ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 60
  • Невидени суши — што вели Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Невидени суши — што вели Библијата?
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали сушите биле проречени во Библијата?
  • Зошто има сѐ поголеми суши?
  • Дали има некаква надеж за иднината?
  • 2022: Година исполнета со неволји и маки — што вели Библијата?
    Разно
  • Рекордно високи температури во светот — Што вели Библијата?
    Разно
  • Земјата е на работ на уништување — Што вели Библијата?
    Разно
  • Што вели Библијата за глобалната криза за вода?
    Разно
Повеќе
Разно
mrt статија 60
Испукана земја од суша на која успеало да преживее само едно растение.

Brais Seara/Moment via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Невидени суши — што вели Библијата?

  • „Кина известува дека ова лето беше погодена од најголемиот топлотен бран досега и дека претходно имало само две посуви лета откако се водат метеоролошки записи“ (The Guardian, 7 септември 2022).

  • „Ова е петта година по ред делови од Африка да бидат погодени од екстремни суши“ (UN News, 26 август 2022).

  • „На повеќе од половина Европа ѝ се заканува опасност од суша која најверојатно е најлошата суша во последните 500 години“ (BBC News, 23 август 2022).

Многу експерти предвидуваат дека ваквите суши ќе продолжат, па дури и дека ќе стануваат уште поекстремни. Дали може да се надеваме на подобра иднина? Што вели Библијата?

Дали сушите биле проречени во Библијата?

Во врска со нашево време, Библијата прорекла:

  • „На разни места ќе има... глад“ (Лука 21:11).

Сушите често водат до недостиг на храна. Поради таквиот недостиг на храна, многу луѓе страдаат и умираат. Со сето ова се исполнуваат библиски пророштва (Откровение 6:6, 8).

Зошто има сѐ поголеми суши?

Библијата ни открива една главна причина зошто има сѐ поголеми суши. Во неа пишува:

  • „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23).

Тоа значи дека луѓето не можат успешно да управуваат со „своите чекори“, односно дека немаат способност успешно да владеат. Поради нивните лоши одлуки, честопати доаѓа до суши и недостиг на вода.

  • Повеќето научници се согласуваат дека глобалното затоплување е предизвикано од човечки фактор и дека, како резултат на тоа затоплување, има сѐ повеќе суши низ целиот свет.

  • Постапките на луѓето кои се алчни и кои носат одлуки без да размислуваат за иднината водат до уништување на шумите, загадување и немудро искористување на природните ресурси. Како резултат на тоа, би можеле да изгубиме големи резерви на вода.

Сепак, Библијата ни дава надеж.

Дали има некаква надеж за иднината?

Преку Библијата, Бог ни ветува дека ќе донесе решение за проблемот со водата. Како?

  1. 1. Бог ќе ги уништи „оние што ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18). Тој ќе отстрани една од причините за недостигот на вода — ќе ги уништи злобните и алчни луѓе кои со своите постапки ѝ наштетуваат на околината (2. Тимотеј 3:1, 2).

  2. 2. „Изгорената земја ќе се претвори во езеро“ (Исаија 35:1, 6, 7). Бог ќе ја поправи сета штета предизвикана од сушите и ќе ја претвори Земјата во рај во кој ќе има изобилство вода.

  3. 3. „Милостиво ја гледаш земјата и ѝ даваш изобилство, многу ја збогатуваш“ (Псалм 65:9). Бидејќи Бог ќе ја благослови Земјата, на неа ќе има изобилство здрава и вкусна храна и чиста вода за сите.

За да дознаеш како со климатските промени се исполнува едно библиско пророштво, прочитај ја статијата „Земјата е на работ на уништување — што вели Библијата?“

За да дознаеш нешто повеќе за надежта што Библијата ни ја дава за иднината, прочитај ја статијата „Патот до среќата — надеж“.

За да дознаеш како Библијата може да ти помогне да се справиш со тешкотиите предизвикани од екстремните временски услови, прочитај ја статијата „Во случај на природна катастрофа“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели