„Полските кринови“
НЕВРАБОТЕНОСТ. Цените растат. Сиромаштво. Економски очај. Вакви зборови се почесто се појавуваат во весниците. А тие ги одразуваат тешкотиите со кои се соочуваат милиони луѓе додека се обидуваат да ги нахранат и облечат своите семејства и да задржат покрив над главата.
Подеднакво се погодени и верниците и неверниците. Но верниците не се препуштени самите на себе додека се соочуваат со овие проблеми. Зборувајќи им на понизните луѓе од првиот век, Исус рекол: „Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот [небески, NW] Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?“
Понатаму Исус рекол: „Погледајте ги [Научете се од, NW] полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; па, ако полската трева . . . Бог така ја облекува, а колку повеќе вас . . .?“ (Матеј 6:28-30).
Дали ова значи дека еден христијанин не треба да работи за својата живејачка? Ни случајно! Христијанинот се труди колку што е неопходно за да ги плати своите трошоци. Апостолот Павле рекол: „Кој не сака да работи, нека и не јаде“ (2. Солунјаните 3:10). Меѓутоа, христијанинот е свесен за Божјата љубезна грижа и има вера дека неговиот небесен Татко го чува. Затоа, животните грижи не го исфрлаат од рамнотежа. Дури и во тешки времиња приоритетните работи — духовните работи — тој ги става на прво место. Тој верува во Исусовите зборови: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се додаде“ (Матеј 6:33).