ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/10 стр. 18
  • „Прадревниот седна“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Прадревниот седна“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Јехова му ветува прекрасна награда на Даниел
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Зајакнат од Божји гласник
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Книгата Даниел и ти
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Избрани стихови од книгата Даниел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/10 стр. 18

Приближи му се на Бог

„Прадревниот седна“

„НИТУ еден човек никогаш не го видел Бог“, пишува во Библијата (Јован 1:18). Бог изгледа толку величествено што ниедно суштество од крв и месо не може да го види и да остане во живот (2. Мојсеева 33:20). Меѓутоа, во некои случаи, Јехова им дал на некои луѓе виденија за она што се случувало на небото. Еден од нив е пророкот Даниел. Без сомнение, она што го видел го исполнило со страхопочит, а треба да нѐ исполни и нас. Обрни внимание како Даниел го опишал видението што го добил.a (Прочитај Даниел 7:9, 10.)

„Прадревниот.“ Титулата „Прадревниот“, што ја користи само Даниел, опишува „некој што е во одминати години или е во длабока старост“ (Даниел 7:9, 13, 22). Колку години има Јехова? Бидејќи е ‚Цар на вечноста‘, тој постоел отсекогаш во минатото и ќе постои засекогаш во иднината (1. Тимотеј 1:17; Јуда 25). Тоа што Бог е вечен нѐ уверува дека има неограничена мудрост, бидејќи Библијата ги поврзува годините со мудроста (Јов 12:12). Точно е дека со нашиот ограничен ум не можеме сосема да ја разбереме вечноста. Но, дали треба да очекуваме потполно да го сфатиме Бог, кој е неизмерно мудар? (Римјаните 11:33, 34).

Забележи дека Прадревниот ‚седнал‘. Зошто? Одговорот го добиваме од контекстот, каде што ги наоѓаме зборовите „Судот“ и „пресуда“ (Даниел 7:10, 22, 26). Значи, во видението, Јехова седел како Судија. На кого му судел? На народите на Земјата, кои претходно во видението на Даниел се претставени со ѕверовиb (Даниел 7:1-8). Каков Судија е Јехова?

„Облеката му беше бела како снег, а косата на главата како чиста волна.“ Белата боја е симбол на праведноста и чистотата. Природната волна има бела боја. Затоа, и косата што е како волна е бела. Сфаќаш ли сега што видел Даниел? Можеш ли да си замислиш Судија со бела коса што е облечен во снежно бела облека? Овие сликовити описи нѐ уверуваат дека пресудите на Јехова се праведни и мудри. Тој е Судија што ја заслужува нашата целосна доверба и најдлабока почит.

Тој е Судија што ја заслужува нашата целосна доверба и најдлабока почит

„Илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред него.“ Кои се овие небесни слуги? Библијата вели дека ангелите се Божји слуги (Псалм 104:4). Божјите ангели, кои ги има можеби стотици милиони, ‚ја извршуваат неговата реч‘ и ‚ја вршат неговата волја‘ (Псалм 103:20, 21). Зар ова не е уште еден доказ за Божјата бескрајна мудрост? Зар може некој друг, освен Јехова, да го одржува редот на една толку голема небесна војска, која му служи толку долго време?

Видението на Даниел ни влева доверба во Прадревниот, Јехова. Неговите пресуди се праведни, а неговата мудрост е огромна. Затоа, дознај нешто повеќе за тоа како да се зближиш со Јехова, семудриот Бог.

Читање на Библијата во октомври:

Даниел 4-12—Осија 1-14

a Даниел не го видел Бог дословно, туку Бог му создал во умот живописни слики. Потоа, кога го опишувал она што го видел, Даниел користел стилски фигури, како на пример антропоморфизам, со кои на Бог му припишал човечки карактеристики. Таквите сликовити изрази ни помагаат подобро да го разбереме Бог, и не треба да ги сфатиме дословно.

b Нешто повеќе за ѕверовите од видението на Даниел можеш да прочиташ во 9. поглавје од книгата Обрни внимание на Даниеловото пророштво!, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели