ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јехова им дава „свет дух на оние што го молат за тоа“
    Стражарска кула 2006 | 15 Декември
    • 11. Како Исус ја поврзал со молитвата споредбата за еден татко и неговиот син?

      11 Во Исусовата споредба за упорниот домаќин, главна тема е ставот на оној што се моли — на верникот. Во следната споредба е истакнат ставот на оној што ги слуша молитвите — на Јехова Бог. Исус прашал: „Има ли татко меѓу вас, кој, ако неговиот син го замоли за риба, ќе му даде змија наместо риба? Или, ако го замоли за јајце, ќе му даде ли скорпија?“ Исус го објаснува значењето: „Според тоа, ако вие, иако сте зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ (Лука 11:11-13).

      12. Како споредбата за таткото што го сослушал барањето на својот син истакнува дека Јехова е спремен да одговори на нашите молитви?

      12 Со овој пример на татко што одговара на молбата на својот син, Исус покажува како гледа Јехова на оние што му се обраќаат во молитва (Лука 10:22). Најнапред забележи ги разликите помеѓу овие две споредби. За разлика од човекот од првата споредба што не бил спремен веднаш да одговори на повикот за помош, Јехова е како еден грижлив татко, кој вистински сака да го задоволи барањето на своето дете (Псалм 50:15). Понатаму, посочувајќи што сѐ е спремен да направи еден човечки татко, Исус истакнува колку повеќе Јехова е спремен да направи за нас како наш небесен татко. Тој вели дека, ако еден човечки татко, иако ‚е зол‘ поради наследениот грев, му дава добар подарок на својот син, колку повеќе можеме да очекуваме дека нашиот небесен Татко, кој е добар, ќе им даде свет дух на своите верни деца! (Јаков 1:17).

  • Јехова им дава „свет дух на оние што го молат за тоа“
    Стражарска кула 2006 | 15 Декември
    • 14. а) Каква погрешна претстава имаат некои што доживуваат неволји? б) Кога имаме неволји, зошто може со доверба да му се молиме на Јехова?

      14 Исусовата споредба за грижливиот татко исто така истакнува дека Јеховината добрина е многу поголема од добрината на кој и да е човечки родител. Значи, никој од нас никогаш не смее да мисли дека неволјите што ги имаме сигурно се показател дека Бог не е задоволен од нас. Нашиот најголем непријател, Сатана, е тој што сака да си мислиме така (Јов 4:1, 7, 8; Јован 8:44). Нема библиска основа да се осудуваме себеси со такви мисли. Јехова не нѐ искушува „со зло“ (Јаков 1:13). Тој не нѐ става во неволји што се страшни како змија или во искушенија што се опасни како скорпија. Нашиот небесен Татко им дава „добри работи на оние што го молат“ (Матеј 7:11; Лука 11:13). Всушност, колку повеќе сфаќаме дека Јехова е добар и дека е спремен да ни помогне, толку повеќе ќе бидеме мотивирани да се молиме со доверба. Тогаш и ние ќе можеме да го кажеме истото што го напишал и псалмистот: „Но Бог слушна, го чу гласот на мојата молитва“ (Псалм 10:17; 66:19).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели