ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • „Почеток на болни неволји“

      11, 12. На кој начин I светска војна била само „почеток на болни неволји“?

      11 Почетните стихови од Исусовото пророштво завршуваат со зборовите: „Овие работи се почеток на болни неволји“. Ова сигурно било случај со I светска војна. Нејзиниот крај во 1918 година не донел мир за долго време. Наскоро по него следеле ограничени но сурови воени акции во Етиопија, Либија, Шпанија, Русија, Индија и во други земји. Потоа дошла ужасната II светска војна, која одзела 50-тина милиони животи на војници и цивили.

      12 Освен тоа, и покрај повремените мировни договори и затишја на борбите, човештвото сѐ уште војува. Во 1987 било известено дека од 1960 година се воделе 81 поголема војна, во кои загинале 12.555.000 мажи, жени и деца. Во 1987 се водеа повеќе војни отколку во која и да е претходна година во пишаната историја.1 Освен тоа, воените подготовки и издатоци, кои сега достигнуваат вкупно околу 1.000.000.000.000 долари годишно, ја нарушуваат светската економија.2 Исусовото пророштво дека ‚нација ќе се дигне против нација и царство против царство‘, сигурно се исполнува. Црвениот коњ на војната го продолжува своето разбеснето јавање низ Земјата. Но, што е со вториот аспект на знакот?

  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • 14. Кои поголеми случаи на глад од 1914 година го исполниле Исусовото пророштво?

      14 Можно ли е ова пророштво да се исполнува денес, кога некои земји достигнаа толку висок животен стандард? Еден поглед на светот во целина не остава никакво сомневање во врска со одговорот. Според историјата, гладот го предизвикуваат војните и природните катастрофи. Затоа, не изненадува тоа што нашиов век, кој веќе доживеал премногу катастрофи и војни, постојано бил измачуван од глад. Многу делови на Земјата доживеале такви катастрофи од 1914 година. Еден извештај наведува повеќе од 60 поголеми случаи на глад од 1914 година, во толку оддалечени земји како што се Грција, Холандија, СССР, Нигерија, Чад, Чиле, Перу, Бангладеш, Бенгал, Кампучија, Етиопија и Јапонија.3 Некои од овие случаи на глад траеле повеќе години и предизвикале смрт на милиони луѓе.

  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • Земјотреси

      17. Кој разорен земјотрес се случил кратко после 1914 година?

      17 На 13 јануари 1915, само неколку месеци од почетокот на I светска војна, еден земјотрес го погодил Абруци (Италија) и одзел 32.610 животи. Оваа голема катастрофа нѐ потсетува дека војните и оскудицата на храна за време на Исусовата присутност ќе бидат придружени со уште нешто: „Ќе има . . . земјотреси од едно место во друго“. Како што беше случај со војната и со гладот, земјотресот во Абруци бил само „почеток на болни неволји“.a

  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • 20. Која истакната епидемија била делумно исполнување на Исусовото пророштво за чумите?

      20 Во 1918 и 1919 година, повеќе од 1.000.000.000 луѓе се разболеа од шпанската грозница, додека повеќе од 20.000.000 умреа. Болеста одзеде повеќе животи отколку што одзеде големата војна.7 А ‚поморот‘, односно ‚чумата‘, продолжува да ја измачува оваа генерација и покрај многуте извонредни напредоци во медицината. Зошто? Како прво, посиромашните земји не ги уживаат секогаш користите од научниот напредок. Сиромашните луѓе заболуваат и умираат од болести кои би можеле да се излечат доколку би им стоеле на располагање повеќе пари.

  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • a Помеѓу 1914 и 1918 имало најмалку пет земјотреси со јачина од 8 или повеќе степени според Рихтеровата скала — посилни од земјотресот во Абруци. Меѓутоа, овие земјотреси се случиле во оддалечени подрачја на Земјината топка и затоа не привлекле толкаво внимание како потресот во Италија.5

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели