-
,Падна Вавилон!‘Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
8. Според пророштвото, како постапуваат Вавилонците и покрај тоа што нивните непријатели се пред ѕидините?
8 Таа судбоносна вечер, додека се стемнува, на Вавилонците ни на крај ум не им е да се ужасуваат. Околу два века однапред, Исаија претскажува: „Поставуваат стол, распростираат прекривка, се јаде и пие“ (Исаија 21:5а). Да, арогантниот цар Валтазар е домаќин на една гозба. Подготвени се места за илјада негови веледостојници, како и за многу жени и конкубини (Даниел 5:1, 2). Славениците знаат дека пред ѕидините има војска, но веруваат дека нивниот град е неосвоив. Неговите масивни ѕидини и длабокиот ендек оставаат впечаток дека неговото освојување е невозможно; неговите многубројни богови го прават тоа незамисливо. Затоа, нека „се јаде и пие“! Валтазар се опива, и веројатно не е единствениот. Потребата да бидат разбудени, како што покажуваат и следните пророчки зборови на Исаија, укажува на тоа дека високите службеници биле мамурни.
9. Зошто има потреба ‚да се помаже штитот‘?
9 „Станете, кнезови, помажете го штитот“ (Исаија 21:5б, NW). Наеднаш, забавата завршува. Кнезовите мораат да се разбудат! Остарениот пророк Даниел е повикан на сцената, и тој гледа како Јехова го доведува вавилонскиот цар Валтазар до состојба на ужас слична на онаа опишана од Исаија. Веледостојниците на царот се фрлени во збрка кога здружените сили на Медијците, Персијците и Еламитите го пробиваат одбранбениот систем на градот. Вавилон паѓа брзо! Сепак, што значи ‚да се помаже штитот‘? Библијата понекогаш се осврнува на царот на нацијата како на штит, бидејќи тој е бранителот и заштитникот на земјатаb (Псалм 89:18). Така, овој стих во Исаија веројатно ја претскажува потребата од нов цар. Зошто? Затоа што Валтазар е убиен „таа иста ноќ“. Според тоа, има потреба ‚да се помаже штитот‘, односно да се именува нов цар (Даниел 5:1—9, 30).
-
-
,Падна Вавилон!‘Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
b Голем број библиски коментатори мислат дека зборовите „помажете го штитот“ се однесуваат на древната воена практика штитовите од кожа пред битка да се мачкаат со масло, така што повеќето удари би се слизнале од нив. Иако ова е можно толкување, треба да се забележи дека ноќта кога градот паднал, Вавилонците едвај имале време да се борат, а камоли да се подготвуваат за битка подмачкувајќи ги своите штитови!
-