ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула 2010 | 1 Јануари
    • Каква плочка за пишување се спомнува во Лука 1:63?

      ▪ Евангелието според Лука известува дека пријателите на Захарија го прашале како да се вика новороденчето. Захарија ‚побарал плочка и напишал: „Јован му е името“‘ (Лука 1:63). Според едно научно дело, грчкиот збор што овде е преведен со „плочка“ се однесува на „табличка за пишување што обично се правела од дрво и чија површина се премачкувала со восок“. Плочките се правеле од неколку споени штички, а тесниот процеп меѓу нив се пополнувал со измазнет восок. Користејќи перо, пишувачот можел да прави белешки на оваа површина. Потоа можел да го избрише она што ќе го напишел, да ја измазни површината и повторно да ја користи.

      Во една книга пишува: „Слики од Помпеја, скулптури од различни делови на Римското Царство и плочки откопани во многу археолошки наоѓалишта од Египет до Адријановиот ѕид [во северна Британија] покажуваат дека масовно се користеле плочки за пишување“ (Читањето и пишувањето во времето на Исус — Reading and Writing in the Time of Jesus). Вакви плочки имале најразлични луѓе — трговци, владини службеници, а можеби дури и некои од христијаните во првиот век.

  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула 2010 | 1 Јануари
    • [Слика на страница 11]

      Восочна плочка на ученик, 2 век од н.е.

      [Извор на слика]

      Со љубезна дозвола на British Library

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели