ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Најди го патот до вистинскиот успех!
    Стражарска кула 2012 | 15 Декември
    • 13. Каков совет дал Исус во врска со богатството?

      13 Во врска со богатството, Исус рекол: „Престанете да собирате богатство на земјата, каде што молецот и ’рѓата нагризуваат и каде што крадци провалуваат и крадат. Туку собирајте си богатство на небото, каде што ниту молец ниту ’рѓа не нагризуваат и каде што крадци не провалуваат и не крадат. Зашто, каде ти е богатството, таму ќе ти биде и срцето“ (Мат. 6:19-21).

  • Најди го патот до вистинскиот успех!
    Стражарска кула 2012 | 15 Декември
    • 15. Што треба да ни биде најважно?

      15 Некои верски водачи проповедаат дека е погрешно човек да вложува напори да биде успешен. Но, Исус не сакал да го каже тоа. Напротив, тој сакал да им каже на своите ученици дека треба да се трудат да бидат вистински успешни, со тоа што ќе си собираат трајно „богатство на небото“. Најмногу од сѐ треба да сакаме да бидеме успешни во Јеховини очи. Зборовите на Исус нѐ потсетуваат дека секој човек сам избира кон што ќе тежнее во животот. Сепак, факт е дека секој од нас ќе вложи најголем труд за да го добие она што му е во срцето, односно она што му е најважно.

      16. Во што може да имаме доверба?

      16 Ако во срцето сакаме да му угодиме на Јехова, може да бидеме уверени дека тој ќе ни даде сѐ што ни треба. Можеби понекогаш ќе дозволи да бидеме гладни или жедни, како што било случај со апостол Павле (1. Кор. 4:11). И покрај тоа, може да имаме доверба во следниве мудри зборови на Исус: „Немојте да бидете загрижени и да велите: ‚Што ќе јадеме?‘ — или: ‚Што ќе пиеме?‘ — или: ‚Што ќе облечеме?‘ Зашто, со сето ова се преокупирани луѓето од светот. А вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето тоа. Затоа, барајте ги најнапред царството и Божјата праведност, а сето ова ќе ви се додаде“ (Мат. 6:31-33).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели