ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/1 стр. 21
  • ”Ова е моето тело“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Ова е моето тело“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • „Правете го ова за мој спомен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Господовата вечера има големо значење за тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Зошто да се одбележува Господовата вечера?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/1 стр. 21

”Ова е моето тело“

”ЗЕМЕТЕ и јадете; ова е моето тело.“ (Матеј 26:26, Нова Ерусалимска Библија)

Со овие зборови Исус им го додал бесквасниот леб на своите апостоли кога ја воспоставил Господовата вечера. Но, што мислел со зборовите ”Ова е моето тело“?

ОДГОВОРОТ на ова прашање е важен за Римокатолиците, затоа што овие Исусови зборови го сочинуваат темелот на науката за транссупстанција. Според ова верување, кога католиците прават миса и земаат причесна, колачето се претвора во Христовото буквално тело, или месо. Затоа, тие воопшто не се согласуваат со Нов свет преводот на Светото писмо (New World Translation of the Holy Scriptures), кое Исусовите зборови ги преведува: ”Земете, јадете. Ова значи моето тело.“ Таквиот превод наведува на заклучок дека лебот бил симбол на Исусовото тело, а не самото тело. Кој превод ја посредува исправната мисла?

Грчкиот збор што се преведува со ”е“ или ”значи“, гласи естин’. Во основа значи ”е“, но исто така може да значи и ”означува, назначува“. Кој превод е подобар во овој контекст?

Да обратиме внимание на фуснотата кај Матеј 26:26 во делото Свето писмо, текст и коментар од професори на Исусовата дружба, Новиот завет (La Sagrada Escritura, Texto y comentario por Profesores de la Compañía de Jesús, Nuevo Testamento) на шпански јазик. Таму се вели: ’Од граматичка гледна точка, преводот можел исто така да биде преведен со означува или симболизира, како и со е - со значење на буквален идентитет. Како примери во кои значењето е симболизира, можат да се наведат 1. Мојсеева 41:26; Езекиел 5:5; Даниел 7:17; Лука 8:11; Матеј 13:38; 16:18; Галатјаните 4:24; Откровение 1:20. Вклучено е значењето на е (во смисла на; идентичен со), како што може да се види од прирачниците по догма, кои ја исклучуваат можноста за метафора или симболизам, а исто така и начинот на кој Працрквата ја сфаќала таа фраза‘.

Како што искрено покажува тој Римо-католички превод, Исусовите зборови можат граматички да се разберат на обата начина. Всушност, грчкиот збор естин’ преведен е на други места во католичката New Jerusalem Bible со ”значење на“ (Матеј 12:7). Кој збор би требало преведувачот на го избере во Матеј 26:26? Бидејќи Исус сѐ уште бил жив во совршено тело кога ги говорел зборовите од тој текст, лебот што им го понудил на своите следбеници не може да биде неговото буквално месо. Напротив, целото негово совршено човечко тело било принесено како откупна жртва (Колосјаните 1:21-23). Затоа најдобриот превод на тој стих гласи: ”Ова значи моето тело“. Бесквасниот леб го симболизирал Исусовото тело кое требало да се жртвува во корист на човештвото.

Дури и ако твојата Библија го содржи изразот: ”Ова е моето тело“, не треба да бидеш збунет. Исус често користел сличен јазик. Кога рекол: ”Јас сум врата“ и ”Јас сум вистинската лоза“, никој не разбрал дека тој бил буквална врата или буквална лоза (Јован 10:7; 15:1). И кога, според The New Jerusalem Bible, ја подал чашата со вино на своите ученици и рекол: ”Оваа чаша е нов завет“, никој не мислел дека таа чаша била буквално нов завет (Лука 22:20). Исто така, рекол дека лебот ”било“ неговото тело, ние треба да разбереме дека лебот ”значел“ или го симболизирал неговото тело.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели