Се сеќаваш ли?
Дали уживаше во читањето на последните изданија на Стражарска кула? Тогаш, сигурно ќе ти биде занимливо да се потсетиш на следново:
▫ Какви уверливи докази дале различните дејствувања на светиот дух во првиот век?
Тие дејствувања пружиле видлив доказ дека Бог повеќе не го употребувал израелското собрание, старо 1.500 години, како свој посебен народ, туку неговото признание сега го имало новото христијанско собрание коешто го основал неговиот единороден Син. (Спореди Евреите 2:2-4.) (15. 8., страница 5).
▫ Што придонесува за феноменалниот пораст што го доживуваат Јеховините сведоци?
Првенствено, тоа се должи на Божјиот благослов. Тоа е Божје дело. Сѐ што Јеховините сведоци поучуваат во нивното дело на евангелизација се темели на Библијата. Другиот клуч за нивниот успех е што потполно го признаваат Христос Исус, поставен како Глава на христијанското собрание (1. 9., страница 19).
▫ Зошто Јехова покажал милост спрема Давид со оглед на неговиот голем грев со Витсавеја (Бат-шеба)?
Воглавно тоа било поради сојузот за Царство којшто Бог го склучил со Давид, но тоа се должело и на Давидовата сопствена милосрдност и неговото искрено каење (1. Царства 24:4-7; 2. Царства 7:12; 12:13; Псалми 50:1, 2, 17) (15. 9., страници 10, 11).
▫ Кои три вида на докази ги пружаат Христијанските Грчки списи во прилог на Исусовото месијанство?
Исусовата лоза е првиот вид на доказ (Матеј 1:1-16; Лука 3:23-38). Друг доказ се исполнетите пророштва. Постои буквално мноштво од пророштва, како што е она во Даниил 9:25, кое го идентификува Исус како Месија. Третиот вид на докази е сведоштвото на самиот Бог; тој го докажал тоа во три прилики со својот сопствен глас (Матеј 17:5; Лука 3:21, 22; Јован 12:28) (1. 10., страници 10, 12).
▫ Што мислел Исус кога рекол, како што е запишано во Матеј 24:37: „Како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето [присутноста, NW] на Синот Човечки“?
Ное ја градел арката и ги предупредувал злобните со децении пред да дојде Потопот и го избрише тој расипан светски систем. На сличен начин, Христовата невидлива присутност трае во период од неколку децении, во текот на кои се дава глобално сведоштво пред и тој да достигне кулминација во едно големо уништување (1. 10., страница 16).
▫ Кои се некои од најважните работи за добра семејна библиска студија?
За студијата треба да се откупи време. Не смееме да дозволиме времето да го пополнат ТВ емисии или други разоноди. Треба да се земат во обѕир посебните потреби на семејството. Поставувај целисходни прашања за да се увериш дали децата го разбираат она што го учат (Матеј 17:25, ДК). Одржувај ја атмосферата опуштена. Биди одушевен и вклучи ги сите во студијата (15. 10., страница 17).
▫ Колку треба да бидат загрижени христијаните за тоа дека во прехрамбените продукти можеби се додадени крвни состојки?
Христијаните треба да пазат да не бидат вознемирени само од можноста или од лажни гласови, а потребна е разборитост дури и кога се проверуваат етикетите или кога се распрашува кај месарите. Меѓутоа, ако е познато дека крвта има широка употреба во местото — било како храна или за медицинско лечење — христијаните треба да внимаваат на Божјата заповед да се воздржуваат од крв (Дела на св. апостоли 15:28, 29) (15. 10., страници 30, 31).
▫ На кој начин Книгата Соломонови изреки ја истакнува духовната длабочина на методите на поучување што се користеле во Израел?
Книгата Соломонови изреки покажува дека нејзината цел била да ги поучи „неискусните“ (NW) за такви возвишени работи како што се мудрост, стега, разбирање, увид, расудување, остроумност, знаење и способност на размислување — а сето тоа во „стравот Господов“ (Соломонови изреки 1:1-7; 2:1-14) (1. 11., страница 12).
▫ Какво урамнотежено гледиште за образованието треба да имаат младите денес?
Христијаните треба на образованието да гледаат како на средство со кое се постигнува саканата цел. Нивната цел во овие последни денови е ако можат, да му служат на Јехова колку што можат повеќе и поделотворно во полновремената служба (1. 11., страница 18).
▫ Зошто Јехова барал нацијата Израел да плаќа десетоци?
Како прво, затоа што така можеле на опиплив начин да го покажат нивното ценење за Јеховината доброта. Второ, со тоа можеле да придонесат за издршката на левитите кои потоа можеле да се сконцентрираат на нивните обврски, вклучувајќи го и поучувањето за Законот. (Види 2. Дневници 17:7-9) (1. 12., страница 9).
▫ Што претставува десетокот на кој христијаните се повикани да го принесуваат? (Малахија 3:10).
Десетокот го претставува делот од она што го поседуваме, а коешто му го принесуваме на Јехова или го употребуваме во неговата служба. Тоа е знак на нашата љубов кон него и на нашето сфаќање дека му припаѓаме нему (1. 12., страница 15).