ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/2 стр. 8-13
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Исус навистина живеел?
  • Кој бил всушност Исус?
  • Како можеш најдобро да учиш за Бог
  • Божјата љубов се видела во Исус
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Исус Христос — дали е испратен од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/2 стр. 8-13

Најголемиот човек кој некогаш живеел

„Ти си Христос, Синот на живиот Бог“ (МАТЕЈ 16:16).

1, 2. (а) Како би можела да се одреди големината на еден човек? (б) Кои луѓе во историјата биле наречени Велики и зошто?

ШТО мислиш, кој е најголемиот човек кој некогаш живеел? Како ја оценуваш ти големината на еден човек? По неговата воена генијалност? Неговите надмоќни умствени способности? Неговата физичка сила?

2 Разни владетели биле наречени Велики, како Кир Велики, Александар Велики и Карло кој бил наречен „Велики“ уште за време на својот живот. Со своето впечатливо присуство, таквите луѓе имале големо влијание врз оние над кои владееле.

3. (а) Со каков тест може да се измери големината на еден човек? (б) Користејќи таков тест, кој е најголемиот човек кој некогаш живеел?

3 Занимливо е како историчарот Х. Џ. Велс го опишал својот тест за мерење на големината на еден човек. Пред повеќе од 50 години тој напишал: „Тестот на историчарот за големината на еден поединец е: ‚Што оставил да расте? Дали ги поттикнал луѓето да размислуваат во нови насоки со енергија која траела по него?‘ Според овој тест“, заклучил Велс, „Исус е на прво место“. Дури и Наполеон Бонапарта навел: ”Исус Христос влијаел и им заповедал на Своите поданици без Своето видливо телесно присуство“.

4. (а) Какви спротивни гледишта постојат во врска со Исус? (б) Какво место во историјата му дава еден нехристијанин на Исус?

4 Сепак, некои приговараат дека Исус не е историска личност, туку мит. Друга крајност е дека многу луѓе го идолизирале Исус како Бог, тврдејќи дека Бог дошол на Земјата како Исус. Меѓутоа, своите заклучоци Велс ги темелел единствено на историскиот доказ во врска со Исусовото постоење како човек и напишал: „Интересно е и значајно што еден историчар, без никаква теолошка предрасуда, ќе открие дека не може чесно да го наслика напредокот на човештвото без да му даде првенствено место на сиромашниот учител од Назарет. (...) Еден историчар каков што сум јас, кој ниту се нарекува христијанин, открива дека сликата неизбежно се сосредоточува околу животот и личноста на овој најзначаен човек“.

Дали Исус навистина живеел?

5, 6. Што велат историчарите Х. Џ. Велс и Вил Дјурант во врска со историското значење на Исус?

5 Но што ако некој ти рече дека Исус никогаш вистински не живеел, дека всушност бил мит, замисла на некои луѓе од првиот век? Како би одговорил на тоа обвинение? Иако Велс признава дека „не знаеме за [Исус] онолку колку би сакале да знаеме“, тој сепак забележува: „Четирите Евангелија (...) се согласуваат во тоа што даваат слика на една многу одредена личност; тие носат убедлива реалност. Да се претпостави дека никогаш не живеел, дека извештаите за неговиот живот се измислени, е многу потешко и за историчарот создава повеќе проблеми отколу да се прифатат како факт суштинските елементи на евангелиските извештаи како факт“.

6 Почитуваниот историчар Вил Дјурант расудувал на сличен начин и објаснил: „Дека неколку едноставни луѓе [кои се нарекувале христијани] во една генерација би измислиле толку силна и впечатлива личност, толку возвишена етика и толку инспирирана визија за човечкото братство, би било далеку поневеројатно чудо од кое и да било чудо запишано во Евангелијата“.

7, 8. Во колкава мера Исус извршил влијание на човечката историја?

7 Според тоа, со еден таков скептик би можел да резонираш: Дали еден митски лик — личност која всушност никогаш не живеела — би можел да изврши толку извонредно влијание на човечката историја? Прирачникот The Historians’ History of the World (Историјата на историчарот на светот) забележал: „Историскиот резултат од [Исусовите] активности бил позначаен, дури и од строго светско гледиште, отколку делата на која и да е друга личност во историјата. Новата ера, препознатлива по водечките цивилизации на светот, датира од неговото раѓање“. Размисли за тоа. Дури и некои денешни календари се базираат на годината за која се смета дека во неа се родил Исус. „Датумите пред таа година се наведуваат како пр. Хр., или пред Христос“, објаснува The World Book Encyclopedia. „Датумите после таа година се наведуваат како А.Д., или ано Домини (во годината на нашиот Господ).“

8 Со своите енергични учења и со начинот на кој го водел својот живот во согласност со него, Исус извршил силно влијание врз животот на неброено мноштво луѓе во текот на скоро две илјади години. Како што еден писател соодветно се изразил: „Сите војски кои некогаш марширале, и сите бродови кои некогаш биле изградени, и сите парламенти кои некогаш заседавале, сите кралеви кои некогаш владееле, сите тие заедно не извршиле толку силно влијание врз животот на човекот на Земјата“. Сепак, критичарите велат: ‚Сѐ што навистина знаеме за Исус се наоѓа во Библијата. Не постојат ниедни други записи за него од тоа време‘. Сепак, дали тоа е вистина?

9, 10. (а) Што рекле за Исус раните световни историчари и писатели? (б) Што заклучува една почитувана енциклопедија на темел на сведоштвото на раните историчари?

9 Иако записите за Исус Христос од раните светски историчари се оскудни, такви записи сепак постојат. Корнелиј Тацит, уважен римски историчар од првиот век, напишал дека римскиот император Нерон ‚вината за запалувањето на Рим ја ставил на христијаните‘, а потоа Тацит објаснил: „Името [христијанин] е изведено од Христос, кого прокураторот Понтиј Пилат го погубил за време на владеењето на Тибериј“. Светониј и Плиниј Помладиот, други римски писатели од тоа време, исто така зборувале за Христос. Понатаму, Јосиф Флавиј, еврејски историчар од првиот век, во Еврејски старини пишувал за смртта на христијанскиот ученик Јаков. Јосиф рекол во објаснувањето дека Јаков бил „братот на Исус, наречен Христос“.

10 Според тоа, The New Encyclopædia Britannica заклучува: „Овие независни историски извештаи докажуваат дека во старите времиња дури и противниците на христијанството никогаш не се сомневале во историското значење на Исус, кое за првпат беше оспорувано, а на неадекватни основи, кон крајот на 18., за време на 19., и на почетокот од 20. век“.

Кој бил всушност Исус?

11. (а) Во суштина, кој е единствениот извор на историски информации за Исус? (б) Кое прашање му го поставиле самите следбеници на Исус за неговиот идентитет?

11 Сепак, сето она што денес воглавно се знае за Исус, било забележано од неговите следбеници од првиот век. Нивните извештаи се зачувани во Евангелијата — библиски книги напишани од двајца негови апостоли, Матеј и Јован, и од двајца негови ученици, Марко и Лука. Што откриваат извештаите на тие мажи во врска со идентитетот на Исус? Кој бил тој всушност? Исусовите придружници од првиот век размислувале за тоа прашање. Кога виделе како Исус со прекор го смирува разбрануваното море, зачудено се запрашале: „Кој е, пак, Овој?“ Подоцна, во една прилика Исус ги прашал своите апостоли: „Што мислите кој сум јас?“ (Марко 4:41; Матеј 16:15, ДК).

12. Како знаеме дека Исус не е Бог?

12 Како би одговорил ти кога некој би ти го поставил тоа прашање? Навистина, кој бил Исус? Се разбира, многумина од христијанството би рекле дека тој бил Семоќен Бог во човечки облик, отелотворен Бог. Сепак, личните придружници на Исус никогаш не верувале дека тој бил Бог. Апостол Петар го нарекол „Христос, Синот на живиот Бог“ (Матеј 16:16). И колку и да истражуваш, никогаш нема да прочиташ дека Исус тврдел дека е Бог. Наместо тоа, на Евреите им рекол дека е „Син Божји“, а не Бог (Јован 10:36).

13. Како бил Исус поинаков од сите други луѓе?

13 Кога Исус одел по разбранувано море, учениците биле импресионирани од фактот што не бил како ниеден друг човек (Јован 6:18-21). Бил многу посебна личност. Тоа било поради тоа што претходно живеел како духовна личност со Бог на небото, да, како ангел, во Библијата идентификуван како архангелот (1. Солуњанима 4:16, Ст; Јуда 9). Бог го создал Него пред да ги создаде сите други работи (Колосјаните 1:15, NW). Според тоа, неброени векови, дури и пред да биде создадена материјалната вселена, Исус се радувал на блиското дружење на небото со својот Татко, Јехова Бог, Величествениот Творец (Соломонови изреки 8:22, 27-31; Проповедник 12:1).

14. Како Исус постанал човек?

14 Тогаш, пред скоро две илјади години, Бог го преместил животот на својот Син во утробата на една жена. На тој начин станал човечки Божји син, роден на вообичаен начин преку жена (Галатјаните 4:4). Додека Исус се развивал во утробата на својата мајка, Марија, и подоцна кога растел како момче, бил зависен од оние коишто Бог ги избрал да му бидат земски родители. Конечно, Исус достигнал зрелост и очигледно дека му било дадено сеќавање за неговата претходна блискост со Бог на небото. Тоа се случило ‚кога Му се отвориле небесата‘ при неговото крштение (Матеј 3:16; Иван 8:23; 17:5, Ст).

15. Како знаеме дека Исус бил потполно човек кога живеел на Земјата?

15 Вистина дека Исус бил единствена личност. Сепак, тој бил човек, еднаков на Адам, кого Бог првобитно го создал и го поставил во еденската градина. Апостол Павле објаснил: „,Првиот човек Адам постана жива душа.‘ Последниот Адам постана животодаен дух“. Исус е наречен „последниот Адам“ бидејќи како и првобитниот Адам, Исус бил совршен човек. Но откако умрел, Исус бил воскреснат, и му се придружил на својот Татко на небото како духовна личност (1. Коринтјаните 15:45, NW).

Како можеш најдобро да учиш за Бог

16. (а) Зошто дружењето со Исус било таква предност? (б) Зошто можело да се каже дека: да се види Исус било исто што и да се види Бог?

16 За момент размисли за прекрасната предност што некои ја уживале како лични другари на Исус кога тој бил на Земјата! Замисли си да го слушаш, и да разговараш, да го набљудуваш и дури да работиш со Оној кој поминал можеби илјадници милиони години како близок пријател на Јехова Бог на небото! Како верен син, Исус го имитирал својот небесен Татко во сѐ што правел. Всушност, Исус го имитирал својот Татко толку совршено што на своите апостоли непосредно пред своето погубување можел да им каже: „Оној кој мене ме видел, го видел и Таткото“ (Јован 14:9, 10, NW). Да, во секоја ситуација со која се среќавал овде на Земјата, Исус правел токму онака како што неговиот Татко, Семоќниот Бог, би направил кога Тој би бил овде. На тој начин, кога го проучуваме животот и службата на Исус Христос, ние всушност учиме каква личност е Бог.

17. За каква прекрасна цел служеше серијата „Животот и службата на Исус“ во Стражарска кула?

17 Според тоа, серијата „Животот и службата на Исус“, која излегуваше во последователни изданија на Стражарска кула од април 1985 до јуни 1991, не само што даде прекрасна слика на човекот Исус, туку и во голема мера поучуваше за неговиот небесен Татко, Јехова Бог. После првите два дела, еден слуга пионер напишал до Друштвото Стражарска кула во знак на благодарност: „Има ли подобар начин да се приближиш поблиску до Таткото отколку подобро да го запознаеш Синот!“ Колку е тоа вистинито! Татковата нежна грижа за луѓето и неговото големо срце се увеличени преку животот на Синот.

18. Кој е Авторот на пораката за Царството, и како Исус го признал тоа?

18 Навистина е прекрасно да се набљудува Исусовата љубов кон својот Татко, која била покажана преку неговата потполна подложност на Татковата волја. „Ништо не правам Сам од Себе“, им рекол Исус на Евреите кои сакале да го убијат, „туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам“ (Јован 8:28). Затоа, Исус не бил авторот на пораката за Царството што ја проповедал. Тоа бил Јехова Бог! А Исус секогаш одново му оддавал заслуга на својот Татко. „Јас Сам од Себе не зборувам“, рекол тој, „но Отецот, Кој Ме прати, Он Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. (...) А она што зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот“ (Јован 12:49, 50).

19. (а) Како знаеме дека Исус поучувал на начин како што Јехова поучува? (б) Зошто бил Исус најголемиот човек кој некогаш живеел?

19 Сепак, Исус не само што зборувал и поучувал за она што Таткото му го кажал, туку правел многу повеќе. Го зборувал и го научувал на начин на кој Таткото би го зборувал и би го поучувал. Уште повеќе, во сите негови активности и односи се однесувал и постапувал токму онака како што Таткото би се однесувал и би постапувал под истите околности. „Синот не може ништо да прави само од себе“, објаснил Исус, „туку само она што гледа дека Таткото го прави. Зашто сѐ што прави Тој, тоа прави и Синот на сличен начин“ (Јован 5:19, NW). Во секој поглед, Исус бил совршен одраз на својот Татко, Јехова Бог. Затоа не е ни чудно што Исус бил најголемиот човек кој некогаш живеел! Тогаш, секако дека е од животоважно значење одблизу да го разгледаме овој многу значаен човек!

Божјата љубов се видела во Исус

20. Како можел апостол Јован да знае дека „Бог е љубов“?

20 Што особено учиме ако направиме длабоко, внимателно проучување на животот и службата на Исус? Апостол Јован признал дека „Бога никој никогаш не Го видел“ (Јован 1:18). Сепак, Јован напишал со потполна увереност во 1. Јованово 4:8: „Бог е љубов“. Јован можел да го каже тоа бидејќи ја познавал Божјата љубов преку она што го видел во Исус.

21. Што го направило Исус најголемиот човек кој некогаш живеел?

21 Како Таткото, Исус бил сочувствителен, љубезен, понизен и пристаплив. Слабите и подјармените се чувствувале угодно со него, како и луѓето од сите видови — мажи, жени, деца, богати, сиромашни, моќни, дури и познати грешници. Всушност, Исусовиот особено ненадминлив пример на љубов, како имитација на неговиот Татко, е она што го направило најголем човек кој некогаш живеел. Дури и Наполеон Бонапарта наводно рекол: „Александар, Цезар, Карло Велики и јас основавме империи, но на што ги положивме творбите на нашата генијалност? На сила. Само Исус Христос го основал своето Царство на љубов, и ден денес милиони луѓе би умреле за него“.

22. Што било револуционерно во врска со Исусовите учења?

22 Исусовите учења биле револуционерни. „Не се противите на злото“, поттикнувал Исус, „Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот“. „Љубете ги непријателите свои, (...) молете се за оние што ве навредуваат и гонат.“ ‚Правете им го и вие она што сакате вам да ви го прават‘ (Матеј 5:39, 44; 7:12). Колку светот би бил поинаков кога сите би ги применувале овие возвишени учења!

23. Што направил Исус за да ги допре срцата и ги мотивира луѓето да прават добро?

23 Исусовите споредби или илустрации допирале до срцата и ги мотивирале луѓето да прават добро и да го избегнуваат злото. Можеби се сеќаваш на добро познатата приказна за презрениот Самарјанин кој му помогнал на еден ранет човек од друг народ кога навидум побожните луѓе од народот на тој човек не сакале да му помогнат. Или приказната за сочувствителниот татко кој простувал и неговиот изгубен син. Или онаа за царот кој на робот му простил долг од 60 милиони динарии, а робот се променил и фрлил в затвор еден друг роб затоа што овој не можел да му плати долг од само 100 динарии? Со едноставни споредби, Исус ги направил делата на себичност и алчност одвратни, а делата на љубов и милосрдност толку привлечни! (Матеј 18:23-35; Лука 10:30-37; 15:11-32).

24. Зошто можеме да кажеме дека Исус без сомнение бил најголемиот човек кој некогаш живеел?

24 Меѓутоа, она што особено ги привлекло луѓето кон Исус и извршило добро влијание на нив, било тоа што неговиот живот совршено бил во склад со она што го учел. Го спроведувал на дело тоа што го проповедал. Стрпливо ги поднесувал недостатоците на другите. Кога неговите ученици се расправале околу тоа кој е најголем, тој љубезно ги поправил наместо грубо да ги искара. Тој понизно им служел на потребите на другите, дури им ги миел нозете (Марко 9:30-37; 10:35-45; Лука 22:24-27; Јован 13:5). Конечно, спремно поднел болна смрт, не само во нивна корист, туку во корист на целото човештво! Без сомнение, Исус бил најголемиот човек кој некогаш живеел.

Како би одговорил?

◻ Каков доказ постои дека Исус бил вистинска личност од историјата?

◻ Како знаеме дека Исус бил човек, но како бил поинаков од сите други луѓе?

◻ Зошто проучувањето на Исусовиот живот е најдобриот начин да се учи за Бог?

◻ Што можеме да научиме за Божјата љубов преку проучувањето за Исус?

[Слика на страница 10]

Исусовите апостоли зачудено се запрашале: „Кој е, пак, Овој“?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели