ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 52 стр. 128-стр. 129 пас. 7
  • Илјадници нахранети со неколку леба и две риби

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Илјадници нахранети со неколку леба и две риби
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Исус со чудо храни илјадници
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Исус нахранил илјадници луѓе
    Поуки од Библијата
  • Исус храни многу луѓе
    Мојата книга со библиски приказни
  • Чудото со лебовите и квасецот на фарисеите
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 52 стр. 128-стр. 129 пас. 7
Исус ги разделува петте леба и двете риби и им ги дава на учениците да му ги поделат на народот

ПОГЛАВЈЕ 52

Илјадници нахранети со неколку леба и две риби

МАТЕЈ 14:13-21; МАРКО 6:30-44; ЛУКА 9:10-17; ЈОВАН 6:1-13

  • ИСУС НАХРАНИЛ 5.000 МАЖИ

Откако се вратиле од своето проповедничко патување низ Галилеја, дванаесетте апостоли биле пресреќни и му раскажале на Исус за „сѐ што направиле и поучувале“. Се разбира, биле уморни. Освен тоа, не стигнале ни да јадат бидејќи постојано доаѓале и си оделе многу луѓе. Затоа Исус им рекол: „Дојдете со мене на едно осамено место и одморете се малку“ (Марко 6:30, 31).

Така се качиле на еден чамец, веројатно некаде близу Капернаум, и се упатиле кон едно осамено место на источната страна од реката Јордан, преку Витсаида. Меѓутоа, мнозина ги виделе кога заминувале и тоа им го кажале и на други. Сите заедно брзо тргнале пешки по брегот. Кога чамецот пристигнал, народот веќе бил таму.

Кога Исус излегол од чамецот и го видел мноштвото, се сожалил на луѓето бидејќи биле како овци без пастир. Затоа почнал „да ги поучува за многу работи“ поврзани со Царството (Марко 6:34). Исто така, ги излекувал ‚оние на кои им требало лекување‘ (Лука 9:11). Бидејќи денот се ближел кон крајот, учениците му рекле: „Местово е пусто, а веќе е доцна. Распушти го народот, нека оди по селата и нека си купи нешто за јадење“ (Матеј 14:15).

Исус им одговорил: „Не треба да одат, дајте им вие да јадат“ (Матеј 14:16). Исус знаел што ќе направи околу тоа, но сакал да види како размислува Филип. Затоа го прашал: „Од каде да купиме леб за да јадат?“ Тоа прашање му го поставил на Филип затоа што тој бил од блиското гратче Витсаида. Но, и да купеле леб, со тоа не би го решиле проблемот бидејќи имало околу пет илјади мажи. А заедно со жените и децата, бројката можеби била двојно поголема! Филип одговорил: „Кога би купиле леб дури и за двесте денарии [еден денариј изнесувал една дневница], не би имало доволно за секој да добие по малку“ (Јован 6:5-7).

Исус зборува со едно мало момче кое има пет леба и две мали риби

И Андреј очигледно мислел дека е невозможно да се нахранат толку многу луѓе. Тој рекол: „Овде има едно момче, кое има пет јачменови леба и две мали риби. Но што е тоа за толку многу народ?“ (Јован 6:9).

Било пролет, пред Пасхата во 32 год. од н.е., и полињата биле покриени со зелена трева. Исус им рекол на учениците да им кажат на луѓето да поседнат на тревата во групи од по педесет и од по сто луѓе. Потоа ги зел петте леба и двете риби, му се заблагодарил на Бог и почнал да ги крши лебовите и да ги дели рибите. Парчињата им ги давал на учениците за да им ги поделат на народот. Сите јаделе и се наситиле!

Подоцна, Исус им рекол на учениците: „Соберете ги парчињата што останаа за да не пропадне ништо“ (Јован 6:12). Учениците собрале сѐ што останало и наполниле дванаесет кошници!

  • Зошто Исус сакал со своите апостоли да отиде на некое осамено место?

  • Каде отишле Исус и учениците, но на што наишле таму?

  • Што му предложиле учениците на Исус, но како тој се погрижил за народот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели