ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Правете го ова за мој спомен“
    Стражарска кула 2013 | 15 Декември
    • 9. Какво погрешно гледиште имаат некои за лебот што Исус им го разделил на апостолите?

      9 Во некои преводи на Библијата, оваа изјава на Исус е дословно преведена од грчки, и гласи: ‚Ова е моето тело‘. Затоа некои луѓе сметаат дека лебот со чудо се претворил во телото на Исус. Но, ова не е во склад со фактите.a Зошто? Затоа што Исус сѐ уште бил присутен во тело пред своите верни апостоли, а пред нив стоел и бесквасниот леб од кој требало да јадат. Јасно е дека Исус овде користел симболика, како што правел и во многу други прилики (Јован 2:19-21; 4:13, 14; 10:7; 15:1).

      10. Што претставува лебот кој се користи на Господаровата вечера?

      10 Лебот што апостолите можеле да го видат и од кој требало да јадат го претставувал Исусовото тело. Бидејќи Исус го раскршил лебот, но ниту една негова коска не била скршена, Божјите слуги порано мислеле дека лебот го претставува собранието од помазаници, кое Библијата го нарекува „Христовото тело“ (Еф. 4:12; Рим. 12:4, 5; 1. Кор. 10:16, 17; 12:27). Меѓутоа, откако потемелно истражувале во врска со тоа во Светото писмо, сфатиле дека лебот го претставува човечкото тело на Исус. Самиот тој ‚страдал во телото‘, и умрел прикован на столб. Според тоа, лебот што се користи на Господаровата вечера го претставува материјалното тело на Исус во кое тој ‚ги понел нашите гревови‘ (1. Пет. 2:21-24; 4:1; Јован 19:33-36; Евр. 10:5-7).

  • „Правете го ова за мој спомен“
    Стражарска кула 2013 | 15 Декември
    • 15, 16. Што се прави со лебот во текот на Господаровата вечера?

      15 При крајот на своето излагање, говорникот ќе каже дека сега е време да го направиме она што го направил Исус кога ја воспоставил Господаровата вечера. Двата симбола кои ќе се користат, бесквасниот леб и црвеното вино, веќе ќе стојат на масата до говорникот. Потоа тој ќе прочита од Библијата што направил Исус со лебот. На пример, би можел да го прочита извештајот од Матеј каде што пишува: „Исус зеде леб, кажа благослов, го раскрши, па им го раздели на учениците и рече: ‚Земете, јадете! Ова го претставува моето тело‘“ (Мат. 26:26). Исус го раскршил бесквасниот леб за да им го подели на апостолите кои седеле на трпезата од неговата лева и десна страна. Лебот што вечерта на 14 април ќе се користи како симбол веќе ќе биде раскршен и ставен во чинии.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели