ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Што значи да се биде неутрален?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Лекција 45. Една млада сестра стои со почит за време на една заклетва за верност кон државата, но таа не ја повторува заклетвата и не ја држи раката на срцето како останатите ученици.

      ЛЕКЦИЈА 45

      Што значи да се биде неутрален?

      Исус поучувал дека неговите следбеници не треба да бидат „дел од светот“ (Јован 15:19). Меѓу другото, во тоа е вклучено да бидеме неутрални, односно да не заземаме страни во војните и во политичките случувања во светот. Сепак, не е секогаш лесно да бидеме неутрални. Луѓето можат да нѐ исмејуваат поради тоа. Како може да бидеме неутрални и да му останеме верни на Јехова?

      1. Како вистинските христијани гледаат на државните власти?

      Христијаните ги почитуваат државните власти. Со тоа што ги почитуваме законите на државата, како што се законите поврзани со плаќањето даноци, ние сме послушни на зборовите на Исус: „Вратете му го цезаревото на цезарот“ (Марко 12:17). Од Библијата дознаваме дека човечките влади постојат само затоа што Јехова го дозволува тоа (Римјаните 13:1). Според тоа, јасно е дека тие имаат ограничен авторитет. Ние знаеме дека Бог и неговото Царство ќе ги решат проблемите на човештвото.

      2. Како може да покажеме дека сме неутрални?

      Исто како Исус, и ние не се мешаме во политика (Јован 6:15). Кога луѓето виделе едно од неговите чуда и сакале да го направат цар, тој не им дозволил. Зошто постапил така? Одговорот го наоѓаме во зборовите што ги кажал: „Моето царство не е дел од овој свет“ (Јован 18:36). Како ученици на Исус, ние покажуваме дека сме неутрални на многу начини. На пример, не одиме во војна. (Прочитај Михеј 4:3.) Ние ги почитуваме државните симболи, како што е знамето, но не ги величаме бидејќи тоа би било чин на обожавање (1. Јованово 5:21). Исто така, ниту поддржуваме ниту сме против некоја политичка партија или политички кандидат. На овие и на други начини, покажуваме дека сме потполно верни на Божјата влада, односно Божјето Царство.

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе разгледаме некои ситуации во кои нашата неутралност може да биде ставена на испит и ќе видиме како може да носиме одлуки со кои ќе го радуваме Јехова.

      Еден човек останува неутрален. Тој не обрнува внимание на различните политички кандидати кои зборуваат пред насобраниот народ.

      3. Вистинските христијани се неутрални

      Исус и неговите ученици ни дале пример кој треба да го следиме. Прочитај Римјаните 13:1, 5-7 и 1. Петрово 2:13, 14. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следниве прашања:

      ВИДЕОКЛИП: Вистинските христијани се неутрални — прв дел (4:28)

      • Зошто треба да ги почитуваме државните власти?

      • На кои начини покажуваме дека го почитуваме нивниот авторитет?

      Кога има војна, некои држави можеби тврдат дека се неутрални, но им помагаат на завојуваните страни. Дали тоа е навистина неутралност? Прочитај Јован 17:16. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Вистинските христијани се неутрални — втор дел (3:11)

      • Што значи да се биде неутрален?

      Што ако државните власти бараат од нас да направиме нешто што е спротивно на Божјиот закон? Прочитај Дела 5:28, 29. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следниве прашања:

      ВИДЕОКЛИП: Вистинските христијани се неутрални — трет дел (1:18)

      • Ако во некоја ситуација човечките закони се косат со Божјите, чии закони треба да ги слушаме?

      • Можеш ли да се сетиш на некои ситуации во кои вистинските христијани не треба да ги слушаат човечките власти?

      4. Биди неутрален дури и во мислите

      Прочитај 1. Јованово 5:21. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следниве прашања:

      ВИДЕОКЛИП: Зошто на вистинските христијани им треба храброст... да бидат неутрални (2:50)

      • Зошто Ојенге одлучил да не се приклучи на политичката партија и да не учествува во државни церемонии, како што е поздравување на знамето?

      • Што мислиш, дали донел мудри одлуки?

      Во кои други ситуации нашата неутралност може да биде ставена на испит? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

      ВИДЕОКЛИП: Поуки од Стражарска кула — остани неутрален во овој разединет свет (5:16)

      • Како може да останеме неутрални кога има меѓународни спортски натпреварувања?

      • Како може да останеме неутрални дури и ако одлуките на политичарите директно влијаат врз нас?

      • Како она што го дознаваме од медиумите или од луѓето со кои сме во контакт може да влијае врз нашата неутралност?

      Слики: 1. Група гневни луѓе држат транспаренти и протестираат. 2. Еден човек држи знаме и навива на спортски натпревар. 3. Еден ученик повторува заклетва за верност. 4. Еден војник држи автоматска пушка. 5. Политичка дебата на двајца кандидати. 6. Една жена става гласачко ливче во кутија.

      На кои полиња христијаните мора да останат неутрални — и со своите постапки и во своите мисли?

      АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто не го поздравуваш знамето и не ја пееш химната?“

      • Што би му одговорил?

      ШТО НАУЧИ:

      Христијаните вложуваат голем труд да бидат политички неутрални со своите зборови и постапки, како и во своите мисли.

      Како би одговорил?

      • Каков став треба да имаме кон државните власти?

      • Зошто сме политички неутрални?

      • Во кои ситуации нашата неутралност може да биде ставена на испит?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Кои жртви можеби ќе треба да ги направиме за да останеме неутрални?

      Јехова никогаш не нѐ остави (3:14)

      Што можат да направат семејствата за однапред да се подготват за некои ситуации во кои може да им биде предизвик да останат неутрални?

      Како да ја задржиш својата неутралност на јавни настани (4:25)

      Некои мислат дека најголемата чест што можеш да ја имаш е да ја браниш својата земја. Но, дали е навистина така?

      „За Бог сѐ е возможно“ (5:19)

      Дознај како со твоите одлуки во врска со вработувањето можеш да покажеш дека не си дел од светот.

      „Секој ќе го носи својот сопствен товар“ (Стражарска кула од 15 март 2006)

  • Можеш да останеш верен кога доживуваш прогонство
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Порано или подоцна, сите христијани ќе се соочат со противење, па дури и со прогонство. Дали треба да бидеме загрижени поради тоа?

      1. Од каде знаеме дека ќе бидеме прогонувани?

      Библијата јасно кажува: „Сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани“ (2. Тимотеј 3:12). Исус бил прогонуван бидејќи не бил дел од светот на Сатана. И ние не сме дел од светот и затоа не сме изненадени ако државните власти или верските организации нѐ прогонуваат (Јован 15:18, 19).

      2. Како може да се подготвиме за прогонство?

      Треба уште денес да си ја зајакнуваме нашата доверба во Јехова. Одвојувај си време секој ден да му се молиш и да читаш од неговата Реч. Редовно присуствувај на собраниските состаноци. Овие работи ќе те зајакнат за да можеш да покажеш храброст кога ќе се соочиш со прогонство, дури и ако тоа доаѓа од членовите на твоето семејство. Апостол Павле, кој често доживувал прогонство, напишал: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам“ (Евреите 13:6).

      Може да станеме похрабри и со тоа што редовно ќе проповедаме. Кога проповедаме, учиме да покажуваме доверба во Јехова и да немаме страв од луѓе (Изреки 29:25). Ако уште сега храбро проповедаш, ќе можеш спремно да го правиш тоа дури и ако властите го забранат нашето проповедничко дело (1. Солуњаните 2:2).

      3. Како ни користи тоа што истрајуваме кога доживуваме прогонство?

      Се разбира, ние не сакаме да бидеме прогонувани. Но, кога му остануваме верни на Јехова и покрај прогонството, нашата вера се зајакнува. Освен тоа, стануваме поблиски со Јехова бидејќи гледаме дека тој ни помага кога не можеме да продолжиме понатаму со свои сили. (Прочитај Јаков 1:2-4.) Јехова доживува болка кога страдаме, но се радува кога гледа дека истрајуваме. Во Библијата пишува: „Ако трпите затоа што правите добро, и стрпливо го поднесувате тоа, тоа му се допаѓа на Бог“ (1. Петрово 2:20). Ако останеме верни, Бог ќе ни подари вечен живот во новиот свет. Тогаш сите ќе му служат на Јехова и нема да доживуваат никакво противење (Матеј 24:13)

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе дознаеш како може да му останеме верни на Јехова кога доживуваме прогонство и како тој ќе нѐ награди.

      Една девојка оди на својот библиски курс и покрај тоа што нејзините родители ѝ се противат.

      4. Ти можеш да го издржиш противењето од семејството

      Исус отворено кажал дека некои од семејството можеби ќе ни се противат ако одлучиме да му служиме на Јехова. Прочитај Матеј 10:34-36, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како можеби ќе реагира семејството ако некој одлучи да му служи на Јехова?

      Колку силно може да биде противењето? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Јехова нѐ прифати (5:13)

      • Што ќе направиш ако некој од семејството или некој пријател сака да те одврати од тоа да му служиш на Јехова?

      Прочитај Псалм 27:10 и Марко 10:29, 30. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

      • Како може да ти помогне ова ветување ако ти се противи некој близок?

      5. Не дозволувај прогонството да те спречи да му служиш на Јехова

      Потребна е храброст да му служиме на Јехова кога другите се обидуваат да нѐ спречат во тоа. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Храбри и покрај прогонството (6:27)

      • Што посебно те охрабри од овој видеоклип?

      Прочитај Дела 5:27-29 и Евреите 10:24, 25. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

      • Зошто е важно да продолжиме да го обожаваме Јехова дури и ако властите ни забранат да проповедаме или да се состануваме?

      6. Јехова ќе ти помогне да му останеш верен

      Низ целиот свет има многу Јеховини сведоци — и помлади и постари — кои биле прогонувани, но му останале верни на Јехова. Што им помогнало? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Јехова Бог ќе ме зајакне (3:40)

      • Што им помогнало на овие Јеховини сведоци да истраат?

      Прочитај Римјаните 8:35, 37-39 и Филипјаните 4:13. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

      • Како овие зборови те уверуваат дека ќе можеш да истраеш сеедно со каков испит ќе се соочиш?

      Прочитај Матеј 5:10-12, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто можеш да бидеш среќен дури и ако доживуваш прогонство?

      Јеховини сведоци од поново време кои остануваат верни иако доживуваат прогонство и се ставани во затвор.

      Милиони слуги на Јехова му остануваат верни и покрај прогонството. И ти можеш да бидеш како нив!

      НЕКОИ ВЕЛАТ: „Јас не би можел да издржам прогонство“.

      • Кои стихови би можеле да охрабрат едно такво лице?

      ШТО НАУЧИ:

      Јехова многу цени кога вложуваме труд за да му служиме верно и покрај прогонството. Со негова помош, можеме да истраеме!

      Како би одговорил?

      • Зошто христијаните треба да очекуваат да бидат прогонувани?

      • Како можеш уште денес да се подготвиш за прогонство?

      • Што може да те увери дека ќе можеш верно да му служиш на Јехова сеедно со каков испит ќе се соочиш?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Како Јехова му помогнал на еден млад брат да истрае кога бил во затвор поради својата неутралност?

      Истрајуваме и покрај прогонството (2:36)

      Дознај што му помогнало на еден брачен пар да му служи верно на Јехова со години и покрај противењето.

      Му служевме на Јехова во време на промени (7:14)

      Прочитај што може да ти помогне храбро да се соочиш со прогонство.

      „Подготви се за прогонство уште сега“ (Стражарска кула од јули 2019)

      Што ако ти се противи некој од семејството? Што можеш да направиш за да му останеш верен на Јехова?

      „Вистината не носи ’мир, туку меч‘“ (Стражарска кула од октомври 2017)

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели