ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/8 стр. 16-21
  • Да им се сведочи на „сите народи“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да им се сведочи на „сите народи“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јеховиниот дух и добрата вест
  • Свесни за духовната потреба
  • Успешни методи за пренесување на добрата вест
  • И христијанското однесување е сведоштво
  • Класата на робот ги обезбедува исправните орудија
  • Секој од нас има одговорност
  • Враќање кај вистинскиот Бог
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Јеховината организација ја поддржува твојата служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали си уверен дека си ја нашол вистината? Зошто?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Најнапред мора да се проповеда оваа добра вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/8 стр. 16-21

Да им се сведочи на „сите народи“

„Ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (МАТЕЈ 24:14).

1. Зошто Исусовите зборови запишани во Матеј 24:14 сигурно ги изненадиле неговите следбеници?

КОЛКАВО изненадување мора да биле горните Исусови зборови за неговите еврејски ученици! Самата помисла посветените Евреи да одат да им зборуваат на ‚нечистите‘ пагани, „незнабошците“, за еден Евреин била туѓа, па дури и одбивна.a Замисли, еден совесен Евреин не ни помислувал да стапи во пагански дом! Тие еврејски ученици морале уште многу да учат за Исус, за неговата љубов и за налогот што им го дал. А морале многу да учат и за Јеховината непристрасност (Дела 10:28, 34, 35, 45).

2. а) Колку е обемна службата на Сведоците? б) Кои три основни фактори придонеле за напредокот на Сведоците?

2 Јеховините сведоци ја проповедале добрата вест меѓу народите, вклучувајќи го и денешниот Израел, а сега ја објавуваат кај повеќе народи од било кога порано. Во 1994, преку четири и пол милиони Сведоци проповедаат во околу 230 земји. Водат околу четири и пол милиони домашни библиски студии со заинтересираните. Тоа се одвива и покрај раширените предрасуди кои честопати се темелат на непознавање на учењата и мотивите на Сведоците. Како што било речено за раните христијани, така може да се рече и за нив: „На тоа учење насекаде се противречи“ (Дела 28:22). Тогаш, на што се должи нивната успешна служба? Постојат најмалку три фактори кои придонесуваат за нивниот напредок — следење на водството на Јеховиниот дух, имитирање на Христовите практични методи и користење на исправни средства за делотворна комуникација.

Јеховиниот дух и добрата вест

3. Зошто не можеме да се фалиме со она што е постигнато?

3 Дали Јеховините сведоци се фалат со својот успех, како тој да се должи на некои нивни посебни способности? Не, затоа што ги применуваат Исусовите зборови: „Кога исполните сѐ, што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги негодни, оти го извршивме она, што бевме должни да го извршиме‘“. Како предадени, крстени христијани, Јеховините сведоци доброволно ја прифатиле одговорноста да му служат на Бог, без оглед на тоа какви се нивните лични околности. За некои тоа значи полновремена служба како мисионери или како доброволци во подружниците и во објектите за печатење на христијански публикации. За други, таквата христијанска спремност значи градење на религиозни објекти, полновремено проповедање како пионери или како објавители на добрата вест во локалните собранија. Никој од нас не може оправдано да се фали со вршењето на нашата должност ‚што сме должни да ја извршиме‘ (Лука 17:10; 1. Коринтјаните 9:16).

4. Како било надминато противењето на христијанската служба ширум светот?

4 Секој наш успех може да се припише на Јеховиниот дух, односно делотворна сила. Како што можело со право да се рече во деновите на пророкот Захарија, така и денес може да се рече: „Тоа е словото Господово кон Зоровавела, што кажува — не со војска не со сила, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот“. Затоа, противењето на проповедничкото дело на Сведоците ширум светот е надминато, ама не со човечки напор, туку со Јеховиното водство и заштита (Захарија 4:6).

5. Каква улога игра Јехова во ширењето на пораката за Царството?

5 Што се однесува до оние кои се одѕиваат на пораката за Царството, Исус рекол: „Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа при Мене. . . . Никој не може да дојде при Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец“ (Јован 6:45, 65). Јехова може да ги чита срцата и мислите, и тој ги знае оние кои веројатно ќе се оѕвијат на неговата љубов, иако можеби не го познаваат. Ги употребува исто така и своите ангели во управувањето со оваа единствена служба. Затоа Јован во визија видел дека учествуваат и ангели и напишал: „И видов друг ангел како лета посреде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14:6).

Свесни за духовната потреба

6. Каков основен став е потребен за некој да се оѕвие на добрата вест?

6 Исус изразил и еден друг фактор поради кој Јехова му дава прилика на поединецот да ја прифати добрата вест: „Блажени се бедните по дух [кои се свесни за своите духовни потреби, НС], зашто нивно е царството небесно!“ (Матеј 5:3). Самозадоволното лице или оној кој не ја бара вистината нема да биде свесен за духовната потреба. Таквиот мисли само на материјален, телесен начин. Самодопадливоста станува бариера. Затоа, кога многумина кои ги среќаваме додека одиме од куќа до куќа ја одбиваат пораката, мораме да ги земеме предвид сите различни причини што луѓето ги имаат за нивната реакција.

7. Зошто мнозина не се одѕиваат на вистината?

7 Мнозина одбиваат да слушаат затоа што тврдоглаво се држат за религијата што ја наследиле и затоа што не се спремни за дискусија. Други биле привлечени кон некоја религија која одговарала на нивната личност — некои сакаат мистицизам, други се определуваат за емоционализам, трети, пак, во нивната црква бараат некаков друштвен клуб. Многумина денес избрале начин на живот кој е во противречност со Божјите мерила. Можеби водат неморален живот, па велат: „Не сум заинтересиран“. Други, пак, кои можеби тврдат дека се образовани и научни, ја отфрлаат Библијата како премногу едноставна (1. Коринтјаните 6:9-11; 2. Коринтјаните 4:3, 4).

8. Зошто одбивањето не треба да ја намали нашата ревност? (Јован 15:18-20).

8 Дали одбивањето од страна на мнозинството треба да ја намали нашата вера и ревност во животоспасувачката служба? Можеме да најдеме утеха во Павловите зборови до Римјаните: „Па што, ако некои не поверувале? Зар нивното неверување ќе ја уништи Божјата вера [верност, НС]? Никако! Да признаеме дека Бог е верен, а секој човек лажец, како што е напишано: ‚За да се оправдаш во зборовите Свои, и да победиш кога си во суд‘“ (Римјаните 3:3, 4).

9, 10. Каков доказ постои дека во многу земји е надминато противењето?

9 Од многуте примери ширум светот можеме да извлечеме охрабрување од земји во кои навидум постоела рамнодушност, но сепак, со текот на времето, се покажало токму спротивното. Јехова и ангелите знаеле дека таму има искрени лица кои треба да се пронајдат — но Јеховините сведоци морале да бидат упорни и да истрајат во нивната служба. Земи како пример некои земји каде што се чинело дека католицизмот претставува несовладлива препрека пред 50 години — Аргентина, Бразил, Ирска, Италија, Колумбија, Мексико, Португалија и Шпанија. Во 1943 Сведоците биле малку, само 126.000 во целиот свет, од кои 72.000 во Соединетите Држави. Незнаењето и предрасудите на кои наидувале Сведоците изгледале како ѕид од тули што не може да се пробие. Па сепак, во овие земји денес се постигнати некои од најуспешните проповеднички резултати. Истото важи и за многу поранешни комунистички земји. Во 1993, крштевањето на 7.402 лица на еден когрес во Киев (Украина) е доказ за тоа.

10 Кои методи ги користеле Сведоците за да им ја соопштат добрата вест на своите ближни? Дали користеле материјални мамки за придобивање на преобратеници, како што наведувале некои? Дали ги посетувале само сиромашните и необразованите, како што тврделе други?

Успешни методи за пренесување на добрата вест

11. Каков одличен пример дал Исус со неговата служба? (Види Јован 4:6-26.)

11 Исус и неговите ученици дале пример којшто Сведоците и ден-денеска го следат во нивното дело на правење ученици. Исус одел секаде каде што имало луѓе, било да се тие богати или сиромашни — во домовите, на јавните места, на бреговите на езерата, по планините, па дури и во синагогите (Матеј 5:1, 2; 8:14; Марко 1:16; Лука 4:15).

12, 13. а) Како Павле дал пример за христијаните? б) Како Јеховините сведоци го следеле Павловиот пример?

12 Во врска со неговата служба, апостол Павле можел со право да рече: „Вие знаете дека од првиот ден, кога стапив во Азија, постојано бев со вас, служејќи Му на Господа . . . не пропуштив ништо полезно да не ви кажам и да не ве поучам пред народот и по куќите“ (Дела 20:18-20).

13 Јеховините сведоци се познати во целиот свет по тоа што го следат апостолскиот пример — службата од куќа до куќа. Наместо да се сосредоточат на скапа, површна и безлична ТВ служба, Сведоците одат кај луѓето, богати и сиромашни, и се среќаваат со нив лице в лице. Тие сакаат да разговараат за Бог и за неговата Реч.b Не се обидуваат да прават христијани за стомак и џеб, користејќи материјална милостина. На оние кои се спремни да расудуваат, им укажуваат дека единственото вистинско решение за проблемите на човештвото е владетелството на Божјето Царство, кое ќе ги измени приликите на нашата Земја на добро (Исаија 65:17, 21-25; 2. Петрово 3:13; Откровение 21:1-4).

14. а) Како мнозина мисионери и пионери поставиле солиден темел? б) Што учиме од искуството на Јеховините сведоци во Јапонија?

14 За да може делото да се врши во што е можно повеќе земји, мисионерите и пионерите го пробиле патот кај многу народи. Тие поставиле темел, а потоа локалните Сведоци го презеле водството. Затоа, не се неопходни голем број странски Сведоци за напредокот и добрата организација на проповедањето. Еден истакнат пример за тоа е Јапонија. При крајот на 1940-тите, таму главно оделе австралоазиски и британски мисионери, го учеле јазикот, се прилагодувале на донекаде примитивните услови во таа повоена ера и биле зафатени со сведочењето од куќа до куќа. Во текот на II Светска војна, Сведоците во Јапонија биле забранети и прогонувани. Затоа, мисионерите кои пристигнале нашле само грст активни јапонски Сведоци. Но денес тие бројат преку 187.000 во над 3.000 собранија! Која била тајната на нивниот почетен успех? Еден мисионер, кој преку 25 години служел таму, рекол: „Многу беше важно да научиме да разговараме со луѓето. Со нашето познавање на нивниот јазик бевме во можност да се идентификуваме со нив, да го разбереме и да го цениме нивниот начин на живот. Моравме да покажеме дека ги сакаме Јапонците. Понизно се трудевме да станеме дел од локалната заедница, се разбира, без да ги компромитираме нашите христијански вредности“.

И христијанското однесување е сведоштво

15. Како Сведоците покажале христијанско однесување?

15 Меѓутоа, луѓето не одговориле само на библиската порака. Тие виделе и христијанство на дело. Ја посматрале љубовта, хармонијата и единството на Сведоците дури и под најискушувачки ситуации, како што се граѓански војни, племенски борби и етнички непријателства. Сведоците задржале јасен став на христијанска неутралност во сите конфликти и ги исполниле Исусовите зборови: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:34, 35).

16. Кое искуство илустрира практична христијанска љубов?

16 Љубовта кон ближниот била илустрирана во случајот на еден постар човек, кој до локалниот весник напишал за „Г-н и г-ѓа Добродушни“. Објаснил дека неговите соседи биле љубезни кон него кога неговата сопруга била на умирање. „Откако таа почина . . . тие беа супер“, напишал. „Оттогаш ме ‚присвоија‘ . . . и ги вршат сите куќни работи и помагаат да се решат проблемите на еден 74-годишен пензионер. Она што го прави сево ова уште поневообичаено е тоа што тие се црнци, а јас белец. Тие се Јеховини сведоци, а јас повлечен католик.“

17. Кој начин на постапување треба да го избегнуваме?

17 Ова искуство илустрира дека можеме да дадеме сведоштво на многу начини, вклучувајќи го и нашето секојдневно однесување. Фактички, ако нашето однесување не е како Христовото, нашата служба би била фарисејска, без ефект. Ние не сакаме да бидеме како оние што ги опишал Исус: „Сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат“ (Матеј 22:37-39; 23:3).

Класата на робот ги обезбедува исправните орудија

18. Како библиската литература нѐ опремува во помагањето на искрените луѓе?

18 Друг битен фактор во проповедањето на добрата вест кај сите народи е расположливоста на библиска литература што ја произведува Watch Tower Bible and Tract Society. Имаме книги, брошури, трактати и списанија кои можат да го задоволат скоро секој искрен испитувач. Ако сретнеме муслиман, Хиндус, будист, таоист или Евреин, можеме да ја употребиме книгата Mankind’s Search for God или разновидни трактати и џепни брошури за започнување на разговор и евентуално, библиска студија. Ако некој еволуционист праша за создавањето, можеме да ја употребиме книгата Life—How Did It Get Here? By Evolution or by Creation? Ако некое младо лице праша: ‚Која е смислата на животот?‘, можеме да го упатиме на книгата Questions Young People Ask—Answers That Work. Ако некој е длабоко погоден од лични проблеми — депресија, истоштеност, силување, развод — имаме списанија кои на практичен начин зборуваат на овие теми. Вистина, класата на верниот роб за која Исус прорекол дека ќе обезбедува „навреме храна“, ја исполнува својата улога (Матеј 24:45-47).

19, 20. Како било забрзано делото на Царството во Албанија?

19 Но, за да се достигнат народите, неопходно е оваа литература да се произведува на многу јазици. Како е можно Библијата и библиската литература да се преведуваат на преку 200 јазици? Накратко да разгледаме еден пример, Албанија, кој ќе ни илустрира како класата на верниот и разумен роб е во состојба да ја унапредува добрата вест и покрај големите потешкотии, и како без современ Пентакост овозможува брз пристап до јазиците (Дела 2:1-11).

20 Само пред неколку години, Албанија сѐ уште се сметаше за единствената вистински атеистичка комунистичка земја. Списанието National Geographic во 1980 наведе: „Албанија забранува [религија], и во 1967 себеси се прогласи за ‚прва атеистичка земја во светот‘. . . . Новата албанска генерација знае само за атеизам“. Сега, кога комунизмот падна, Албанците кои ги увидуваат своите духовни потреби се одѕиваат на проповедањето што го вршат Јеховините сведоци. Во 1992 во Тирана беше формиран еден мал преведувачки тим составен од млади Сведоци кои знаат италијански и англиски. Оспособени браќа од други земји ги посетуваа и ги обучија да користат преносни компјутери за внесување текст на албански јазик. Почнаа со преведување на трактати и на списанието Стражарска кула. Додека стекнуваат искуство, тие работат на преведувањето на други вредни библиски публикации. Моментално во оваа мала земја (3.262.000 жители) има околу 200 активни Сведоци, а на Спомен-свеченоста во 1994 присуствуваа 1.984.

Секој од нас има одговорност

21. Во каков период живееме?

21 Светските настани достигнуваат кулминација. Со порастот на криминалот и насилството, колежот и силувањето во локалните војни, преовладувањето на лабавиот морал и неговите плодови во вид на сексуално преносливи болести, непочитувањето на законските власти, се чини дека светот станува анархичен, незауздан. Се наоѓаме во еден период кој може да се спореди со претпотопните времиња опишани во 1. Мојсеева: „И виде Господ дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое“ (1. Мојсеева 6:5, 6; Матеј 24:37-39).

22. Каква христијанска одговорност имаат сите Јеховини сведоци?

22 Исто како во деновите на Ное, Јехова ќе преземе акција. Но заради својата правда и љубов, тој сака оваа добра вест и предупредувачка порака најнапред да им се проповедаат на сите народи (Марко 13:10). Во овој поглед, Јеховините сведоци имаат одговорност — да ги пронајдат оние кои се достојни за Божјиот мир и да ги поучат за неговите патишта на мирот. Наскоро, во Божје одредено време, налогот за проповедање ќе биде успешно завршен. „Тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 10:12, 13; 24:14; 28:19, 20).

[Фусноти]

a За натамошни информации во врска со паганите, види ја темата „Народи“ во Insight on the Scriptures, том II, страници 472-474, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

b За практични предлози во врска со христијанската служба, види Стражарска кула од 1. декември 1984, стр. 19: „Како да се стане делотворен Божји слуга“, и стр. 23: „Делотворната служба на Бог води до повеќе ученици“.

Дали се сеќаваш?

◻ Каков успех имаат денешните Сведоци во нивната служба?

◻ Зошто многумина ја отфрлаат христијанската порака?

◻ Која апостолска метода на проповедање ја користат Сведоците?

◻ Кои средства за делотворна служба ги имаме?

◻ Што мора секој од нас да прави во склад со Марко 13:10?

[Рамка на страница 19]

ЗЕМЈА АКТИВНИ СВЕДОЦИ ВО 1943 ВО 1993

Аргентина 374 102.043

Бразил 430 366.297

Чиле 72 44.668

Колумбија ?? 60.854

Франција (II Светска војна - нема податоци) 122.254

Ирска 150? 4.224

Италија (II Светска војна - нема податоци) 201.440

Мексико 1.565 380.201

Перу (Нема податоци за активноста) 45.363

Филипини (II Светска војна - нема податоци) 116.576

Полска (II Светска војна - нема податоци) 113.551

Португалија (Нема податоци за активноста) 41.842

Шпанија (Нема податоци за активноста) 97.595

Уругвај 22 9.144

Венецуела (Нема податоци за активноста) 64.081

[Слика на страница 17]

Јеховините сведоци се во пораст во многу католички земји, како што е Шпанија

[Слики на страница 18]

Јеховините сведоци се активни меѓу народите по целата Земјина топка

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели