ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јеховиниот дух го води неговиот народ
    Стражарска кула 1992 | 15 Септември
    • Како помага духот

      9. а) Како светиот дух служи како „помошник“? б) Како знаеме дека светиот дух не е личност? (Види фуснота.)

      9 Исус Христос го нарекол светиот дух „помошник“. На пример, на своите следбеници им рекол: „Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител [помошник, NW], за да биде со вас довека, Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, оти не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде“. Меѓу другото, тој „помошник“ ќе биде учител, зашто Исус ветил: „Утешителот [помошникот, NW], пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомни за сѐ што сум ви зборувал“. Исто така, духот требало да сведочи за Христос, а пак, тој, им дал гаранција на своите ученици велејќи: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот [помошникот, NW] нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам“ (Јован 14:16, 17, 26; 15:26; 16:7).a

      10. На кои начини светиот дух се покажал како помошник?

      10 Од небото, Исус го излил ветениот свет дух над своите следбеници на денот Пентакост 33 н. е. (Дела на св. апостоли 1:4, 5; 2:1-11). Како помошник, духот им дал зголемено разбирање за Божјата волја и намера и им ја отворил неговата пророчка Реч (1. Коринтјаните 2:10-16; Колосјаните 1:9, 10; Евреите 9:8-10). Тој помошник исто така ги ополномоштил Исусовите ученици да бидат сведоци по целата Земја (Лука 24:49; Дела на св. апостоли 1:8; Ефесјаните 3:5, 6). Денес, светиот дух може да му помогне на предадниот христијанин да расте во спознанието ако ги користи духовните подготовки кои Бог ги направил преку „верниот и разумен роб“ (Матеј 24:45-47, NW). Божјиот дух може да пружа помош така што ќе ги обезбеди потребната храброст и сила за некој да даде сведоштво како еден од Јеховините слуги (Матеј 10:19, 20; Дела на св. апостоли 4:29-31). Меѓутоа, светиот дух му помага на Божјиот народ и на други начини.

  • Јеховиниот дух го води неговиот народ
    Стражарска кула 1992 | 15 Септември
    • a Иако е персонифициран како „помошник“, светиот дух не е личност, зашто за духот е употребена грчка заменка од среден род (преведена со „тоа“). Еврејските заменки во женски род на сличен начин се употребени за персонифицирана мудрост (Соломонови изреки 1:20-33; 8:1-36). Освен тоа, светиот дух бил ‚излиен‘, што не може да биде направено со некоја личност (Дела на св. апостоли 2:33).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели