-
Како да задржиме позитивно гледиште за себесиСтражарска кула 2014 | 15 Март
-
-
8, 9. а) Во какви околности се наоѓала сиромашната вдовица? б) Со какви негативни чувства можеби се борела вдовицата?
8 Додека бил во храмот во Ерусалим, Исус забележал како една сиромашна вдовица пушта прилог. Од нејзиниот пример може да научиме како да задржиме позитивно гледиште за себеси и покрај нашите ограничувања. (Прочитај Лука 21:1-4.) Размисли за нејзините околности. Освен што чувствувала болка поради загубата на својот сопруг, таа живеела во општество во кое верските водачи ‚ги проголтувале куќите на вдовиците‘ наместо да им помагаат на таквите беспомошни лица (Лука 20:47). Оваа вдовица била толку сиромашна што можела да пушти само две лепти — сума која еден работник ја заработувал за неколку минути.
9 Обиди се да замислиш како се чувствувала таа кога влегла во храмскиот двор држејќи во раката само две парички. Дали можеби размислувала за тоа дека нејзиниот дар е многу помал во споредба со она што можела да го даде кога маж ѝ бил жив? Додека гледала колку големи прилози пуштаат другите, дали чувствувала срам мислејќи си дека она што таа може да го пушти нема никаква вредност? Дури и да имала такви чувства, оваа вдовица сепак го направила она што можела за да го поддржи обожавањето на вистинскиот Бог.
-
-
Како да задржиме позитивно гледиште за себесиСтражарска кула 2014 | 15 Март
-
-
11. Што можеш да научиш од извештајот за вдовицата?
11 Твоите околности можат многу да влијаат врз она што можеш да му го дадеш на Јехова. Затоа што се стари или болни, некои можат да поминуваат многу малку време во службата на проповедање. Дали поради тоа треба да мислат дека не вреди да го запишат тоа време во својот извештај за службата? Дури и ако си помлад и ако имаш добро здравје, можеби си мислиш дека она што ти го правиш е само капка во море ако се спореди со сите часови што Божјиот народ му ги посветува секоја година на Јехова. Сепак, од извештајот за сиромашната вдовица учиме дека Јехова го цени и најмалото нешто што го правиме за него, особено ако се наоѓаме во тешки околности. Размисли за својата служба во текот на минатата година. Дали си морал да направиш големи жртви за да поминеш еден од тие часови во службата? Ако да, биди уверен дека Јехова многу го цени она што си го направил за него во текот на тој час. Кога и ти, слично на сиромашната вдовица, правиш сѐ што можеш за Бог, докажуваш дека навистина си „во верата“.
-