ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/7 стр. 8-13
  • Од чија трпеза се храниш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Од чија трпеза се храниш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се избегнува „трпезата на демоните“
  • ‚Верниот роб‘ служи на Јеховината трпеза
  • Чувај се од отровната храна од трпезата на демоните
  • Само Јеховината трпеза ќе остане
  • Содржина
    Разбудете се! 2024
  • Исус има моќ над демоните
    Учи од Големиот Учител
  • Божествената поука против учењата на демоните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Демони — како да им се спротивставиме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/7 стр. 8-13

Од чија трпеза се храниш?

„Не можете да учествувате на Господовата [Јеховината, НС] трпеза и на бесовската трпеза“ (1. КОРИНТЈАНИТЕ 10:21).

1. Какви трпези се поставени пред нас, и кое предупредување го дава апостол Павле во врска со нив?

ОВИЕ инспирирани зборови на апостол Павле покажуваат дека пред човештвото се поставени две симболични трпези. Секоја трпеза е идентификувана со видот на храната што е сервирана на неа, а сите ние јадеме или од едната или од другата. Меѓутоа, ако сакаме да му угодиме на Бог, не можеме да се храниме од неговата трпеза, а истовремено да грицкаме од трпезата на демоните. Апостол Павле предупредил: „Она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на бесови, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедница со бесовите. Не можете да пиете од Господова чаша и од бесовска чаша; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на бесовската трпеза“ (1. Коринтјаните 10:20, 21).

2. а) Каква Јеховина трпеза постоела во времето на древниот Израел, и кој земал од заедничките жртви? б) Што значи да се зема од Јеховината трпеза денес?

2 Павловите зборови нѐ потсетуваат на заедничките жртви коишто древните Израелци ги принесувале под Јеховиниот закон. Божјиот олтар бил наречен трпеза, а за оние коишто го донесувале животното да биде жртвувано се велело дека јадат заедно со Јехова и со свештениците. На кој начин? Како прво, Јехова земал од жртвата затоа што крвта била попрскувана на неговиот олтар, а салото било изгорувано со пламенот одоздола. Второ, свештеникот земал на тој начин што тој (и неговото семејство) ги јаделе печените гради и десната плешка од жртвуваното животно. И трето, оној кој ја принесувал жртвата земал така што ги јадел останатите делови (3. Мојсеева 7:11-36). Денес, земањето од Јеховината трпеза значи дека му го принесуваме оној вид на обожавање што тој го бара, како што дале пример Исус и неговите апостоли. За да го правиме тоа, мораме да се храниме духовно од она што го дава Јехова преку својата Реч и организација. На Израелците, кои се радувале на посебно учество со Јехова на неговата трпеза, им било забрането да принесуваат жртви на трпезата на демоните. Духовните Израелци и нивните придружници, ‚другите овци‘, се под истата божествена забрана (Јован 10:16).

3. Како би можел некој во денешно време да биде виновен за земање од трпезата на демоните?

3 Како би можел некој во денешно време да биде виновен за земање од трпезата на демоните? Така што ќе служи на интересите на сѐ она што му се противи на Јехова. Трпезата на демоните ја вклучува сета демонска пропаганда што е наменета да нѐ заведе и одврати од Јехова. Кој би сакал да го храни своето срце и ум со таков отров? Вистинските христијани одбиваат да имаат удел во жртвите коишто повеќето луѓе денес им ги принесуваат на боговите на војната и на богатството (Матеј 6:24).

Да се избегнува „трпезата на демоните“

4. Со кое прашање се соочуваме сите ние, и зошто нема намерно да сакаме да земаме од трпезата на демоните?

4 Прашањето со кое се соочува секој од нас е: Од чија трпеза се хранам јас? Не можеме да го избегнеме фактот дека мораме да јадеме или од едната или од другата трпеза. (Спореди Матеј 12:30.) Ние нема намерно да сакаме да земаме од трпезата на демоните. Ако го правиме тоа, би ја изгубиле милоста на единствениот вистинит и жив Бог, Јехова. Од друга страна, ако земаме храна само од Јеховината трпеза, тоа ќе доведе до вечен живот во среќа! (Јован 17:3). Постои изрека која вели дека човек се познава по она што јаде. Според тоа, секој кој сака да одржи добро физичко и ментално здравје, мора да внимава на својата исхрана. Како што висококалоричната шунд-храна, иако вкусно подготвена со хемиски адитиви, не служи за наше трајно физичко здравје, така и пропагандата на овој свет, што е зачинета со демонски идеи, претставува лоша симболична шунд-храна која ќе го расипе нашиот ум.

5. Како можеме да избегнеме да земаме од демонските учења денес?

5 Апостол Павле претскажал дека во текот на последните денови луѓето ќе бидат заведувани со „ѓаволски учења“ (1. Тимотеј 4:1). Такви демонски учења не се наоѓаат само во лажните религиозни верувања, туку се широко распространети и на други начини. На пример, треба да анализираме и да одмериме какви книги и списанија читаме ние и нашите деца, какви телевизиски програми или драми и филмови гледаме (Изреки 14:15). Ако заради рекреација читаме белетристика, дали таа прикажува бесмислено насилство, недозволен секс или окултни постапки? Ако читаме документарна литература со цел да стекнеме некакво знаење, дали таа изложува некаква филозофија или начин на живот кој не е „по Христа“? (Колосјаните 2:8). Дали се изнесуваат празни нагаѓања, или се застапува идејата за мешање во световни општествени движења? Дали поттикнува на одлучност да се стане многу богат? (1. Тимотеј 6:9). Дали е тоа публикација која вешто прикажува раздорни учења кои не се како Христовите? Ако одговорот е да и ако и понатаму читаме или гледаме таков материјал, ризикуваме да се храниме од трпезата на демоните. Денес постојат стотици илјади публикации кои унапредуваат световни филозофии кои изгледаат просветлени и актуелни (Проповедник 12:12). Но оваа пропаганда не нуди ништо ново; ниту пак служи за нечија корист и подобрување, исто како што и она коешто Сатана лукаво ѝ го рекол на Ева не придонело за нејзино подобрување (2. Коринтјаните 11:3).

6. Како всушност треба да реагираме кога Сатана ќе нѐ покани да ја пробаме неговата демонска шунд-храна?

6 Затоа, кога Сатана ќе нѐ повика да ја пробаме неговата шунд-храна, како треба да реагираме? Онака како што реагирал Исус кога бил искушан од Сатана камењата да ги претвори во леб. Исус одговорил: „,Напишано е — „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога [Јеховина, НС]“‘.“ А кога Ѓаволот му ги понудил на Исус „сите царства на светот и нивната слава“ само ако падне наземи и изврши чин на обожавање на Сатана, Исус одговорил: „,Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: „На Господа [Јехова, НС], твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!“‘“ (Матеј 4:3, 4, 8-10).

7. Зошто се мамиме себеси ако мислиме дека можеме успешно да се храниме и од Јеховината и од демонската трпеза?

7 Јеховината трпеза и трпезата што ја поставуваат неговите демонски непријатели не можат никогаш да се изедначат! О, да, такви обиди имало и порано. Сети се на древните Израелци од времето на пророкот Илија. Луѓето тврделе дека го обожаваат Јехова, но верувале дека други богови, како Ваал, нудат просперитет. Илија му пристапил на народот и рекол: „Уште ли ќе храмите на двете колена? Ако Господ [Јехова, НС] е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал — одете по него“. Неоспорно е дека Израелците кривеле „прво на едната нога, па на другата“ (3. Царства 18:21, The Jerusalem Bible). Илија ги предизвикал свештениците на Ваал да ја докажат божественоста на нивниот бог. Богот кој ќе можел да пушти оган од небото врз жртвата би докажал дека е вистинитиот Бог. И покрај многу напори, свештениците на Ваал не успеале. Тогаш Илија едноставно се помолил: „О Јехова, одговори ми, за да спознае овој народ, дека ти, Јехова, си вистинитиот Бог“ (НС). Веднаш слегол оган од небото и ја изгорел животинската жртва што била натопена со вода. Поттикнати од убедливата демонстрација на Јеховината божественост, луѓето го послушале Илија и ги убиле сите 450 Ваалови пророци (3. Царства 18:24-40). Така и денес, мораме да го признаеме Јехова како вистинит Бог и одлучно да се свртиме да се храниме само од неговата трпеза доколку сѐ уште не сме го сториле тоа.

‚Верниот роб‘ служи на Јеховината трпеза

8. За кој роб Исус рекол дека ќе го употребува духовно да ги храни неговите ученици за време на неговата присутност, и кој е идентитетот на робот?

8 Господ Исус Христос прорекол дека за време на неговата присутност, еден „верен и разумен роб“ (НС) ќе им дели духовна храна на неговите ученици: „Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го најде да постапува така; вистина, ви велам, дека над целиот свој имот ќе го постави него“ (Матеј 24:45-47). Се покажало дека овој роб не бил некој поединец, туку класата на предадени, помазани христијани. Оваа класа ја става на Јеховината трпеза најубавата духовна храна како за помазаниот остаток така и за ‚големото мноштво‘. Големото мноштво, кое сега брои преку четири милиони, заедно со помазаниот остаток зазело став за универзалната сувереност на Јехова Бог и за неговото Царство, преку кое тој ќе го посвети своето име (Откровение 7:9-17).

9. Кое средство го користи класата на робот за да дава духовна храна за Јеховините сведоци, и како пророчки е опишано нивното духовно гостење?

9 Оваа класа на верниот роб го користи Watch Tower Bible and Tract Society за да дава духовна храна за сите Јеховини сведоци. Додека т. н. христијанство и остатокот од овој систем на ствари гладуваат поради недостиг на животодајна духовна храна, Јеховиниот народ се гости (Амос 8:11). Тоа е исполнување на пророштвото од Исаија 25:6: „Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина“. Како што покажуваат стиховите 7 и 8, оваа гозба ќе продолжи до недоглед. Колкав благослов е тоа за сите во Јеховината видлива организација уште денес, а колкав само ќе биде во иднина!

Чувај се од отровната храна од трпезата на демоните

10. а) Каква храна шири класата на злобниот роб, и која е нивната мотивација? б) Како постапува класата на злобниот роб со своите поранешни соробови?

10 Храната од трпезата на демоните е отровна. Размисли, на пример, за храната што ја шири класата на злобниот роб и отпадниците. Ниту храни ниту изградува; тоа не е здрава храна. Не може ни да биде, затоа што отпадниците престанале да се хранат од Јеховината трпеза. Како резултат на тоа, сѐ што имале развиено од новата личност, исчезнало. Она што ги мотивира не е светиот дух, туку зајадлива огорченост. Опседнати се само со една цел — да ги тепаат нивните поранешни соробови, како што претскажал Исус (Матеј 24:48, 49).

11. Што напишал Ч. Т. Расел за личниот избор на духовна храна, и како ги опишал оние кои се одрекнуваат од Јеховината трпеза?

11 На пример, уште во 1909, тогашниот претседател на Watch Tower Society, Ч. Т. Расел, напишал за оние кои се одвратиле од Јеховината трпеза и почнале да ги малтретираат своите поранешни соробови. Во Стражарска кула од 1. октомври 1909 пишувало: „Сите оние кои се отцепиле од Друштвото и од неговото дело, наместо да напредуваат или да ги изградуваат другите во верата и во милостите на духот, се чини дека го прават спротивното — му наштетуваат на Делото на кое некогаш му служеле, и, со повеќе или помалку врева, постепено потонуваат во заборав, наштетувајќи си само себеси и на другите кои имаат сличен кавгаџиски дух. . . . Ако некои мислат дека можат да најдат исто толку добра или подобра храна на други трпези, или дека самите можат да подготват таква или подобра — нека одат по тој пат. . . . Но, иако не ги спречуваме другите да одат таму каде што сакаат во потрага по храна и светло кои ќе ги заситат, изненадува тоа што оние кои станале наши противници тргнуваат во многу поинаков правец. Наместо да речат во машкиот стил на светот: ‚Најдов нешто што повеќе ми се допаѓа; збогум!‘, овие покажуваат гнев, злоба, омраза, кавгаџиски дух, ‚дела на телото и на ѓаволот‘, какви што никогаш не сме виделе кај световните луѓе. Изгледаат задоени со лудило, сатанска хидрофобија [беснило]. Некои од нив нѐ удираат, а потоа тврдат дека ние сме удирале. Спремни се да речат и да напишат подли невистини и да се спуштат толку ниско“.

12. а) На кој начин отпадниците ги тепаат своите соробови? б) Зошто е опасно од љубопитност да се храниме со написите на отпадниците?

12 Да, отпадниците објавуваат литература која прибегнува кон извртувања, полувистини и отворени лаги. Тие дури и „дежураат“ на конгресите на Сведоците, обидувајќи се да ги фатат во замка непретпазливите. Затоа, би било опасно да ѝ дозволиме на нашата љубопитност да нѐ натера да се храниме со такви написи или да го слушаме нивниот навредлив говор! Иако можеби не мислиме дека тоа претставува ризик за нас лично, сепак опасноста постои. Зошто? Како прво, дел од отпадничката литература изнесува лаги преку „слатки“ и „ласкави зборови“ (Римјаните 16:17, 18; 2. Петрово 2:3). Што друго и би очекувал од трпезата на демоните? И иако отпадниците може да изнесуваат и некакви факти, тие обично се извадени од контекстот со цел да се одвлечат другите од Јеховината трпеза. Сета нивна литература само критизира и урива! Ништо не е изградувачко.

13, 14. Кои се плодовите на отпадниците и на нивната пропаганда?

13 Исус рекол: „По нивните плодови ќе ги познаете“ (Матеј 7:16). А кои се плодовите на отпадниците и нивните публикации? Нивната пропаганда ја карактеризираат четири работи: 1) Итрина. Ефесјаните 4:14 вели дека тие се ‚итри и искусни во измамата‘. 2) Горделива интелигенција. 3) Недостиг на љубов. 4) Нечесност во различни облици. Тоа се главните состојки на храната што се наоѓа на трпезата на демоните, а која е наменета да ја поткопа верата на Јеховиниот народ.

14 А постои и уште еден аспект. На што се вратиле отпадниците? Во многу случаи, пак се вратиле во темнината на т. н. христијанство и неговите доктрини, како што е верувањето дека сите христијани одат на небо. Освен тоа, повеќето од нив повеќе не заземаат цврст став во поглед на крвта, неутралноста и потребата да се сведочи за Божјето Царство. Но, ние сме побегнале од темнината на Големиот Вавилон и никогаш не сакаме пак да ѝ се вратиме (Откровение 18:2, 4). Како лојални слуги на Јехова, зошто воопшто би сакале да ѕиркаме во пропагандата издадена од тие што ја одбиваат Јеховината трпеза и кои сега вербално ги тепаат оние кои ни помагаат да ги разбереме „здравите зборови“? (2. Тимотеј 1:13).

15. Кое библиско начело ни помага мудро да постапиме кога ќе слушнеме обвинувања од страна на отпадниците?

15 Некои можеби се љубопитни за обвиненијата што ги изнесуваат отпадниците. Но, треба да го земеме при срце начелото од 5. Мојсеева 12:30, 31. Овде Јехова преку Мојсеј ги предупредил Израелците што да избегнуваат откако на паганските жители им ја одзеле Ветената земја. „Внимавај да не влезеш во стапица, кога ќе тргнеш по нив, откако ќе бидат истребени пред тебе, и да не ги бараш боговите нивни, велејќи: ‚како што служеле тие народи на боговите свои, така ќе правам и јас.‘ Да не Му правиш така ти на Господа, твојот Бог.“ Да, Јехова Бог знае како делува човечката љубопитност. Сети се на Ева, а и на Лотовата жена! (Лука 17:32; 1. Тимотеј 2:14). Никогаш да не го слушаме она што отпадниците го велат или прават. Наместо тоа, да се зафатиме со изградување на луѓето и лојално да се храниме од Јеховината трпеза!

Само Јеховината трпеза ќе остане

16. а) Што ќе се случи наскоро со Сатана, неговите демони и симболичната трпеза од која се хранат световните народи? б) Што ќе им се случи на сите луѓе кои се хранат од трпезата на демоните?

16 Наскоро, ненадејно ќе избувне големата неволја и брзо ќе дојде до кулминација во ‚војната во големиот ден на Бог Седржителот‘ (Откровение 16:14, 16). Таа ќе стане уште посилна кога Јехова ќе го уништи овој систем на ствари и симболичната трпеза на која се хранат светските народи. Исто така, Јехова ќе ја порази целокупната невидлива организација на Сатана Ѓаволот со нејзините демонски орди. Оние кои продолжиле да јадат од Сатановата духовна трпеза, трпезата на демоните, ќе бидат принудени да присуствуваат на еден дословен оброк, но не за да јадат туку ќе бидат главното јадење — ќе бидат уништени! (Види Језекиил 39:4; Откровение 19:17, 18.)

17. Какв благослов имаат оние кои се хранат само од Јеховината трпеза?

17 Само Јеховината трпеза ќе остане. Оние кои со ценење се хранат од неа ќе бидат сочувани и ќе имаат предност да јадат од неа засекогаш. Никогаш повеќе нема да им се заканува било каква оскудица на храна (Псалм 66:6; 71:16). Во совршено здравје ќе му служат на Јехова Бог во Рај! На крајот, на величествен начин ќе се исполнат возбудливите зборови од Откровение 21:4: „Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“. Бидејќи повеќе нема да има противење, универзалната сувереност на Јехова Бог ќе постои насекаде и засекогаш додека врз откупеното човештво кое ќе ја населува Рајската Земја се излева бескрајната божествена милост. За да ја добиеме оваа награда, сите ние да бидеме одлучни да земаме само од Јеховината трпеза која е преполна со најубава духовна храна!

Како би одговорил?

◻ Како можеме да избегнеме да бидеме заведени од демонските учења?

◻ Зошто не можеме успешно да се храниме и од Јеховината и од трпезата на демоните?

◻ Каков вид храна шират отпадниците?

◻ Зошто е опасно да се биде љубопитен за обвиненијата од отпадниците?

◻ Кои се плодовите на отпадниците?

[Слика на страница 10]

Јеховината трпеза е преполна со најдобра духовна храна

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели