Кога ‚ветровите ни се спротивни‘
Опишувајќи го вистинското искуство на Исусовите ученици додека се бореле да преминат преку Галилејското Море со чамец, евангелискиот писател Марко вели дека тие ‚се мачеле при пловењето, оти ветрот им бил спротивен‘. Додека сѐ уште бил на брегот, Исус ја видел нивната неприлика и на натприроден начин одел по морето за да дојде до нив. Кога ‚влегол кај нив во коработ, ветрот стивнал‘ (Марко 6:48—51).
Истиот библиски писател известил дека во една претходна прилика ‚се подигнала голема бура‘. Тогаш Исус ‚го прекорил ветрот . . . и ветрот стивнал‘ (Марко 4:37—39, NW).
Иако денес немаме предност да бидеме сведоци на такви натприродни настани, сепак, од нив можеме многу да научиме. Како несовршени луѓе кои живеат во опасни времиња, ние не сме имуни на ветровите на непријателство (2. Тимотеј 3:1—5). Всушност, понекогаш можеби имаме чувство дека неволјата, поврзана со личните испити, достигнува интензитет на бура. Но, нам ни е на располагање олеснување! Исус ја упатува поканата: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Матеј 11:28).
Кога се чини дека ‚ветровите ни се спротивни‘, можеме да доживееме „голем мир“ во срцето. Како? Со тоа што ќе имаме доверба во непогрешливите ветувања на Јехова Бог. (Спореди Исаија 55:9—11; Филипјаните 4:5—7.)