ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/4 стр. 6-7
  • Исус — како живеел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус — како живеел
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • ,Синот сака да го открие Таткото‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/4 стр. 6-7

Исус — како живеел

„Мојата храна е да ја вршам волјата на оној што ме испрати и да го довршам неговото дело“ (ЈОВАН 4:34)

ОКОЛНОСТИТЕ во кои Исус ги кажал горенаведените зборови откриваат многу за тоа што му било најважно во животот. Цело утро Исус и неговите ученици патувале низ ритчестите предели на Самарија (Јован 4:6, фуснота). Бидејќи мислеле дека Исус сигурно е гладен, учениците му дале да јаде (Јован 4:31-33). Од одговорот на Исус се видело која била смислата на неговиот живот. За него, вршењето на Божјата волја било поважно од јадењето. Како со зборови така и со дела, Исус живеел за да ја врши Божјата волја. Што вклучувала таа?

▪ Да проповеда и да поучува за Божјето Царство. Библијата објаснува во што се состоело животното дело на Исус: „Минуваше низ цела Галилеја, поучувајќи... [и] проповедајќи ја добрата вест за царството“ (Матеј 4:23). Освен тоа што проповедал, односно им го објавувал на другите Божјето Царство, тој ги поучувал луѓето, им објаснувал и ги уверувал помагајќи им длабоко да размислуваат. Царството било главна тема на пораката што ја проповедал Исус.

Во текот на својата служба, тој ги поучувал луѓето што е Божјето Царство и што ќе направи тоа. Забележи ги следниве работи во врска со Царството, како и библиските стихови во кои е запишано што кажал Исус на оваа тема.

▪ Божјето царство е небесна влада, а Исус е Царот што Јехова го поставил да владее (МАТЕЈ 4:17; ЈОВАН 18:36).

▪ Царството ќе го посвети Божјето име и ќе се погрижи Божјата волја да се врши како на небото така и на Земјата (МАТЕЈ 6:9, 10).

▪ Кога ќе владее Божјето Царство, целата Земја ќе стане рај (ЛУКА 23:42, 43).

▪ Божјето Царство наскоро ќе дојде и ќе ја исполни Божјата намера со Земјатаa (МАТЕЈ 24:3, 7-12).

▪ Да прави чуда. Исус најмногу бил познат како ‚Учител‘ (Јован 13:13). Меѓутоа, за време на неговата служба, која траела три и пол години, тој направил и многу чуда. Со нив биле постигнати најмалку две работи. Прво, служеле како доказ дека Исус навистина бил испратен од Бог (Матеј 11:2-6). Второ, покажале што ќе направи Исус во уште поголеми размери кога ќе владее како Цар на Божјето Царство. Еве некои чуда што ги направил.

▪ Го смирил разбрануваното море и ги запрел силните ветрови (МАРКО 4:39-41).

▪ Ги лекувал болните, меѓу кои имало слепи, глуви и сакати (ЛУКА 7:21, 22).

▪ Нахранил мноштво луѓе со тоа што од малку храна направил да има многу за јадење (МАТЕЈ 14:17-21; 15:34-38).

▪ Вратил во живот најмалку три лица што починале (ЛУКА 7:11-15; 8:41-55; ЈОВАН 11:38-44).

Замисли си каков ќе биде животот кога над Земјата ќе владее таков моќен цар!

▪ Да покаже каква личност е Јехова Бог. Никој не може да ги поучи другите за Јехова подобро од Божјиот Син, кој бил наречен и Исус Христос. Како „првороден од сѐ што е создадено“, Исус живеел покрај Јехова на небото — подолго отколку кое и да е друго духовно суштество (Колошаните 1:15). Помисли на тоа колку можности имал да го поприми начинот на размислување на својот Татко и да знае сѐ за Неговата волја, мерила и постапки.

Исус со право можел да рече: „Никој не знае кој е Синот, освен Таткото, и никој не знае кој е Таткото, освен Синот и оној кому Синот сака да му го открие“ (Лука 10:22). Додека живеел на Земјата како човек, Исус спремно — со жар — открил каков е неговиот Татко. Тој зборувал и поучувал од една посебна гледна точка; зборувал од личното искуство што го стекнал додека живеел во духовниот свет и бил покрај Највишиот Бог (Јован 8:28).

Начинот на кој Исус ни открил каков е неговиот Татко може да се спореди со она што го прави еден електричен трансформатор. Во него влегува струја со висок напон, а излегува струја со низок напон за да може да ја користи обичниот потрошувач. Додека Исус бил на Земјата, она што го имал научено на небото за својот Татко го пренел на начин што обичните луѓе лесно можат да го сфатат и да го применат.

Да спомнеме два важни начина на кои Исус ни открил каков е неговиот Татко.

▪ Додека поучувал, Исус ја објавувал вистината за Јехова — Неговото име, намери и постапки (ЈОВАН 3:16; 17:6, 26).

▪ Со она што го правел, Исус открил многу убави страни на Јеховината личност. Ја одразувал личноста на својот Татко на толку совршен начин што навистина можел да рече: ‚Ако сакаш да знаеш каков е мојот Татко, гледај ме мене‘ (ЈОВАН 5:19; 14:9).

Се одушевуваме од она што го учиме за животот на Исус. Но, многу е важно да знаеме и зошто умрел, а потоа да постапуваме во склад со она што сме го научиле.

[Фуснота]

a Нешто повеќе за Божјето Царство и за тоа од каде знаеме дека наскоро ќе дојде можеш да прочиташ во поглавја 8 и 9 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци. Тие поглавја се со наслов „Што е Божјето Царство?“ и „Дали живееме во ‚последните денови‘?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели