ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/5 стр. 31
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • На вечера кај Симон во Витанија
    Исус — патот, вистината и животот
  • Резбање алабастер — древниот занает на Волтера
    Разбудете се! 2003
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Во Витанија, во куќата на Симон
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/5 стр. 31

Дали сте знаеле?

Зошто било толку скапо мирисливото масло што го употребила Марија?

Неколку дена пред смртта на Исус, Марија, сестрата на Лазар, дошла „со алабастерно шишенце со скапоцено мирисливо масло, вистински нард“, и го излеала врз главата на Исус (Марко 14:3-5; Матеј 26:6, 7; Јован 12:3-5). Во евангелијата според Марко и Јован стои дека овој мирис чинел 300 денарии — отприлика колку што изнесувала едногодишна плата на просечен работник.

Од каде бил овој скап мирис? Се смета дека нардот што се спомнува во Библијата е екстракт од една мала миризлива билка (Nardostachys jatamansi) која расте на Хималаите. Скапиот нард честопати бил мешан со понеквалитетни состојки, а понекогаш дури и сосема го фалсификувале. Меѓутоа, и Марко и Јован го користат изразот „вистински нард“. Високата цена на ова мирисливо масло покажува дека најверојатно потекнувало од далечната Индија.

Зошто во извештајот на Марко пишува дека Марија ‚го скршила шишенцето од алабастер‘? Алабастерните шишенца обично се правеле со тесно грло што можело добро да се затвори за да не изветрее скапоцениот мирис. Во својата книга Откритија од времето на Исус (Discoveries From the Time of Jesus), Ален Милард вели: „Не е тешко да си замислиме како возбудената жена го крши [грлото на шишенцето] наместо да го отвори, и го излева целиот мирис наеднаш“. Ова објаснува зошто ‚куќата се исполнила со мирисот на маслото‘ (Јован 12:3). Тоа навистина бил многу скап, но и сосема соодветен подарок. Зошто? Со него оваа жена покажала колку му е благодарна на Исус што тој, кратко пред овој настан, го воскреснал нејзиниот мил брат Лазар (Јован 11:32-45).

Ерихон — еден или два града?

И Матеј, и Марко и Лука напишале дека Исус со чудо излекувал двајца луѓе во близина на Ерихон (Матеј 20:29-34; Марко 10:46-52; Лука 18:35-43). Матеј и Марко велат дека Исус го направил ова чудо кога ‚излегувал од‘ Ерихон. Но, Лука вели дека тоа се случило кога ‚се приближувал кон‘ Ерихон.

Дали во времето на Исус имало само еден град што се викал Ерихон или, пак, имало два града со тоа име? Во книгата Библијата во минатото и денес (Bible Then & Now) ни е даден следниов одговор: „Во времето кога бил пишуван Новиот завет, Ерихон бил повторно изграден на околу една милја (1,6 километри) јужно од стариот град. Таму Ирод Велики си изградил зимска палата“. Ова го потврдува и книгата Археологијата и библиската историја (Archaeology and Bible History), во која стои: „Во времето на Исус, Ерихон бил двоен град... Стариот еврејски град се наоѓал на околу една милја од римскиот град“.

Значи, Исус можеби го направил тоа чудо додека заминувал од еврејскиот град и се приближувал кон римскиот град, или обратно. Од ова јасно се гледа дека познавањето на околностите во времето кога биле пишувани библиските извештаи ни помага да ни се разјасни она што на прв поглед ни изгледа противречно.

[Слика на страница 31]

Алабастерно шишенце за мириси

[Извор на слика]

© Réunion des Musées Nationaux/Art Resource, NY

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели