ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/3 стр. 19
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Угледајте се на нивната вера
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Што учиме од Марија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Таа била благодатна пред Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/3 стр. 19

Прашања од читателите

Дали несовршеноста на девицата Марија имала негативен ефект врз зачнувањето на Исус?

Во врска со „раѓањето на Исус“, инспирираниот запис вели: „Кога мајка му Марија беше ветена за брак со Јосиф, пред да се состанат, се покажа дека таа е бремена од светиот дух“ (Матеј 1:18). Навистина, Божјиот свет дух одиграл пресудна улога во бременоста на Марија.

Но, како било со Марија? Дали нејзината јајце-клетка, односно овула играла некаква улога во таа бременост? Со оглед на ветувањата што Бог им ги дал на Авраам, Исак, Јаков, Јуда и цар Давид — предците на Марија — детето што ќе се роди морало да биде нивни вистински потомок (Битие 22:18; 26:24; 28:10—14; 49:10; 2. Самоил 7:16). Како инаку можело детето што ќе ѝ се роди на Марија да биде законски наследник на тие божествени ветувања? Тој, всушност, морало да биде нејзин вистински син (Лука 3:23—34).

Еден Јеховин ангел ѝ се појавил на девицата Марија и ѝ рекол: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла наклоност кај Бога; и еве, ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син, и треба да му го дадеш името Исус“ (Лука 1:30, 31). За да дојде до зачнување, потребно е јајцето да се оплоди. Изгледа Јехова предизвикал една јајце-клетка во материцата на Марија да се оплоди, така што го пренел животот на својот единороден Син од духовното подрачје на Земјата (Галатите 4:4).

Дали би можело едно дете зачнато на ваков начин од несовршена жена да биде совршено и да нема грев во својот физички организам? Како функционираат наследните закони кога ќе се спојат совршеност и несовршеност? Сети се дека светиот дух бил употребен при пренесувањето на совршената животна сила на Божјиот син и го предизвикал зачнувањето. Ова ја поништило секоја несовршеност што постоела во јајце-клетката на Марија, и на тој начин произвела генетски образец што бил совршен уште од својот почеток.

Во секој случај, можеме да бидеме сигурни дека дејствувањето на Божјиот свет дух во тој момент го гарантирало успехот на Божјата намера. Ангелот Гавриел ѝ објаснил на Марија: „Светиот дух ќе дојде на тебе и силата на Највишиот ќе те засени. Затоа и она што ќе се роди, ќе се нарече свето, Божји Син“ (Лука 1:35). Да, Божјиот свет дух формирал, така да се каже, заштитен ѕид, така што никаква несовршена или штетна сила не можела да го расипе ембрионот во развој уште од неговото зачнување.

Јасно, Исус му го должел совршениот човечки живот на својот небесен Татко, а не на некој човек. Јехова ‚му подготвил тело‘, а Исус — од зачнувањето па натаму — бил навистина „неизвалкан, одвоен од грешниците“ (Евреите 7:26; 10:5).

[Слика на страница 19]

„Ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели