-
Да бидеме обединети како што се обединети Јехова и ИсусСтражарска кула (за проучување) 2018 | Јуни
-
-
ЉУБОВТА И ПОНИЗНОСТА ГИ ПОБЕДУВААТ ПРЕДРАСУДИТЕ
8. Кое важно начело е темел за нашето единство? Објасни.
8 Исус ги поучил своите следбеници за едно важно начело кое е темел за нашето единство. Тој им рекол: „Сите вие сте браќа“. (Прочитај Матеј 23:8, 9.) Една причина зошто може да се каже дека сме браќа е тоа што сите сме потомци на Адам (Дела 17:26). Но има уште една причина. Исус објаснил дека неговите ученици се браќа и сестри затоа што сите тие го сметаат Јехова за свој небесен Татко (Мат. 12:50). Освен тоа, тие станале дел од Божјето семејство и се обединети со љубов и со вера. Затоа, во своите писма, апостолите честопати ги нарекувале другите соверници браќа и сестри (Рим. 1:13; 1. Пет. 2:17; 1. Јов. 3:13).a
-
-
Да бидеме обединети како што се обединети Јехова и ИсусСтражарска кула (за проучување) 2018 | Јуни
-
-
a Зборот „браќа“ може да ги вклучува и сестрите во собранието. Павле им пишал писмо на браќата во Рим, но јасно е дека притоа мислел и на сестрите, бидејќи спомнал некои од нив по име (Рим. 16:3, 6, 12). Списанието Стражарска кула со години ги нарекува вистинските христијани браќа и сестри.
-