот храм и ќе го одведат неговиот народ во заробеништво во Вавилон. Таму, со овие беспомошни заробеници ќе постапуваат предавнички, ќе ги исмејуваат поради нивната вера и нема да им дадат никаква надеж дека ќе се вратат во својата родна земја (2. Летописи 36:17—21; Псалм 137:1—4).
6. а) На чии воздивнувања Јехова ќе стави крај? б) За кои нации е проречено дека ќе го нападнат Вавилон, и како се исполнува ова?
6 Да, Вавилон потполно ја заслужува оваа „тешка визија“, која значи дека ќе дојдат тешки времиња за него. Исаија продолжува: „Качи се, о Еламе! Опсади, о Медијо! Секое воздивнување што се должи на него, јас предизвикав да престане“ (Исаија 21:2б, NW). За угнетуваните од оваа предавничка империја ќе има спас. Најпосле, крај на нивните воздивнувања! (Псалм 79:11, 12). На кој начин ќе дојде ова олеснување? Исаија именува две нации што ќе го нападнат Вавилон: Елам и Медија. Два века подоцна, во 539 пр.н.е., Кир Персиецот ќе предводи против Вавилон една комбинирана војска од Персијци и Медијци. Што се однесува до Елам, персиските монарси ќе поседуваат барем дел од таа земја пред 539 пр.н.е.a Персиските сили на тој начин ќе ги вклучуваат Еламитите.
-
-
,Падна Вавилон!‘Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
a Персискиот цар Кир понекогаш бил означен како „Цар на Аншан“, а Аншан бил регион или град во Елам. Израелците од деновите на Исаија — во осмиот век пр.н.е. — можеби не знаеле за Персија, но за Елам би знаеле. Ова можеби објаснува зошто Исаија овде го именува Елам наместо Персија.
-