ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Научи лекција од Никодим
    Стражарска кула 2002 | 1 Февруари
    • Само шест месеци откако Исус ја почнува својата земна служба, Никодим признава дека Исус ‚како учител е дојден од Бог‘. Импресиониран од чудата кои Исус штотуку ги направил во Ерусалим на Пасхата 30 н.е., Никодим доаѓа, под закрилата на темнината, за да признае дека верува во Исус и да научи повеќе за овој учител. Притоа, Исус му кажува на Никодим една длабока вистина за потребата да се биде ‚повторно роден‘ за да се влезе во Божјето Царство. Во таа прилика, Исус ги кажува и овие зборови: „Бог толку многу го љубеше светот што го даде својот единороден Син за секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:1—16).

      Каков само прекрасен изглед стои пред Никодим! Тој може да стане близок соработник на Исус, со можност од прва рака да биде сведок на различните аспекти од Исусовиот живот на Земјата. Како владетел на Евреите и учител во Израел, Никодим има добро спознание за Божјата реч. Исто така, има длабок увид, кој се гледа по тоа што го препознал Исус како учител испратен од Бог. Никодим е заинтересиран за духовните работи, и е необично понизен. Колку мора да е тешко за еден член на врховниот суд на Евреите да го признае синот на еден дрводелец како човек испратен од Бог! Сите тие особини се непроценливи за да се стане ученик на Исус.

  • Научи лекција од Никодим
    Стражарска кула 2002 | 1 Февруари
    • Пред сѐ, Јован истакнал дека еврејскиот владетел ‚дошол [кај Исус] ноќе‘ (Јован 3:2). Еден библиски изучувач тврди: „Никодим не дошол ноќе од страв туку за да избегне мноштвата да го попречуваат неговиот разговор со Исус“. Сепак, Јован укажал на Никодим како на „човекот кој првиот пат беше дошол кај [Исус] ноќе“ во истиот контекст во кој го спомнал Јосиф од Ариматеја како „Исусов ученик, но таен, поради стравот од Евреите“ (Јован 19:38, 39). Според тоа, веројатно Никодим доаѓал кај Исус под закрилата на темнината поради „стравот од Евреите“, исто како што и други во негово време се плашеле да имаат некаква врска со Исус (Јован 7:13).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели