ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wt погл. 10 стр. 90-100
  • Царство „кое никогаш нема да пропадне“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Царство „кое никогаш нема да пропадне“
  • Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Владетелите на Божјето Царство
  • Целите на Царството — како се постигнуваат
  • Постигања што веќе се очигледни
  • Царство од илјада години
  • Царство „кое нема да биде уништено“
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Божјето Царство — новото владетелство над Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Обожавај го единствениот вистински Бог
wt погл. 10 стр. 90-100

Поглавје десет

Царство „кое никогаш нема да пропадне“

1. Кој факт бил нагласен во светските настани низ човечката историја?

СВЕТСКИТЕ настани секојдневно го нагласуваат фактот дека луѓето не нашле среќа во тоа што го отфрлиле Јеховиниот суверенитет и што се обидуваат да владеат сами. Ниеден систем на човечко владеење не донел праведни користи за човештвото. Иако луѓето постигнале невиден напредок на полето на науката, тие не се во состојба да ги победат болестите или да ѝ стават крај на смртта, дури ни кај еден единствен човек. Човечкото владеење не ги отстранило војните, насилството, криминалот, корупцијата ниту сиромаштијата. Во многу земји со луѓето сѐ уште господарат угнетувачки влади (Проповедник 8:9). Технологијата, алчноста и незнаењето заедно, довеле до загадување на почвата, водата и воздухот. Лошото економско управување од страна на службените лица на мнозина им отежнува да ги задоволат основните животни потреби. Илјадниците години на човечко владеење го направиле очигледен овој факт: „Патот на човекот не е во негова власт  . . . човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори“ (Еремија 10:23).

2. Кое е единственото решение за проблемите на човештвото?

2 Кое е решението? Божјето Царство за кое Исус ги учел своите следбеници да се молат: „Нека дојде царството твое. Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10). Божјето небесно Царство е опишано во 2. Петрово 3:13 како „нови небеса“ што треба да владеат над ‚новата земја‘, то ест праведното човечко општество. Божјето небесно Царство е толку важно што Исус го направил централна тема на своето проповедање (Матеј 4:17). Тој покажал кое место треба да го зазема тоа во нашиот живот, поттикнувајќи: „Така, продолжете да го барате најнапред царството и Неговата праведност“ (Матеј 6:33).

3. Зошто сега е крајно време итно да се учи за Божјето Царство?

3 Сега е крајно итно време да се учи за Божјето Царство, бидејќи тоа Царство наскоро ќе преземе акција да го смени засекогаш владетелството над оваа Земја. Даниел 2:44 претскажува: „Во времето на тие цареви [владите што сега владеат] небесниот Бог ќе подигне Царство [на небото] кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ [луѓето никогаш повеќе нема да владеат со Земјата]. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние [сегашни] царства, а самото ќе стои довека“. На тој начин, Царството ќе им стави крај на овие последни денови со тоа што ќе го уништи целокупниот овој зол систем на работи. Владетелството над Земјата од страна на небесното Царство тогаш ќе биде неоспорно. Колку само треба да бидеме благодарни што олеснувањето кое ќе дојде со ова, сега е многу близу!

4. Што се случило на небото во 1914 во врска со Царството, и зошто е тоа важно за нас?

4 Во 1914, Христос Исус бил поставен за Цар и бил овластен да ‚владее среде [своите] непријатели‘ (Псалм 110:1, 2). Исто така, таа година започнале „последните денови“ на овој сегашен зол систем на работи (2. Тимотеј 3:1—5, 13). Во истото време, настаните што Даниел ги видел во една пророчка визија всушност се случиле на небото. „Прадревниот“, Јехова Бог, му дал на човечкиот Син, Исус Христос, ‚власт и чест и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици‘. Известувајќи за визијата, Даниел напишал: „Неговата власт е вечна власт и никогаш нема да помине. Неговото царство нема да пропадне“ (Даниел 7:13, 14). Преку ова небесно Царство во рацете на Христос Исус, Бог ќе им овозможи на љубителите на праведноста да се радуваат на безброј добри работи што ги наумил тој кога ги сместил нашите прародители во Рајот.

5. За кои детали во врска со Царството треба да сме живо заинтересирани, и зошто?

5 Дали имаш желба да бидеш лојален поданик на Царството? Ако да, ќе бидеш живо заинтересиран за структурата и функционирањето на оваа небесна влада. Ќе сакаш да знаеш што прави таа сега, што ќе постигне во иднината и што бара од тебе. Додека го испитуваш Царството одблизу, твоето ценење за него треба да расте. Ако се оѕвиеш поволно на неговото владетелство, ќе бидеш подобро опремен да им кажуваш на другите за прекрасните работи што Божјето Царство ќе ги направи за послушното човештво (Псалм 48:12, 13).

Владетелите на Божјето Царство

6. а) На кој начин Писмото покажува чија сувереност е изразена преку месијанското Царство? б) Како треба да влијае врз нас она што го учиме во врска со Царството?

6 Една од првите работи што ги открива таквото разгледување е дека ова месијанско Царство е израз на Јеховината сувереност. Јехова бил тој што му дал ‚власт и чест и царство‘ на својот Син. Откако Божјиот Син бил овластен да почне да владее како Цар, гласови на небото соодветно изјавиле: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ [Јехова Бог] и на неговиот Христос, и тој [Јехова] ќе владее како цар во сета вечност“ (Откровение 11:15). Според тоа, сите работи што ги забележуваме во врска со ова Царство и со она што тоа го постигнува, може да нѐ зближат со Јехова лично. Она што го учиме треба во нас да всади желба да се подложиме на неговата сувереност засекогаш.

7. Зошто е од посебен интерес за нас тоа што Исус Христос е Јеховин Ополномоштен Владетел?

7 Размисли и за фактот дека Јехова го поставил Исус Христос на престолот како свој Ополномоштен Владетел. Како Вешт Работник кого Бог го користел за да ја создаде Земјата и луѓето, Исус ги знае нашите потреби подобро од кој и да е од нас. Освен тоа, уште од почетокот на човечката историја, тој ја покажал својата ‚љубов кон синовите човечки‘ (Пословици 8:30, 31, NW; Колошаните 1:15—17). Неговата љубов кон луѓето е толку голема што тој лично дошол на Земјата и го дал својот живот како откупнина во наша корист (Јован 3:16). На тој начин ни ставил на располагање средство за ослободување од гревот и смртта, и ни ја дал можноста за вечен живот (Матеј 20:28).

8. а) За разлика од човечките владетели, зошто Божјата влада ќе биде трајна? б) Каков однос има „верниот и разборит роб“ со небесната влада?

8 Божјето Царство е стабилна, трајна влада. Нејзината трајност е гарантирана со фактот дека самиот Јехова не подлежи на смрт (Хабакук 1:12, NW). За разлика од човечките цареви, Исус Христос, оној кому Бог му доверил да царува, исто така е бесмртен (Римјаните 6:9; 1. Тимотеј 6:15, 16). Заедно со Христос на небесни престоли ќе бидат 144.000 други, лојални Божји слуги, од „секое племе и јазик и народ и нација“. И ним им е даден бесмртен живот (Откровение 5:9, 10; 14:1—4; 1. Коринќаните 15:42—44, 53). Поголемиот дел од нив се веќе на небесата, а остатокот што е уште на Земјата, го сочинува денешниот ‚верен и разборит роб‘, кој лојално ги унапредува интересите на тоа Царство овде (Матеј 24:45—47).

9, 10. а) Кои раздорни, расипувачки влијанија ќе ги отстрани Царството? б) Ако не сакаме да станеме непријатели на Божјето Царство, во што треба да избегнуваме да се заплеткаме?

9 Наскоро, во негово одредено време, Јехова ќе ги испрати своите погубувачки сили во акција за да ја исчистат Земјата. Тие засекогаш ќе ги уништат оние луѓе што по свој избор одбиваат да ја признаат неговата сувереност и што се однесуваат со презир кон подготовките полни со љубов што тој ги прави преку Исус Христос (2. Солуњаните 1:6—9). Тоа ќе биде Јеховин ден, долгоочекуваното време да биде оправдан како Универзален Суверен. „Ете доаѓа лутиот Господов Ден [на] гнев и јарост . . . за да ги истреби грешниците од неа“ (Исаија 13:9). „Тој ден е ден на гнев! Ден на тешкотии и неволји! Ден на ужас и запустување! Ден на мрак и наоблаченост! Ден на темнина и маглишта!“ (Софонија 1:15).

10 Целокупната лажна религија и сите човечки влади и нивните војски со кои манипулирал невидливиот зол владетел на овој свет, ќе бидат уништени засекогаш. Сите што се идентификуваат со овој свет и се стремат по егоистичен, нечесен, неморален начин на живот, ќе бидат отсечени во смрт. На Сатана и на неговите демони ќе им биде прекинат контактот со жителите на Земјата, и ќе бидат затворени на сигурно илјада години. Божјето Царство тогаш ќе има потполна контрола над сите земни работи. Колкаво само олеснување ќе биде тоа за сите што ја љубат праведноста! (Откровение 18:21, 24; 19:11—16, 19—21; 20:1, 2).

Целите на Царството — како се постигнуваат

11. а) Како месијанското Царство ќе ја оствари Јеховината намера со Земјата? б) Што ќе значи владеењето на Царството за луѓето што ќе живеат тогаш на Земјата?

11 Месијанското Царство потполно ќе ја исполни Божјата првобитна намера со Земјата (Битие 1:28; 2:8, 9, 15). До ден-денес, човештвото не успеало да ја оствари таа намера. Меѓутоа, „населената земја што треба да дојде“ ќе му биде подложена на Синот човечки, Исус Христос. Сите што ќе го преживеат извршувањето на Јеховината пресуда врз овој стар систем, ќе работат обединето под Царот Христос, радо извршувајќи сѐ што тој ќе заповеда и така Земјата ќе стане глобален рај (Евреите 2:5—9). Сето човештво ќе ужива во делото на своите раце и во потполност ќе извлече корист од изобилството на приносот на Земјата (Псалм 72:1, 7, 8, 16—19; Исаија 65:21, 22).

12. На кој начин ќе биде постигнато совршенство во умот и телото на поданиците на Царството?

12 Кога биле создадени, Адам и Ева биле совршени и Божја намера било Земјата да биде исполнета со нивно потомство, а сите да се радуваат на совршени умови и тела. Таа намера ќе се обистини на величествен начин под владеењето на Царството. За тоа ќе биде потребно да се отстранат сите последици од гревот и, за таа цел, Христос служи не само како Цар туку и како Првосвештеник. Стрпливо, тој ќе им помогне на своите послушни поданици да извлечат корист од гревоискупувачката вредност на жртвата на неговиот сопствен човечки живот.

13. Какви физички користи ќе се доживеат под владеењето на Царството?

13 Под владеењето на Царството, жителите на Земјата ќе имаат прекрасни физички користи. „Очите на слепците ќе прогледаат, ушите на глувите ќе се отворат, тогаш хромиот ќе скока како елен, јазикот на немиот ќе воскликнува“ (Исаија 35:5, 6). Телото изобличено од старост или болест ќе стане посвежо отколку телото на дете, а хроничните слабости ќе му отстапат место на крепкото здравје. „Нека му процвета телото со младост, нека се врати во младешки денови!“ (Јов 33:25). Ќе дојде ден кога никој нема да рече: „Болен сум“. Зошто? Затоа што богобојазливите луѓе ќе бидат ослободени од товарот на гревот и неговите жалосни последици (Исаија 33:24; Лука 13:11—13). Да, Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа“ (Откровение 21:4).

14. Што вклучува постигнувањето човечко совршенство?

14 Меѓутоа, постигнувањето совршенство вклучува многу повеќе отколку само да се има здраво тело и здрав ум. Тоа вклучува исправно да се одразуваат Јеховините особини, бидејќи сме создадени ‚според Божји лик, според Неговата сличност‘ (Битие 1:26). За таа цел, ќе биде потребно многу да се учи. Во новиот свет „ќе престојува праведност“. Затоа, како што прорекол Исаија, „жителите на плодната земја ќе се учат на праведност“ (2. Петрово 3:13; Исаија 26:9, NW). Оваа особина води до мир — меѓу луѓето од сите раси, меѓу блиски пријатели, во семејството и, пред сѐ, со Бог лично (Псалм 85:10—13; Исаија 32:17). Оние што ќе се учат на праведност, прогресивно ќе бидат поучувани која е Божјата волја за нив. Додека љубовта кон Јехова длабоко се вкоренува во нивните срца, тие ќе ги следат неговите патишта на секое подрачје од својот живот. Ќе можат да речат како што рекол Исус: ‚Јас секогаш го правам она што му е угодно на мојот Татко‘ (Јован 8:29). Колку само ќе биде угоден животот кога сите луѓе ќе можат да го кажат ова за себе!

Постигања што веќе се очигледни

15. Употреби ги прашањата во овој пасус, истакни ги постигањата на Царството и покажи што треба да правиме ние сега.

15 Впечатливите постигања на Божјето Царство и на неговите поданици се очигледни. Следните прашања и стихови ќе те потсетат на некои од овие постигања, како и на работи што сите поданици на Царството можат и треба да ги прават сега:

Против кого презело Царството акција најпрво и со каков резултат? (Откровение 12:7—10, 12).

По востоличувањето на Христос, на собирањето на преостанатите членови од која група му се придава внимание? (Откровение 14:1—3).

Какво дело прорекол Исус дека ќе врши по избувнувањето на големата неволја, како што е запишано во Матеј 25:31—33?

Какво подготвително дело се врши денес? Кој учествува во него? (Псалм 110:3; Матеј 24:14; Откровение 14:6, 7).

Зошто политичките и религиозните противници не биле во состојба да го запрат делото на проповедање? (Захарија 4:6; Дела 5:38, 39).

Какви промени се случиле во животот на оние што се подложиле на владата на Царството? (Исаија 2:4; 1. Коринќаните 6:9—11).

Царство од илјада години

16. а) Колку долго ќе владее Христос? б) Какви прекрасни работи ќе бидат направени во текот на тоа време и потоа?

16 Откако Сатана и неговите демони ќе бидат фрлени во бездна, Исус Христос и неговите 144.000 сонаследници ќе владеат како цареви и свештеници илјада години (Откровение 20:6). Во текот на тој период, човештвото ќе биде доведено до совршенство, а гревот и адамската смрт ќе бидат отстранети засекогаш. На крајот од илјадагодишното владеење, откако успешно ќе ја изврши својата задача како месијански Цар-Свештеник, Исус ќе ‚му го предаде царството‘ на својот Татко, за „Бог да биде сѐ на сите“ (1. Коринќаните 15:24—28). Во тоа време, Сатана ќе биде пуштен за кратко за да го испита откупеното човештво во поглед на нивното поддржување на Јеховината универзална сувереност. Откако ќе заврши тој последен испит, Јехова ќе ги уништи Сатана и бунтовниците што застанале на негова страна (Откровение 20:7—10). Оние што ја поддржувале Јеховината сувереност — неговото право да владее — во потполност ќе ја покажат својата непоколеблива лојалност. Потоа ќе бидат доведени во исправен однос со Јехова и ќе бидат прифатени од него како негови синови и ќерки, божествено одобрени за вечен живот (Римјаните 8:21).

17. а) Што ќе се случи со Царството на крајот од илјадата години? б) Во која смисла е точно тоа дека Царството „никогаш нема да пропадне“?

17 Затоа, Исусовата улога во однос на Земјата, како и онаа на 144-те илјади, ќе се промени. Каква ќе биде нивната идна активност? Библијата не кажува. Но, ако верно ја поддржуваме Јеховината сувереност, на крајот од Илјадагодишното владеење ќе бидеме живи и ќе дознаеме каква намера има Јехова со нив, како и со неговиот универзум кој влева страхопочит. Меѓутоа, Христовото илјадагодишно владетелство ќе биде „вечно“ и неговото Царство „нема да пропадне“ (Даниел 7:14). Во која смисла? Како прво, владејачкиот авторитет нема да помине во рацете на други што имаат поинакви цели, бидејќи Јехова ќе биде Владетел. Исто така, Царството „никогаш нема да пропадне“, бидејќи неговите постигања ќе траат засекогаш (Даниел 2:44). А на месијанскиот Цар-Свештеник и неговите придружени цареви-свештеници засекогаш ќе им се оддава чест поради нивната верна служба на Јехова.

Дискусија за повторување

• Зошто Божјето Царство е единственото решение за проблемите на човештвото? Кога почнал да владее Царот на Божјето Царство?

• Што особено ти е привлечно тебе во врска со Божјето Царство и со она што тоа ќе го постигне?

• Кои постигања на Царството веќе можеме да ги видиме, и каков удел имаме ние во нив?

[Слика на страници 92 и 93]

Под Божјето Царство, сите луѓе ќе се учат на праведност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели