ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Верата во пророштвата го спасува животот
    Стражарска кула 2007 | 1 Април
    • По три месеци, Цестиј Гал, управител на Сирија, напредува кон југ со 30.000 војници за да ја задуши побуната на Евреите. Неговата војска стигнува во Ерусалим за време на Празникот на сеници и брзо навлегува во предградијата. Зелотите, бројно далеку надминати од Римјаните, бараат спас во тврдините на храмот. Наскоро римските војници ги поткопуваат храмските ѕидишта. Евреите ги обзема ужас. Пагански војници го сквернават најсветото место на јудаизмот! Но, христијаните во градот се присетуваат на зборовите на Исус: ‚Кога ќе видите дека гадотијата која пустоши стои на свето место, тогаш оние што ќе бидат во Јудеја, нека бегаат во планините‘ (Матеј 24:15, 16). Ќе покажат ли вера во она што го прорекол Исус и ќе постапат ли како што им рекол? Од тоа им зависел животот, како што се видело на крајот... Но, како да се побегне?

      Одеднаш и без никаква очигледна причина, Цестиј Гал ги повлекува своите трупи и се упатува кон брегот, а зелотите му се зад петици. Неверојатно, но неволјата што му се закануваше на градот е прекината! Со вера дека работите ќе се одвиваат така како што прорекол Исус, христијаните пребегнуваат од Ерусалим во Пела, град што не е вмешан во судирот, а се наоѓа на планините од другата страна на реката Јордан. Бегството е направено во вистинскиот момент. Набрзо зелотите се враќаат во Ерусалим и ги принудуваат преостанатите жители на градот да им се придружат во побуната.a За тоа време, христијаните што се наоѓаат на безбедно во Пела се во исчекување на она што следи.

  • Верата во пророштвата го спасува животот
    Стражарска кула 2007 | 1 Април
    • a Еврејскиот историчар Јосиф известува дека зелотите ги гонеле Римјаните седум дена и потоа се вратиле во Ерусалим.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели