ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/98 стр. 1
  • Можеме да правиме поголеми дела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеме да правиме поголеми дела
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • „Одете и правете ученици“
    „Појди по мене!“
  • „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Зафатени со мртви дела или во Јеховина служба?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Нашата служба за Царството 1998
km 9/98 стр. 1

Можеме да правиме поголеми дела

1 Службата на Исус Христос ја карактеризирале извонредни дела. Преку чудо тој нахранил илјадници, излечил многумина и воскреснал некои од мртвите (Мат. 8:1—17; 14:14—21; Јован 11:38—44). Неговата активност го пленила вниманието на цела една нација. Сепак, последната вечер пред својата смрт, на верните следбеници им рекол: „Кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши“ (Јован 14:12). Како можеме да правиме „поголеми“ дела?

2 Обработувајќи поголемо подрачје: Исусовото подрачје на дејствување било ограничено на Палестина, додека на неговите рани ученици им рекол да сведочат „до крајот на земјата“, многу подалеку од местото каде што проповедал самиот Исус (Дела 1:8). Проповедничкото дело што го започнал тој, сега е глобално и опфаќа 232 земји (Мат. 24:14). Дали ти имаш потполно учество во обработувањето на подрачјето што му е доделено на твоето собрание?

3 Достигнувајќи повеќе луѓе: Исус оставил зад себе релативно малку ученици за да го продолжат проповедничкото дело. Меѓутоа, како резултат на нивното ревносно сведочење на Педесетница 33 н. е., оние кои ја прифатиле вистината и се крстиле тој ден достигнале број од околу три илјади души (Дела 2:1—11, 37—41). Собирањето на оние кои биле „исправно настроени за вечен живот“ продолжува во нашево време, кога се крштаваат во просек по повеќе од 1.000 лица секој ден (Дела 13:48, NW). Правиш ли сѐ што можеш за да ги достигнеш луѓето кои се со искрени срца секаде каде што можат да се најдат и го проследуваш ли интересот колку што е можно поскоро?

4 Проповедајќи многу подолго: Исусовата земна служба била ограничена на три и пол години. Повеќето од нас сме проповедале подолго од тоа. Без оглед на тоа колку долго ќе ни биде допуштено да го продолжиме ова дело, со благодарност ќе му помогнеме на секој нов ученик да започне да оди по патот кој води во живот (Мат. 7:14). Дали секој месец ти си изобилно вработен во делото на Господарот? (1. Кор. 15:58).

5 Можеме да бидеме уверени дека со поддршката од Исус, ќе правиме уште поголеми дела како негови вистински ученици (Мат. 28:19, 20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели