-
Што е крштавање?Одговор на библиски прашања
-
-
Крштавање со свет дух. И Јован Крстител и Исус Христос зборувале за крштавање со свет дух (Матеј 3:11; Лука 3:16; Дела 1:1-5). Тоа крштавање не е исто со крштавањето во името на светиот дух (Матеј 28:19). Која е разликата?
Само ограничен број следбеници на Исус се крстени со свет дух. Тие се помазани со свет дух бидејќи се повикани да служат заедно со Христос на небото како цареви и свештеници над Земјатаf (1. Петрово 1:3, 4; Откровение 5:9, 10). Тие ќе владеат над милионите следбеници на Исус кои имаат надеж за вечен живот во рајот на Земјата (Матеј 5:5; Лука 23:43).
-
-
Што е крштавање?Одговор на библиски прашања
-
-
Крштавање со оган. На оние што го слушале, Јован Крстител им рекол: „[Исус] ќе ве крсти со свет дух и со оган. Лопатата за веење му е во раката, и ќе го исчисти своето гумно и ќе го собере своето жито во амбарот, а плевата ќе ја изгори во оган што не може да се изгасне“ (Матеј 3:11, 12). Забележи дека има разлика меѓу крштавањето со оган и крштавањето со свет дух. Што сакал да каже Јован со оваа споредба?
Житото ги претставува оние што ќе го слушаат Исус и ќе му бидат послушни. Тие ќе бидат крстени со свет дух. Плевата ги претставува оние што нема да го слушаат Исус. Тие ќе бидат крстени со оган, што значи дека ќе бидат засекогаш уништени (Матеј 3:7-12; Лука 3:16, 17).
-