ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/4 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Луѓето што пишувале за Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Луѓе неуки и обични“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Оние што станале ученици на Исус
    Учи од Големиот Учител
  • Што значело да се биде ученик на Христос
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/4 стр. 31

Прашања од читателите

◼ Во Јован 18:15 се споменува ученикот кој му бил познат на првосвештеникот. Дали е тоа истиот ученик кој порано побегнал ”гол“, како што се известува во Марко 14:51, 52?

Не, изгледа дека лицето кое му било познато на првосвештеникот бил апостол Јован, додека Марко бил ученикот кој побегнал ”гол“.

Ставајќи ги овие извештаи во временски редослед, почнуваме од Гетсеманската градина. Апостолите се исплашиле кога Исус Христос бил уапсен. ”Сите го напуштија и побегнаа.“ Следниот стих од извештајот на Марко дава еден контраст: ”Но еден извесен младич, кој носеше облека од фино платно на гола снага, почна да го следи одблизу; и сакаа да го фатат, но ја остави својата ленена облека зад себе и побегна гол“ (Марко 14:50-52, NW).

Поради тоа, првиот одговор на 11-те апостоли е спореден со оној од овој неименуван ученик, па е логично да се заклучи дека тоа не бил еден од апостолите. Овој настан е запишан само во Евангелието кое е запишано од раниот ученик Јован Марко, братучед на Барнаба. Затоа, постои причина да се мисли дека Марко бил ”оној младич“ кој почнал да го следи уапсениот Исус, но кој побегнал без својата горна облека кога толпата се обидела да го фати и него (Дела на апостолите 4:36; 12:12, 25; Колосјаните 4:10).

На друго место истата ноќ, апостол Петар исто така го следел Исуса, на безбедна оддалеченост. Во таа смисла постои сличност; младиот ученик (Марко) почнал да го следи Исус но запрел, додека подоцна двајца од апостолите кои побегнале, почнале да го следат својот уапсен Учител. Во Евангелието од апостол Јован читаме: ”Сега Симон Петар и еден друг ученик го следеа Исус. Овој ученик му беше познат на првосвештеникот, и тој влезе со Исус во дворот на првосвештеникот“ (Јован 18:15, NW).

Апостолот Јован го употребува името ”Јован“ во врска со Јован Крстител, но никогаш не се споменува самиот себе по име. На пример, тој пишува за ”ученикот кој дал сведоштво за овие работи и кој ги запишал овие работи“. Слично на тоа: ”Оној кој го виде ова, даде сведоштво, и неговото сведоштво е вистинито, и тој знае дека ја зборува вистината“ (Јован 19:35; 21:24, NW). Забележи исто така Јован 13:23: ”На градите на Исус лежеше еден од неговите ученици, а Исус го љубеше“. Тоа било кратко пред Исусовото апсење. Истиот ден подоцна распнатиот Исус избрал еден ученик, кого Јован го споменува со слични зборови: ”А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка си: Жено, ете ти син!“ (Јован 19:26, 27; спореди Јован 21:7, 20).

Истото обележје да не се споменува себеси, се гледа и во Јован 18:15. Освен тоа, Јован и Петар се поврзани во извештајот за воскресението по смртта во Јован 20:2-8. Овие знаци укажуваат дека апостолот Јован бил ”оној ученик кој му бил познат на првосвештеникот“. Библијата не дава позадински информации за тоа откаде галилејскиот апостол (Јован) го знаел и бил познаван од првосвештеникот. Но неговото познанство со слугите на првосвештеникот му овозможило на Јован да помине покрај вратарот во дворот и да му помогне на Петар да влезе и тој.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели