ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 37
  • Што вели Библијата за работата и за парите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за работата и за парите?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Како може да ти помогне Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 37
Лекција 37. Еден столар заковува шајка во дрво.

ЛЕКЦИЈА 37

Што вели Библијата за работата и за парите?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Дали некогаш си бил притиснат од грижи во врска со работата или парите? Понекогаш може да биде вистински предизвик да се грижиме за нашите материјални потреби и истовремено да му го даваме своето најдобро на Јехова. Но, во Библијата има практични совети кои можат да ни помогнат во тој поглед.

1. Што вели Библијата за работата?

Бог сака да уживаме во нашата работа. Во Библијата пишува дека „за човекот нема ништо подобро отколку да... ужива во добрите работи од неговиот труд“ (Проповедник 2:24). Самиот Јехова вредно работи. Кога го следиме неговиот пример во тој поглед, му носиме радост и се чувствуваме исполнето.

Сите знаеме дека е важно да се работи. Но, никогаш не треба да дозволиме работата да ни биде поважна од тоа да му служиме на Јехова (Јован 6:27). Тој ни ветува дека ќе се грижи за нашите физички потреби сѐ додека го ставаме него на прво место во животот.

2. Што значи да имаме урамнотежено гледиште за парите?

Библијата вели дека „парите се заштита“, но таа исто така нѐ предупредува дека тие не можат да нѐ направат вистински среќни (Проповедник 7:12). Затоа таа нѐ поттикнува да немаме љубов кон парите, туку да бидеме задоволни со она што го имаме. (Прочитај Евреите 13:5.) Така нема постојано да посакуваме да имаме нешто повеќе и да се измачуваме со чувства на незадоволство. Освен тоа, кога сме задоволни со она што го имаме, не се задолжуваме непотребно (Изреки 22:7). Исто така, не се коцкаме и не прифаќаме понуди за брзо и лесно збогатување.

3. Како може да бидеме несебични кога станува збор за парите?

Јехова е дарежлив Бог. Ако се трудиме да бидеме како него, и ние ќе бидеме дарежливи и спремно ќе го делиме со другите она што го имаме (1. Тимотеј 6:18). Може да покажеме несебичност така што ќе даваме доброволни прилози за собранието и ќе им помагаме на оние на кои им е потребна помош, особено на нашите соверници. На Јехова не му е важно колку даваме, туку од кој мотив го правиме тоа. Ако сме дарежливи од срце, ќе бидеме среќни и ќе го радуваме Јехова. (Прочитај Дела 20:35.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш зошто е добро да имаме исправен став кон работата и да бидеме задоволни со она што го имаме.

4. Биди добар работник бидејќи така ќе му носиш слава на Јехова

Нашето пријателство со Јехова треба да влијае врз нашиот став кон работата. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

Работи со сета душа за Јехова (4:39)

  • Што ти остави впечаток во врска со однесувањето на Џејсон и со неговиот став кон работата?

  • Што правеше тој за да ја задржи работата на исправно место во животот?

Прочитај Колошаните 3:23, 24, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто е важно каков став имаме кон работата?

Слики: Еден човек ја става работата на прво место во животот. 1. Во текот на денот, тој работи во една канцеларија. 2. Останува на работа и навечер. 3. Тој продолжува да работи и откако неговите колеги си заминале. 4. Тој вечера сам дома.

Важно е да се работи, но никогаш не треба да дозволиме работата да ни стане поважна од тоа да му служиме на Јехова

Слики: Истиот човек одвојува време за поважните работи. 1. Во текот на денот, тој работи во една канцеларија. 2. На крајот од работното време, тој си заминува дома. 3. Крева рака на собраниски состанок. 4. Тој вечера заедно со жена му и со нивните две деца.

5. За наше добро е ако сме задоволни со она што го имаме

Многу луѓе се трудат да стекнат што е можно повеќе пари. Но Библијата ни дава поинаков совет. Прочитај 1. Тимотеј 6:6-8, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • На што нѐ поттикнува Библијата?

Дури и ако имаме малку во материјален поглед, може да бидеме среќни. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Биди задоволен со она што го имаш (3:20)

  • Зошто овие семејства се среќни и покрај тоа што се сиромашни?

Но, што ако имаме многу во материјален поглед, а сакаме уште повеќе? Исус раскажал една споредба од која се гледа колку е опасен ваквиот став. Прочитај Лука 12:15-21, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што учиш од споредбата на Исус? (Види го стих 15.)

Прочитај ги и спореди ги зборовите од Изреки 10:22 и 1. Тимотеј 6:10. Потоа, разговарајте за овие прашања:

  • Што мислиш, што е поважно — да бидеш пријател со Јехова или да имаш многу пари? Зошто мислиш така?

  • Какви проблеми ќе имаме ако трчаме по пари?

6. Јехова ќе се грижи за нашите материјални потреби

Проблемите поврзани со работата и парите можат да бидат испит за нашата вера во Јехова. Што може да правиме ако имаме такви проблеми? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

ВИДЕОКЛИП: Јехова ќе се грижи за нашите потреби (6:30)

  • Со какви проблеми се соочи братот?

  • Како успеа да се справи со проблемите?

Прочитај Матеј 6:25-34, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што ни ветува Јехова ако него го ставиме на прво место во животот?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Не можам да одам на состаноците секоја седмица — морам да работам за да си го издржувам семејството“.

  • Кој библиски стих те уверува дека најдобрата одлука е секогаш да го ставаш Јехова на прво место во животот?

ШТО НАУЧИ:

Неопходно е да имаме работа и пари, но тие никогаш не треба да нѐ спречуваат да му служиме на Јехова најдобро што можеме.

Како би одговорил?

  • Што може да ти помогне да имаш урамнотежено гледиште кон работата?

  • Како ти користи тоа што си задоволен со она што го имаш?

  • Како можеш да покажеш дека имаш доверба во ветувањето на Јехова дека ќе се грижи за своите слуги?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Прочитај дали Библијата ги прикажува парите во лошо светло.

„Дали парите се корен на сето зло?“ (Статија на интернет)

Дознај како може да ги користиме парите за да го радуваме Бог.

„Што вели Библијата за давањето?“ (Статија на интернет)

Дали коцкањето е безопасна забава?

„Што вели Библијата — коцкање“ (Разбудете се! од март 2015)

Прочитај што му помогнало на еден човек кој бил коцкар и криминалец да направи коренити промени во животот.

„Тркачките коњи ми беа голема страст“ (Стражарска кула од 1 ноември 2011)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели