ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/11 стр. 8-11
  • Како да се биде добар татко

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се биде добар татко
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто не е лесно
  • Примерите на Јехова и на Исус
  • Многу е важен добриот пример
  • Најдете време за нив!
  • Можете да добиете помош
  • Родители, заштитете го вашето скапоцено наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Како да бидеш добар татко
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поучи го своето дете да му служи на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Татко на кој му нема рамен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/11 стр. 8-11

Како да се биде добар татко

ЕДНА статија во списанието Economist, во која се зборувало за слабеењето на семејните врски, започнала со оваа изјава што побудува интерес: „Лесно е да се стане татко, тешко е да се биде добар татко“.

Иако е тешко да се направат многу работи во животот, една од најтешките — и најважни работи — е да се биде добар татко. Секој татко би требало да сака да биде добар татко, бидејќи се работи за доброто и среќата на неговото семејство.

Зошто не е лесно

Едноставно кажано, една од главните причини зошто не е лесно да се биде добар татко е наследената несовршеност — како на родителите така и на нивните деца. „Склоноста на човечкото срце е зла од неговата младост“, вели Библијата (Битие 8:21, NW). Затоа, еден библиски писател отворено рекол: „Во грев ме зачна мојата мајка“ (Псалм 51:5; Римјаните 5:12). Склоноста да се прави лошо поради наследениот грев е само една од препреките што отежнуваат да се биде добар татко.

Овој свет, односно систем на работи, претставува уште една голема препрека. Зошто? Како што објаснува Библијата, затоа што „целиот свет лежи во власта на злобниот“, кој е разоткриен како оној „кој се вика Ѓавол и Сатана“. Исто така, Библијата го нарекува Сатана „богот на овој систем на работи“. Затоа, не е ништо чудно што Исус рекол дека неговите следбеници не треба да бидат „дел од светот“, како што не бил ни тој! (1. Јованово 5:19; Откровение 12:9; 2. Коринќаните 4:4; Јован 17:16).

За да може еден човек да биде добар татко, од пресудна важност е секогаш да биде свесен за својата наследена несовршеност, за Сатана Ѓаволот и за овој свет што е во негова власт. Овие препреки не се измислени. Тие се сосема реални! Но, каде може да се обрати еден човек за да научи како да ги совлада и како да стане добар татко?

Примерите на Јехова и на Исус

Еден татко може да ѝ се обрати на Библијата за да добие помош да ги совлада препреките спомнати погоре. Во неа се дадени прекрасни примери. Исус кажал кој е најдобриот пример кога ги поучил своите следбеници да се молат: „Татко наш, кој си на небесата“. Кога го опишува нашиот небесен Татко, Библијата едноставно вели: „Бог е љубов“. Како треба да реагира еден татко на овој пример на љубов? „Станете имитатори на Бог“, поттикнал апостол Павле, „и продолжете да одите во љубов“ (Матеј 6:9, 10; 1. Јованово 4:8; Ефешаните 5:1, 2).

Ако сте татко, размислете што можете да научите само од една прилика кога Бог му се обратил на Исус, својот Син. Стихот од Матеј 3:17 ни кажува дека, кога Исус се крстил во вода, од небото се чул Божјиот глас како вели: „Ова е мојот Син, љубениот, кого го одобрив“. Што можеме да научиме од ова?

Прво, помислете само како се чувствува едно дете кога татко му гордо ќе му рече некому: ‚Ова е син ми‘ или ‚Ова е ќерка ми‘. Малечките се чувствуваат убаво кога родителите ќе им посветат внимание, а особено се охрабрени кога ќе добијат пофалба. Тогаш детето најверојатно ќе биде мотивирано уште повеќе да се труди за да докаже дека ја заслужува таа пофалба.

Второ, Бог кажал што чувствува за Исус, нарекувајќи го „љубениот“. Сигурно Исус многу се израдувал кога Татко му нежно го рекол тоа. И Вашите деца ќе бидат охрабрени ако покажете дека многу ги сакате — како со зборови така и со своето време, внимание и грижа.

Трето, Бог му рекол на својот Син: „Јас те одобрив“ (Марко 1:11). Тоа е уште една многу битна работа што треба да ја прави еден татко — да им кажува на децата дека е задоволен од нив. Да бидеме реални — детето често ќе греши. Сите ние грешиме. Но, како татко, дали барате прилики да покажете дека ги одобрувате добрите постапки или зборови на Вашето дете?

Исус учел од својот небесен Татко. Додека бил на Земјата, со зборови и со пример покажал што точно чувствува неговиот Татко кон своите деца на Земјата (Јован 14:9). Дури и тогаш кога Исус бил зафатен или бил под стрес, одвојувал време да седне и да поразговара со децата. „Пуштете ги дечињата да доаѓаат кај мене“, им рекол на своите ученици, „не обидувајте се да ги запрете“ (Марко 10:14). Татковци, можете ли уште повеќе да го следите примерот на Јехова Бог и неговиот Син?

Многу е важен добриот пример

Не може доволно да се нагласи колку е важно да им дадете добар пример на своите деца. Вашите напори ‚да ги подигате во дисциплина и во Јеховино умствено насочување‘ веројатно нема да бидат многу успешни ако самите не се подложувате на Божјата дисциплина и не дозволувате таа да го насочува Вашиот живот (Ефешаните 6:4). Сепак, со Божја помош можете да ја надминете секоја препрека во извршувањето на неговата заповед да се грижите за Вашите деца.

Разгледајте го примерот на Виктор Гутшмит, Јеховин сведок од поранешниот Советскиот Сојуз. Во октомври 1957 бил осуден на десет години затвор затоа што им зборувал на другите за својата вера. Дома оставил две мали ќерки и својата сопруга, Полина. Додека бил во затвор, му било дозволено да му пишува писма на своето семејство, но му било забрането да спомнува нешто за Бог или за некоја религиозна тема. Сепак, дури и покрај овој проблем, Виктор бил решен да биде добар татко и знаел дека е многу важно да ги поучи своите деца за Бог. Затоа, што направил?

„Наоѓав материјал во советските списанија Млад природонаучник и Природа“, раскажува Виктор. „Земав разгледници и цртав животни и луѓе, а потоа ќе напишев некоја приказна или искуство во врска со природата“.

„Штом ќе ги добиевме разгледниците, веднаш ги поврзувавме со некои библиски теми“, вели Полина. „На пример, кога во нив беше прикажана убавината на природата, шумите или реките, го читав 65. поглавје од Исаија“, во кое се зборува за Божјите ветувања дека Земјата ќе стане рај.

Јулија, ќерката на Виктор, вели: „Тогаш мама ќе се помолеше со нас и ќе заплачевме. Тие картички одиграа голема улога во нашето воспитување“. Полина вели дека тие придонеле „девојчињата многу да го засакаат Бог уште од детството“. Каква е ситуацијата со тоа семејство денес?

Виктор објаснува: „Сега двете мои ќерки се омажени за христијански старешини, нивните семејства се духовно цврсти и нивните деца верно му служат на Јехова“.

За да се даде добар пример честопати е потребен и голем труд, а не само досетливост. Детските срца сигурно ќе бидат мотивирани кога ќе видат како нивниот татко искрено се труди. Еден син што поминал многу години во полновремена служба, со ценење го рекол следново за својот татко: „Понекогаш тато беше толку уморен од работа што едвај остануваше буден, но и покрај тоа проучуваше со нас. Тоа ни помогна да сфатиме колку е важна библиската студија“.

Се разбира, за да бидете добар татко многу е важно да дадете добар пример — и со зборови и со дела. Морате да го правите тоа ако сакате да ја искусите вистинитоста на библиската пословица, која гласи: „Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него“ (Пословици 22:6).

Затоа, не заборавајте дека не е важно само што зборувате туку дека особено е важно што правите — каков пример давате. Еден канадски педагог што се занимава со воспитување на мали деца напишал: „Најдобар начин да ги научиме нашите деца да се однесуваат [онака како што би сакале ние] е да им го покажеме тоа со личен пример“. Точно, ако сакате Вашите деца да ги ценат духовните работи, неопходно е тоа да го правите и Вие.

Најдете време за нив!

Вашите деца мораат да го видат Вашиот добар пример. Тоа значи дека треба да им посветите време — и тоа многу време, а не само да бидете со нив одвреме-навреме. Мудро следете го библискиот совет ‚да си откупувате време‘, односно да се откажувате од работи што не се толку важни за да можете да бидете со децата (Ефешаните 5:15, 16). Всушност, зар има нешто поважно од Вашите деца? На пример, дали Ви е поважно да имате телевизор со голем екран, професионална спортска опрема, убава куќа, Вашата работа?

Ако татковците не им посветуваат време на своите деца кога се мали, еден ден ќе мораат да платат за тоа. Татковците чии деца се впуштиле во неморал или во својот живот воопшто не помислувале на духовните работи, честопати многу се каат. Жал им е што не биле почесто со децата кога навистина им бил потребен татко.

Не заборавајте дека треба да мислите на последиците од своите одлуки токму кога децата се мали. Библијата вели дека Вашите деца се „дар од Господа“, нешто што Ви го доверил лично Бог (Псалм 127:3). Затоа, никогаш не заборавајте дека сте одговорни пред Бог за нив!

Можете да добиете помош

Добриот татко сака да прифати помош што ќе им биде од корист на неговите деца. Откако еден ангел ѝ кажал на жената на Маној дека ќе има дете, Маној го молел Бог: „Нека дојде уште еднаш кај нас и нека нѐ поучи што треба да правиме со детето кога ќе се роди“ (Судии 13:8, 9). Каква помош му била потребна на Маној, исто како што им е потребна и на родителите денес? Да видиме.

Брент Бургојн, кој предава на универзитетот во Кејптаун (Јужна Африка), забележал: „Еден од најголемите подароци што човек може да му ги даде на своето дете е да го поучи на исправни морални вредности“. Децата треба да бидат поучени на такви мерила, и тоа може да се види од еден извештај во јапонскиот весник Daily Yomiuri, каде што пишува: „Едно истражување покажува дека 71 процент од децата во Јапонија никогаш не чуле од својот татко дека не треба да се лаже“. Зарем ова не е жална слика?

Кој може да ги даде исправните морални вредности? Истиот оној што му дал водство на Маној — самиот Бог! За да помогне, Бог го испратил својот мил Син, Исус, да биде Учител — како што обично го нарекувале луѓето. Книгата Учи од Големиот Учител, која содржи поуки на темел на учењата на Исус, сега ја има на многу јазици за да се користи кога се поучуваат децата.

Учи од Големиот Учител не ги објаснува само вредностите што се темелат на Божјата реч туку напишаниот текст е илустриран со повеќе од 160 слики за кои има прашања поврзани со нив. На пример, во 22. поглавје, кое носи наслов „Зошто не треба да лажеме“, ја има сликата прикажана на 32. страница од ова списание. Текстот на страницата каде што се наоѓа оваа слика гласи: „Можеби едно дете му вели на татко си: ‚Не, јас не ја шутнав топката во куќата‘. Но, што ако ја шутнало? Би било ли исправно да рече дека не го направило тоа?“

Силни поуки се дадени и во поглавјата со наслов: „Послушноста те заштитува“, „Треба да им се спротивставиме на искушенијата“, „Поука да бидеме љубезни“, „Немој никогаш да станеш крадец!“, „Дали сите забави му се допаѓаат на Бог?“, „Како да го израдуваме Бог“ и „Зошто треба да работиме“. Ова се само неколку од 48⁠-те поглавја што ги содржи оваа книга.

Предговорот на оваа книга завршува со зборовите: „Децата особено треба да се насочат кон Изворот на сета мудрост, нашиот небесен Татко, Јехова Бог. Тоа е она што Исус, Големиот Учител, секогаш го правел. Искрено се надеваме дека оваа книга ќе ти помогне тебе и на твоето семејство да ги обликувате своите животи за да му угодите на Јехова, на Ваш вечен благослов“.a

Јасно е, да бидете добар татко значи да им дадете добар пример на своите деца, да им посветувате многу време и да им помагате да живеат во склад со Божјите мерила што се изнесени во Библијата.

[Фуснота]

a Други книги што ги издаваат Јеховините сведоци за да им помогнат на семејствата се Моја книга со библиски приказни, Младите прашуваат — делотворни одговори и Тајната на семејната среќа.

[Слика на страница 8]

Иако бил во затвор, Виктор Гутшмит успеал да биде добар татко

[Слики на страници 8 и 9]

Додека бил во затвор поради својата вера, Виктор ги цртал овие слики за да ги поучи своите деца

[Слика на страница 9]

Ќерките на Виктор во 1965

[Слика на страница 10]

Татковците треба да бидат активно вклучени во поучувањето на децата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели