ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/2 стр. 26-29
  • Успението — догма откриена од Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Успението — догма откриена од Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Развојот на догмата
  • Што навистина вели Библијата
  • Марија — жена од вера
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Угледајте се на нивната вера
  • Што учиме од Марија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/2 стр. 26-29

Успението — догма откриена од Бог?

УСПЕНИЕТО — доктрина дека Марија, мајката на Исус, се вознела на небо во тело — го почитуваат милиони Римокатолици. Историчарот Џорџ Вилијам Даглас вели: „Успението, односно земањето на небо на Дева Марија се почитува [веќе долго време] како најголем нејзин празник и една од најважните свечености во текот на Црковната година“.

Католичките теолози сепак признаваат дека Библијата не зборува за Марија оти така се вознела на небото. Навистина, малкумина католици знаат дека оваа омилена наука со векови била предмет на контроверзија и жестоки расправии. Тогаш, како се случило црквата да го прифати Успението на Марија како догма?a Постои ли некаква причина оваа наука да се смета за божествено откриена? Одговорите на овие прашања не се само академски. Тие имаат мошне длабоко влијание за сите љубители на вистината.

Развојот на догмата

Може ќе те изненади ако дознаеш дека во првите векови, по Исусовата смрт, идејата за Мариино Успение на небото воопшто не постоела во главите на христијаните. Жан Гало, католички теолог, во L’Osservatore Romano напишал: „Отпрвин, никаков спомен на Мариината смрт не бил поврзуван со христијанската заедница“.

Меѓутоа, откако науката за Тројство станала официјална црковна наука, на Марија почнало да ѝ се придава сѐ поголема важност. Почнале да ѝ упатуваат такви блескави термини како што се „Богородица“, „безгрешно зачната“, „Посредничка“ и „Небесна кралица“. Со текот на времето, резонира теологот Гало, „со тоа што првобитната традиција молчела за Мариината смрт, таа не можела во потполност да им пружи сатисфакција на овие христијани кои ја сметале Марија за совршена и кои сакале да ја обожаваат. Поради тоа се развила претставата за Успение како производ на фантазијата на народот“.

Околу четвртиот век н. е., почнале да кружат т. н. апокрифи за успението. Овие стихови давале измислени извештаи за наводното Мариино вознесение на небото. На пример, разгледај го текстот наречен „Заспивањето на Пресвета Богородица“, кој му се припишува ни повеќе ни помалку туку на апостолот Јован, но веројатно е составен приближно 400 години после неговата смрт. Според овој лажен извештај, Христовите апостоли на чудесен начин биле собрани кај Марија каде виделе како таа исцелува слепи, глуви и сакати. На крајот, како што се тврди во текстот, апостолите го слушнале Господ Исус како ѝ вели на Марија: „Гледај, отсега твоето свето тело ќе биде пренесено во рајот и твојата света душа ќе биде на небесата во ризниците на мојот Татко во недостижна светлина каде што се мирот и радоста на светите ангели и сета вечност“.

Како реагирале верниците на ваквите списи? Мариологот Рене Лорантан објаснува: „Реакциите биле многу различни. Најлековерните, без да размислуваат понатаму, се измамиле од блескотот на убавата приказна. Други пак, ги презреле овие недоследни извештаи кои често пати се противречни и без веродостојност“. Поради тоа, теоријата за Успението морала да се избори за службено да биде прифатена. Како капак на оваа збрканост бил и фактот дека на некои места биле обожувани наводни реликвии од Марииното тело. Тоа тешко можело да се усогласи со верувањето дека нејзиното физичко тело било земено на небото.

Во 13. век Тома Аквински, како и многу други теолози, тврдел дека не е можно Успението да се дефинира како догма, дотолку повеќе што „Библијата не учи за него“. Сепак, верувањето и понатаму растело во популарност и се множеле портрети со наводното Мариино успение и тоа од такви истакнати сликари како Рафаел, Кореџо, Тицијан, Карачи и Рубенс.

Сѐ до неодамна, спорот останал нерешен. Според језуитот Ѓузепе Филограси, дури на почетокот од овој век католичките научници почнале со повторно објавување на „студии и дискусии кои не биле секогаш наклонети“ кон теоријата за Успението. Дури и папи, меѓу кои се Лео XIII, Пио X и Бенедикт XV „претпочитале да останат резервирани околу оваа работа“. Но, на 1. ноември 1950 година црквата конечно зазела дефинитивен став. Папата Пио XII објавил: „Ние го дефинираме [успението] како догма откриена од Бог со која Света Богородица, вечна Дева Марија, кога завршил нејзиниот живот на Земјата, била подигната во тело и дух во небесна слава“ (Munificentissimus Deus).

Верувањето дека Марија во тело заминала на небото за католиците повеќе не било алтернатива — сега претставувало црковна догма. Папата Пио XII изјавил дека „доколку некој . . . се осмели да ја оспори оваа догма или своеволно се обиде да вовлече сомнеж околу она што Ние сме го дефинирале, таквиот би требало да знае дека не ги постигнал барањата за Божествената, Католичка вера“.

Што навистина вели Библијата

Но, врз каква основа црквата го изнела овој свој смел став? Папата Пио XII тврдел дека догмата за Успението има „првобитна основа во Светото Писмо“. Меѓу често цитираните стихови како доказ за Марииното успение се Лука 1:28, 42. Овие стихови велат за Марија: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените . . . и благословен е плодот на твојата утроба“ (Свето Писмо на современ македонски јазик). Застапниците на успението заклучуваат дека, бидејќи Марија била „благодатна“, таа сигурно никогаш не умрела. И со тоа што била „благословена“ како и ‚плодот на нејзината утроба‘, сигурно имала предности еднакви со Исусовите — вклучувајќи го и неговото небесно вознесување. Сметаш ли дека ова е разумно заклучување?

Како прво, лингвистите велат дека изразот „благодатна“ е непрецизен превод и дека оригиналниот грчки збор што Лука го употребил поточно се преведува со „предмет на Божја наклоност“. Затоа Католичката Jerusalem Bible Лука 1:28 го преведува: „Радувај се, високо почествувана!“ Не постои причина да се заклучи дека Марија била вознесена на небо во тело само затоа што била „високо почествувана“ од Бог. На сличен начин за Стефан, првиот христијански маченик, во католичката „Douay“ Библија се вели дека бил високо почествуван или „благодатен“ — а нему не му било припишувано никакво телесно воскресение (Дела 6:8).

Сепак, зарем Марија не била благословена или почествувана? Да, но, интересно, жената по име Јаил од времето на израелските судии била исто така сметана за „благословена меѓу жените“ (Судии Израилеви Су 5:24). Сигурно никој не би тврдел дека Јаил исто така била земена на небото во тело. Освен тоа, целата претстава за Успението се темели на претпоставката дека самиот Исус се вознел на небото во тело. Меѓутоа, Библијата вели дека Исус бил ‚оживеан‘, односно воскреснат „во дух“ (1. Петрово 3:18, НС; спореди 1. Коринтјаните 15:45, НС). Апостолот Павле понатаму вели дека „телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо“ (1. Коринтјаните 15:42-50).

Вистина, Библијата зборува за небесно воскресение на верни христијани помазани со дух. Меѓутоа, 1. Солунјаните 4:13-17 јасно изнесува дека ова воскресение нема да започне пред „доаѓањето [присутноста, НС] на Господа“ во текот на последните денови од овој зол век. Дотогаш Марија ќе спие во смртен сон заедно со илјадници други верни христијани (1. Коринтјаните 15:51, 52).

Марија — жена од вера

Биди уверен дека од претходно изнесеново не се подразбира некакво непочитување спрема Марија. Без сомнение, Марија била примерна жена — жена чија вера е вредна за имитирање. Таа спремно ја прифатила предносната одговорност да стане мајка на Исус заедно со сите тешкотии и жртви кои тоа би ги вклучувало (Лука 1:38; 2:34, 35). Заедно со Јосиф го одгледала Исус во божествена мудрост (Лука 2:51, 52). Останала со Исус додека страдал на столбот (Јован 19:25-27). А како верна ученичка, послушно останала во Ерусалим и го доживеала излевањето на Божјиот дух на Пентакост (Дела 1:13, 14; 2:1-4).

Неисправното гледиште за Марија не им донесува чест ниту на Творецот ниту на Марија. Успението како догма служи да се зацврсти неоснованото тврдење дека Марија е посредник кон Бог. Но, дали Исус Христос некогаш научувал таква наука? Напротив, тој рекол: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам“ (Јован 14:6, 14; спореди Дела 4:12). Да, само Исус Христос, а не Марија, е посредник кон Творецот. Преку Исус — а не преку Марија — ние можеме да му пристапиме на нашиот Животодавач за „помош во време на потреба“ (Евреите 4:16, Revised Standard Version, Catholic Edition).

Прифаќањето на вистината за Марија можеби ќе биде болно за некои. На крајот на краиштата, тоа може да значи напуштање на некои стари верувања и ценети гледишта. Меѓутоа, иако тоа може понекогаш да боли, вистината конечно ‚ослободува‘ (Јован 8:32). Исус рекол дека неговиот Татко ги бара оние кои сакаат да обожаваат „со дух и со вистина“ (Јован 4:24). За искрените католици, овие зборови претставуваат предизвик.

[Фуснота]

a Во католицизмот, под догма, за разлика од верување, се подразбира вистина која свечено ја формулирал екуменски концил или папиниот „непогрешив авторитет“. Како најнова меѓу доктрините кои на овој начин се дефинирани од страна на Католичката црква е Успението на Марија.

[Рамка на страница 27]

ДАЛИ УМРЕЛА МАРИЈА?

Дали Марија навистина умрела пред наводното вознесение на небото? Католичките теолози, што се однесува до ова прашање, се соочуваат со две подеднакво непријатни теолошки алтернативи. Речникот Nuovo dizionario di teologia укажува дека „би било тешко на Марија да ѝ се припише предноста на имунитет од смртта која дури ниту Христос не ја поседувал“. Од друга страна, тврдењето дека Марија навистина умрела двигнува едно исто така мачно прашање. Теологот Кари Боресен забележува дека „смртта е казна за првобитниот грев, но според неа [доктрината за „безгрешен зачеток“], таа не би важела за Марија“. Тогаш, врз која основа таа би умрела? Не е за изненадување што папата Пио XII претпазливо го избегнал целото прашање за Мариината смрт кога ја дефинирал догмата за Успението.

За среќа, во библиската наука не се наоѓа таква збрканост. Никаде во неа не се научува — дури ниту навестува — дека Марија била родена со „безгрешен зачеток“. Напротив, укажува дека Марија била несовршен човек со потреба за откуп. Од таа причина по Исусовото раѓање отишла во храмот и му принела на Бог жртва за грев (3. Мојсеева 12:1-8; Лука 2:22-24). Како и сите други несовршени луѓе, Марија на крајот умрела (Римјаните 3:23; 6:23).

Оваа едноставна вистина стои во силен контраст со неодговорливите прашања што се двигнати со догмата за Успението.

[Слика на страница 26]

‚Успението на Дева‘ Тицијанова слика (о. 1488-1576)

[Извор на слика]

Giraudon/Art Resource, N.Y.

[Слика на страница 28]

Со тоа што принела жртва за грев во храмот после Исусовото раѓање, Марија се прикажала како грешничка со потреба за откуп

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели