ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/11 стр. 8-13
  • Истрајност која ја добива победата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Истрајност која ја добива победата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се истрае до крајот
  • Потребна квалификација
  • Чекање со непоколеблива истрајност
  • Љубовта кон Бог ни помага да истраеме
  • Истрајноста — животоважна за христијаните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Погледнете го добро оној што истраја
    „Појди по мене!“
  • „Истрајноста нека го доврши своето дело“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Тесно соработувај со Јеховината организација
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/11 стр. 8-13

Истрајност која ја добива победата

”Истрајноста навистина ви е потребна за да со вршењето на Божјата волја го постигнете ветувањето“ (ХЕБРЕЈИМА 10:36, Стварност).

1. Зошто истрајноста е битна за сите кои денес му служат на Јехова Бог?

ЦЕЛИОТ овој свет лежи во моќта на бунтовен бог. Неговиот невидлив владетел, Сатана Ѓаволот, ги концентрира сите свои напори да му се спротивстави на Јехова и да се бори против оправдувањето на Јеховиниот универзален суверенитет преку Месијанското Царство. Со тоа станува неизбежно овој свет постојано да му се противи на секој којшто ќе му се предаде на Бог и кој ќе застане на Негова страна во спорното прашање за суверенитетот (Јован 15:18-20; 1. Јованово 5:19). Затоа, секој од нас мора да се напрега да истрае додека овој свет не пропадне при конечниот пораз во Армагедон. За да бидеме меѓу Божјите победници кои го совладуваат светот со својата вера и интегритет, мораме непопустливо да истраеме до крајот (1. Јованово 5:4). Како можеме да го сториме тоа?

2, 3. Како Јехова Бог и Исус Христос се најголемите примери на истрајност?

2 Како прво, можеме да бараме охрабрување во два извонредни примера на истрајност. Кои се тие? Едниот е Исус Христос, ’првородениот пред секоја твар‘, кој верно истрајал во Божјата служба откако бил создаден во некое непознато време во минатото. Во својата одлучност да му служи на Бог верно, Исус станал пример за сите интелигентни суштества кои после тоа биле создадени на небото и на Земјата (Колосјаните 1:15, 16). Меѓутоа, најголемиот пример на истрајност е Јехова Бог, кој долго го поднесувал бунтот против својот универзален суверенитет и кој и понатаму така ќе постапува сѐ додека конечно не го реши спорното прашање за суверенитетот.

3 Јехова истрајал на извонреден начин во работи во кои биле вклучени неговото достоинство и неговите најдлабоки лични чувства. И покрај големиот предизвик се воздржувал и се ограничувал да дејствува против оние кои го клеветеле — вклучувајќи го и Сатана Ѓаволот. Ние сме благодарни за Божјата истрајност и за неговото милосрдие. Без нив, ние не би му се радувале ни на најкраткото постоење. Навистина, Јехова Бог се истакнува и е неспоредлив во својата истрајност.

4, 5. (а) Како Павловата споредба за грнчарот ја покажува Божјата истрајност и неговото милосрдие? (б) Како Божјата милост ќе се покаже дека не била потрошена залудно?

4 Апостол Павле укажува и на истрајноста и на Божјето милосрдие кога вели: ”Грнчарот — нема ли право над глината, од едно и исто месиво да направи еден сад за честење, а друг за нечесна употреба? Па што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја јави Својата моќ, со голема долготрпеливост поднесе некои садови на гневот, приготвени за погибел? Иако Он, за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдноста, приготвувани од Него за слава, нѐ помилува нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците“ (Римјаните 9:21-24).

5 Како што покажуваат овие зборови, во овој сегашен период на својата истрајност, Јехова продолжува со својата славна намера и покажува милосрдие над одредени човечки садови. Тој ги подготвува тие садови за вечна слава, а со тоа ги победува злобните намери на својот голем противник, Сатана Ѓаволот, и сите придружници на Сатана. Не се покажале сите од човештвото како садови на гневот кои заслужуваат уништување. Тоа добро зборува за стрпливата истрајност на Семоќниот Бог. Неговата милост нема да биде залудна. Таа ќе доведе до (1) славно Царско семејство на небото под Јеховиниот љубен Син, Исус Христос, и (2) обновен и усовршен род на човечки суштества на рајска Земја, сите наследници на вечен живот.

Да се истрае до крајот

6. (а) Зошто христијаните не можат да го избегнат испитот на истрајност? (б) Што обично означува грчкиот збор за ”истрајност“?

6 Со таква прекрасна надеж пред нас, постојано треба да ни ѕвонат во ушите Исусовите закрепнувачки зборови, имено: ”Кој ќе истрае до крајот, ќе биде спасен“ (Матеј 24:13, Ст). Важно е добро да се започне патот на христијански ученик. Но она што е крајно важно е како ќе издржиме, колку добро ќе го завршиме патот. Апостол Павле го нагласил тоа кога рекол: ”Истрајноста навистина ви е потребна за да со вршењето на Божјата волја, го постигнете ветувањето“ (Хебрејима 10:36, Ст). Грчкиот збор овде преведен со ”истрајност“ е хипомоне́. Тоа обично означува храбра, непоколеблива или трпелива истрајност која не губи надеж кога се соочува со препреки, прогонства, испити и искушенија. Ако се надеваме да добиеме конечно спасение, мораме да се подложиме на испит на истрајност како дел од неопходната подготовка за тоа спасение.

7. Каква измама мораме да избегнуваме, и чиј пример ќе ни помогне да истраеме?

7 Не треба да се залажуваме со самодопадливата замисла дека можеме набрзина да се ослободиме од испитот. Со цел спорните прашања за универзалниот суверенитет и човечкиот интегритет да бидат одлучно одговорени, Јехова не се штедел. Поднел непријатни работи иако можел веднаш да ги избрише. Исус Христос исто така бил пример за истрајност (1. Петрово 2:21; спореди Римјаните 15:3-5, NW). Со овие светли примери пред нас, секако и ние сме спремни да истраеме до крајот (Хебрејима 12:2, 3, Ст).

Потребна квалификација

8. Која особина којашто ни е потребна на сите нас, ја покажал апостол Павле?

8 Ниеден Божји слуга, уште од најрани времиња, не бил ослободен од потребата да ја докаже својата беспрекорност со истрајување. Многу истакнати поединци во библиската историја кои останале верни до смртта и ги исполниле условите за бескраен живот на небото, морале да ја докажат својата непоколебливост. На пример, поранешниот фарисеј Савле од Тарс, им рекол на Коринтјаните: ”Во ништо не сум останал зад ’надапостолите‘, иако не сум ништо. Она по кое се познава апостолот, е извршено меѓу вас со голема истрајност: и со чудесни знаци и силни дела“ (2. Коринћанима 12:11, 12, Рупчиќ). И покрај товарот на работата, Павле ја ценел својата служба толку многу што доста поднел и искрено се трудел да не ѝ нанесе никаков срам (2. Коринтјаните 6:3, 4, 9, NW).

9. (а) Како помазаниот остаток покажал истрајност, и со каков резултат? (б) Што ни служи како поттик верно да продолжиме во божествената служба?

9 Во поново време, помазаните христијани кои му служеле на Бог пред Првата светска војна, знаеле дека 1914 ќе го обележи крајот на Времињата на народите, и многу од нив очекувале да добијат небеска награда во таа значајна година. Но тоа не се случило. Како што фактите сега покажуваат, требало да поминат уште децении. Во текот на тоа неочекувано продолжување на нивниот земски животен пат, биле подложени на прочистување од раката на Јехова Бог (Захарија 13:9; Малахија 3:2, 3). Продолжената истрајност се покажала на нивно подобрување. Како Јеховини слуги, тие се радувале да бидат назначени како народ за негово име (Исаија 43:10-12; Дела на апостолите 15:14). Денес, откако поминале низ две светски војни и бројни помали судири, тие се радуваат што растечко големо мноштво на други овци, кое сега брои повеќе од четири милиона, им помага во ширењето на добрата вест. Духовниот рај на којшто тие се радуваат, се раширил по целата Земја, дури до најоддалечените морски острови. Тоа наклонето постапување, кое колку што подолго живееме сѐ повеќе и повеќе го цениме, послужило како подбуда верно да се продолжи во божествената служба сѐ додека потполно не се изврши Јеховината волја и намера.

10. Што ни е редовно потребно за да нема слабеење меѓу нас?

10 Бидејќи нашата награда зависи од нашата непоколебливост, постојано ни е потребна опомена за таа важна работа (1. Коринтјаните 15:58; Колосјаните 1:23). Со цел да нема слабеење меѓу Јеховиниот народ, треба редовно да бидеме охрабрувани да се држиме за вистината и за драгоцената предност да ја шириме вистината, како што било со новоформираните собранија во првиот век преку повторните посети на Павле и Варнава (Дела на апостолите 14:21, 22). Нека биде наша цврста одлука и решеност, како што се изразил апостол Јован, вистината да остане во нас, и ’да биде со нас секогаш‘ (2. Јованово 2).

Чекање со непоколеблива истрајност

11. Што изгледа дека е Божје правило со неговите слуги, и како тоа било покажано во случајот на Јосиф?

11 Потребно е време за да се заврши испитот кој се однесува на нас (Јаков 1:2-4). ’Чекај! Чекај! Чекај!‘ како да било Божјето правило со неговите слуги од старо време кога биле испитувани во поглед на нивната одлучност да продолжат во верата. Но на крајот, чекањето секогаш се покажало наградувачко за тие верни слуги. На пример, Јосиф морал да чека 13 години како роб и како затвореник, но искуството ја прочистило неговата личност (Псалми 105:17-19, NW).

12, 13. (а) Како бил Авраам пример на верна истрајност? (б) На кој начин Авраамовата вера и истрајност претставуваат пример за нас?

12 Авраам имал веќе 75 години кога Бог го повикал од Ур Халдејски да оди во Ветената Земја. Имал околу 125 години кога ја добил потврдата која била под заклетва на Божјето ветување — која била дадена веднаш откако Авраам ја покажал јачината на својата вера со тоа што отишол дури до таму што го принел својот љубен син, Исак, за жртва, а застанал дури кога Јеховиниот ангел му ја запрел раката и го спречил жртвувањето (1. Мојсеева 22:1-18). Педесет години било долго време за Авраам да чека како туѓинец во странска земја, но издржал уште 50 години додека умрел на 175-годишна возраст. За сето тоа време, Авраам бил верен сведок и пророк на Јехова Бог (Псалми 104:9-15).

13 Авраамовата вера и истрајност се дадени како пример за сите Божји слуги кои сакаат да ги добијат ветените благослови преку Исус Христос, Семето на Авраам (Евреите 11:8-10, 17-19). Во врска со него, во Евреите 6:11-15, (ДК) читаме: ”Сакаме секој од вас да ја покаже истата таа грижа за да надежта цврсто се одржи до самиот крај; Да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние кои со вера и трпение ги добиваат ветувањата. Бидејќи кога Бог му вети на Аврам, не имајќи ништо поголемо со што да се заколне, се заколна со самиот себе, Велејќи: навистина благословувајќи ќе те благословам, и намножувајќи ќе те намножам. И така трпејќи долго, го доби ветувањето“.

14. Зошто не треба да мислиме дека испитот на истрајност е бескраен, а наградата измамлива?

14 Помазаниот остаток веќе видел како поминале 77 години од крајот на Времињата на народите во 1914, кога некои од нив го очекувале прославувањето на вистинското христијанско собрание на небото. Уште колку долго треба остатокот да чека, не знаеме. Тогаш, зар треба да се колебаме и да мислиме дека чекањето е бескрајно, а наградата ’ветер во магла‘? Никако! Тоа никогаш не би ја оправдало Божјата сувереност или да му донесе чест на неговото име. Тој не би бил оправдан пред светот кога ќе ни ја додели победата и со тоа поврзаниот вечен живот. Без оглед на должината на времето, остатокот, заедно со своите верни придружници слични на овци, се одлучни да чекаат Јехова да дејствува во свое време. Во покажувањето на таквата примерна истрајност, тие го следат патот на Авраам (Римјаните 8:23-25).

15. (а) Која е нашата девиза, и низ какви искуства Бог нѐ поддржал победоносно? (б) Која опомена од Павле е прикладна и за наше време?

15 Тогаш, девизата сѐ уште е — непоколеблива истрајност во вршењето на Божјата волја (Римјаните 2:6, 7). Во минатото тој нѐ поддржувал низ бројни неволји, вклучувајќи затворања и концентрациони логори, и победоносно нѐ извлекол на слава на своето име и намера.a Во текот на времето кое уште преостанува до завршувањето на нашиот испит, Јехова ќе продолжи да го прави истото. Павловата опомена е прикладна и за нашето време: ”Бидејќи ви е потребна непоколеблива стрпливост и истрајност, за да ја извршите и потполно ја постигнете Божјата волја, и така го добиете и однесете и потполно му се радувате на она што е ветено“ (Хебреите 10:36, The Amplified Bible; Римјаните 8:37).

16. Зошто на нашето предание на Јехова не треба да гледаме само како на ограничен начин или со резерва?

16 Тогаш, сѐ додека Јехова има работа за нас среде овој злобен свет, следејќи го Исусовиот пример, сакаме да бидеме вклучени во тоа дело додека не се заврши (Јован 17:4). Нашето предание на Јехова не било под договор дека ќе му служиме само за кратко време и дека потоа ќе дојде Армагедон. Нашето предание било засекогаш. Божјето дело за нас нема да заврши со битката на Армагедон. Меѓутоа, само откако ќе го завршиме делото кое треба да се изврши пред Армагедон, ќе ги видиме величествените работи кои треба да дојдат после таа голема војна. Тогаш, како надополнение на среќната предност да го продолжиме неговото дело, ќе бидеме наградени со долгоочекуваните благослови коишто ги ветил тој (Римјаните 8:32).

Љубовта кон Бог ни помага да истраеме

17, 18. (а) Што ќе ни помогне да истраеме со Божје одобрение во време на неволја? (б) Што ќе ни помогне да ја добиеме победата, и што не велиме за времето кое останува?

17 Можеби, кога се наоѓаме во неволја, би можеле да се прашаме: ’Како можеме уште повеќе да истраеме?‘ Каков е одговорот? Ако го сакаме Бог со сето свое срце, ум, душа и сила. ”Љубовта е долготрпелива и љубезна. Љубовта не е љубоморна и не се фали, не се дува. Сѐ поднесува, сѐ верува, во сѐ се надева, сѐ претрпува. Љубовта никогаш не изневерува“ (1. Коринтјаните 13:4, 7, 8, NW). Ако не истраеме заради љубов кон Бог, нашата истрајност нема да вреди. Но ако истраеме под товарите поради нашата оддаденост на Јехова, тогаш нашата истрајност ќе ја продлабочи љубовта кон него. Љубовта кон Бог, својот Татко, му овозможила на Исус да истрае (Јован 14:30, 31; Евреите 12:2). Ако нашиот вистински мотив е љубовта кон Бог, нашиот Татко, што е тоа што не ќе можеме да го издржиме?

18 Нашата непоколеблива љубов кон Јехова Бог ни овозможила да останеме победници над светот во текот на ова најкритично време на испитување. А Јехова, преку Исус Христос, ќе продолжи да ни ја дава помошта која ни е потребна, без разлика колку долго ќе му биде допуштено на овој стар систем да постои (1. Петрово 5:10). Се разбира, ние не предвидуваме уште колку време преостанува, и не одредуваме некој посебен датум. Тоа го оставаме на Големиот Контролор на времето, Јехова Бог (Псалми 31:15, ДК).

19, 20. (а) Како треба да гледаме на секој изминат ден во кој истрајуваме? (б) Која лудост сакаме да ја избегнеме, и зошто?

19 Меѓутоа, генерацијата која била проречена дека ќе биде сведок и дека ќе го доживее ”завршетокот на системот“ сега е во доста поодминати години (Матеј 24:3, 32-35, NW). Затоа никогаш да не заборавиме дека секој ден што поминува во кој ние истрајуваме значи еден ден помалку за Сатана и неговите демони во кој ќе ја валкаат вселената со своето присуство, и еден ден поблиску до времето кога Јехова повеќе нема да го поднесува постоењето на ’садовите на гневот, приготвени за погибел‘ (Римјаните 9:22). Набрзо, кога долготрпеливоста на Јехова Бог ќе дојде при крајот, тој ќе го излие својот гнев над безбожните мажи и жени. Така ќе го открие своето божествено неодобрување на нивниот начин на постапување, иако им дозволил да продолжат за сето ова време.

20 Би било крајно лудо од нас да ги прекинеме своите доброљубиви напори да ја добиеме славната награда која ни се пружа преку Исус Христос. Наместо тоа, решени сме верно да продолжиме како Сведоци за Јехова во ова многу важно време кога Јехова наскоро ќе се оправда себеси како Универзален Суверен.

[Фуснота]

a На пример, Кристина Елизабет Кинг напишала: ”[Нацистичката] власт беше неуспешна само против Сведоците, бидејќи иако убија илјадници Јеховини сведоци, движењето сѐ уште беше живо, додека националсоцијализмот не беше. Бројот на Сведоците се зголеми и не беа направени никакви компромиси. Движењето доби маченици и успешно извојува уште една битка во војната на Јехова Бог“ — The Nazi State and the New Religions: Five Case Studies in Non-Conformity (Нацистичката држава и новите религии: Пет студии на парници за нонконформизам, стр. 193).

Како би одговорил?

◻ Зошто не можеме да избегнеме нашата истрајност да биде испитана?

◻ Какво залажување сакаме да избегнеме?

◻ Што е потребно за да избегнеме слабеење меѓу нас?

◻ Која е нашата девиза?

◻ Што ќе ни помогне да истраеме во време на неволји?

[Слика на страница 11]

Јеховиниот народ, како овие Сведоци во Порт оф Спејн, Тринидад, секогаш бил спремен да чека на Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели