ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Се приближува вашето избавување“!
    Стражарска кула 2015 | 15 Јули
    • 2. Што требало да направат христијаните во 66 год. од н.е., и како успеале во тоа?

      2 Со години пред тоа, во врска со овој настан Исус им го дал следново предупредување на своите ученици: „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од улогорени војски, тогаш знајте дека се приближило неговото опустошување! Оние што ќе бидат во градот, нека го напуштат, а оние што ќе бидат во селата, нека не влегуваат во градот!“ (Лука 21:20, 21). Но, како можеле христијаните да го послушаат ова упатство и да го напуштат Ерусалим кога од сите страни бил опколен со војници? Се случило нешто неверојатно — римската војска ненадејно почнала да се повлекува! Како што било проречено, нејзиниот напад бил ‚скратен‘ (Мат. 24:22). Тоа бил момент учениците да ги послушаат зборовите на Исус и веднаш да побегнат во планините од другата страна на реката Јордан заедно со сите други верни христијани од околните места.a Потоа, во 70 год. од н.е., друга римска војска го опколила Ерусалим и го срамнила со земја. Сепак, се спасиле сите кои ги послушале упатствата што ги дал Исус.

  • „Се приближува вашето избавување“!
    Стражарска кула 2015 | 15 Јули
    • ВРЕМЕ НА ИСПИТИ И НА СУД

      7, 8. а) Каква можност ќе имаме откако ќе биде уништена лажната религија? б) Како Божјиот народ ќе се разликува од сите други луѓе во тоа време?

      7 Што ќе се случува по уништувањето на лажната религија? Тоа ќе биде време да покажеме што навистина имаме во срцето. Повеќето луѓе ќе бараат засолниште во човечките организации кои се споредени со ‚карпи во планините‘ (Отк. 6:15-17). Но, во симболична смисла, Божјите слуги ќе побараат засолниште кај Јехова. Откако нападот врз Ерусалим во првиот век бил ‚скратен‘, не дошло до масовно преобраќање на Евреите во христијанство. Тогаш било време оние што веќе биле христијани да го послушаат Исус и да го напуштат Ерусалим. Слично на тоа, не можеме да очекуваме дека многу луѓе одеднаш ќе станат вистински христијани кога ќе биде скратен идниот напад врз Големиот Вавилон. Напротив, тогаш сите вистински Божји слуги ќе имаат можност да ја докажат својата љубов кон Јехова и да ги поддржат Христовите браќа (Мат. 25:34-40).

      8 Иако сѐ уште не сфаќаме во потполност што сѐ ќе се случува во тој период на испити, можеме да очекуваме дека секој од нас ќе мора да прави жртви. Во првиот век, христијаните морале да го остават својот имот и да се справат со разни неволји за да преживеат (Мар. 13:15-18). Добро е да се прашаме: ‚Дали сум спремен да претрпам материјална загуба? Дали ќе правам сѐ што е потребно за да му останам лојален на Јехова?‘ Замисли, тогаш ќе бидеме единствените луѓе на Земјата што ќе го следат примерот на древниот пророк Даниел и ќе продолжат да му служат на Бог по секоја цена! (Дан. 6:10, 11).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели