ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Христијанските жени заслужуваат чест и почит
    Стражарска кула 1995 | 15 Јули
    • 1, 2. а) Каква загриженост предизвикал Исусовиот разговор со Самарјанката кај бунарот, и зошто? (Види ја и фуснотата.) б) Што покажал Исус со тоа што ѝ проповедал на Самарјанката?

      ЕДНО попладне, кон крајот на 30 година н. е., кај стариот бунар близу градот Сихар, Исус го открил својот став за тоа како да се постапува со жените. Утрото го поминал во напорно пешачење низ ритчестата Самарија и кај бунарот пристигнал уморен, гладен и жеден. Додека седел крај бунарот, се приближила една Самарјанка за да нацрпи вода. „Дај Ми да пијам“, ѝ рекол Исус. Сигурно жената вчудовидено го гледала. Прашала: „Како Ти, бидејќи Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Подоцна, кога неговите ученици се вратиле по пазарувањето на прехранбени артикли, тие биле стаписани и зачудени зошто Исус ‚говорел со жена‘ (Јован 4:4-9, 27).

      2 Што ја натерало оваа жена да го постави тоа прашање, а учениците да се загрижат? Таа била Самарјанка, а Евреите не се мешале со Самарјани (Јован 8:48). Но, очигледно имало и друга причина за загриженост. Во тоа време рабинската традиција ги одвраќала мажите да разговараат јавно со жените.a Сепак, Исус отворено ѝ проповедал на оваа искрена жена, па дури ѝ открил дека тој е Месијата (Јован 4:25, 26). Со тоа Исус покажал дека не сакал да има некаква врска со небиблиски традиции, вклучувајќи ги и оние кои ги понижувале жените (Марко 7:9-13). Напротив, со она што го правел и поучувал, Исус покажал дека со жените треба да се постапува со чест и почит.

  • Христијанските жени заслужуваат чест и почит
    Стражарска кула 1995 | 15 Јули
    • a The International Standard Bible Encyclopedia објаснува: „Жените не јаделе заедно со машките гости, а мажите биле одвраќани да разговараат со жени. . . . Особено скандалозно било да се разговара со жена на јавно место“. Еврејската Мишна (збирка од рабински учења), советувала: „Не зборувај премногу со жени. . . . Оној кој многу зборува со жени, си нанесува зло, го запоставува проучувањето на Законот и на крајот ќе ја наследи Гехената“ (Абот 1:5).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели