ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Спасен од лавовските челусти!
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
    • 20. Што се случило со злобните непријатели на Даниел?

      20 Сега, кога Даниел бил на безбедно, на Дариј му останало да се погрижи уште за една работа. „Царот заповеда, па ги доведоа оние луѓе, што го обвинуваа Даниила, и ги фрлија во лавовската јама, како нив самите, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале на дното на јамата, лавовите ги беа зграбиле и ги беа здробиле сите нивни коски“d (Даниел 6:24).

      21. Каква разлика постои меѓу Мозаитскиот закон и законите на некои древни култури во однос на тоа како се справувале со членовите на семејствата на престапниците?

      21 Погубувањето не само на заговорниците, туку и на нивните сопруги и деца, можеби изгледа неразумно сурово. За разлика од ова, Законот кој Бог го дал преку пророкот Мојсеј, наведувал: „Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради татковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев“ (5. Мојсеева 24:16). Сепак, во некои древни култури, не било невообичаено, во случај на сериозно злосторство, членовите на семејството да бидат погубени заедно со престапникот. Можеби ова се правело за да не можат членовите на семејството подоцна да се одмаздат. Меѓутоа, сигурно дека овој чин против семејствата на високите службеници и сатрапите не бил масло на Даниел. Веројатно тој бил вознемирен заради несреќата што овие злобни мажи им ја нанеле на сопствените семејства.

  • Спасен од лавовските челусти!
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
    • d Зборот „обвинуваа“ е превод на еден арамејски израз што може да се преведе и како „наклеветија“. Ова ја нагласува злобната намера што ја имале непријателите на Даниел.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели