Објавувај ја вистината за Исус
1 Помазаните христијани, потпомогнати од своите придружници, другите овци, „го имаат делото на сведочење за Исус“ (Откр. 12:17). Ова е важна задача зашто спасението е можно само преку него (Јован 17:3; Дела 4:12).
2 ,Патот, вистината и животот‘: „Јас сум патот и вистината и животот“, рекол Исус. „Никој не доаѓа кај Таткото освен преку мене“ (Јован 14:6). Само преку Исус, „патот“, можеме да му пристапиме на Бог во молитва и да имаме одобрен однос со него (Јован 15:16). Исус е „вистината“ на тој начин што пророштвата и сенките кои ги содржат Хебрејските списи се обистиниле на Него (Јован 1:17; Кол. 2:16, 17). Навистина, првенствена намера на вистинското пророштво е да фрли светло на неговата централна улога во исполнувањето на Божјата намера (Откр. 19:10). Освен тоа, Исус е „животот“. За да го добијат благословот на вечен живот, сите мора да практикуваат вера во неговата откупна жртва (Јован 3:16, 36; Евр. 2:9).
3 Глава и владејачки цар: Луѓето, исто така, мораат да ја признаат огромната извршна власт што Јехова му ја доверил на својот Син. Исус е востоличен како Цар на Божјето Царство — ‚нему му припаѓа послушноста на народите‘ (Бит. 49:10, NW). Освен тоа, Јехова го наименувал како Глава на собранието (Ефеш. 1:22, 23). Ние треба да им помогнеме на нашите библиски студенти да сфатат на кој начин Исус го надгледува собранието и како го користи „верниот и разборит роб“ за да обезбедува духовна „храна во право време“ (Мат. 24:45—47).
4 Милосрден Првосвештеник: Бидејќи како човек доживеал искушенија и страдање, Исус „може да им дојде на помош на оние кои се ставени на испит“ (Евр. 2:17, 18). Колкава само радост е за несовршените луѓе да дознаат дека Исус сочувствува со нивните слабости и љубезно се зазема за нив! (Рим. 8:34). На темел на Исусовата жртва и преку неговата служба на Првосвештеник, можеме да му пристапиме на Јехова со „слобода на говорот“ за да добиеме „помош во право време“ (Евр. 4:15, 16).
5 Нека нашите напори да ги запознаеме другите со вистината за Исус ги поттикнат да му бидат послушни и да му служат заедно со нас (Јован 14:15, 21).