ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Молитви кои сигурно ќе бидат исполнети
    Стражарска кула 1991 | 15 Септември
    • ПОСТОЈАТ молитви кои сигурно ќе бидат исполнети. Нивната суштина е отелотворена во примерната молитва која што Исус Христос им ја дал на своите ученици кога рекол: ”Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:9-13).

  • Молитви кои сигурно ќе бидат исполнети
    Стражарска кула 1991 | 15 Септември
    • ”Да дојде царството Твое“

      Исус исто така им рекол на своите следбеници да молат: ”Да дојде царството Твое.“ Молитвите за доаѓање на Божјето Царството сигурно ќе бидат исполнети. Царството е Јеховиното суверено владетелство изразено преку небесна Месијанска влада во рацете на неговиот Син, Исус Христос, и ”светите“ кои се здружени со него (Даниел 7:13, 14, 18, 22, 27, NW; Исаија 9:6, 7). Јеховините сведоци одамна докажале на темел на Библијата дека Исус бил устоличен како небесен Цар во 1914 година. Тогаш, зошто треба некој да моли Царството да ”дојде“?

      Молењето да дојде Царството всушност значи да се бара тоа да дојде против сите противници на божественото владетелство на Земјата. Наскоро ”тоа [Божје] царство (...) ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно“ (Даниил 2:44). Овој развој ќе придонесе за посветување на Јеховиното свето име.

      ”Да биде волјата Твоја“

      Исус понатаму ги учел своите ученици да се молат: ”Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата.“ Тоа е молба Јехова да постапи во склад со својата волја за Земјата. Таа е слична на изјавата на псалмистот: ”Сѐ што посака Господ [Јехова, NW], создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни; доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Он, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни, Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток, покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на Фараонот и врз сите слуги негови, порази многу народи и истреби силни цареви“ (Псалми 134:6-10 [135:6-10, ДК]).

      Молењето да биде Јеховината волја на Земјата е молба да се спроведат неговите намери во врска со Земјината топка. Тоа го вклучува трајното отстранување на неговите противници, како што ги отстранил во мал обем во старо време (Псалми 83:9-18, ДК; Откровение 19:19-21). Молитвите да биде Јеховината волја ширум Земјата и вселената, сигурно ќе бидат исполнети.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели